Википедија:Археоекспедиции

„Археоекспедиции“

„Археоекспедиции“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за археолошките наоѓалишта и наоѓалишта, и нивните особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.

Критериуми за избор на област

уреди

Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на три критериуми:

  • доделен статус на археолошко наоѓалиште од капитално значење од страна на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија;
  • број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
  • број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.

Список на археоекспедиции

уреди

Во текот на 2015 година се организирани две експедиции, со кои се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:

  1. Бонче и Висока; и
  2. Општина Чашка.

Во текот на 2016 година е организирана една експедиција, со која се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:

  1. Тауресиум и Бадеријана;
  2. Марково Крувче; и
  3. Транупара (Коњух).

Во текот на 2019 година е организирана една поголема експедиција и неколку помали, со која се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:

  1. Аударист; и
  2. Помали експедиции кај наоѓалиштата Девини Кули, Бадеријана, Тауресиум, Давина Кула, Марков Град.

Во текот на 2021 година е организирана една експедиција, со која се опфатени следните области и археолошки наоѓалишта:

  1. Демиркаписко: Просек, Рамниште, Црквиште, Варници.

Во текот на 2022 година се организирани две експедиции, со која се опфатени следните области и археолошки наоѓалишта:

  1. Неготинско: Градиште (Неготино), Јака Чешма - Црквар (Тремник), Романов Гроб (Тремник), Чаир - Градиште (Тремник) и Градиште (Војшанци).
  2. Охрид: Караѓулевци, Видобишта.
  3. Светиниколско: Алин Дол (Немањица), Ветрен (Немањица), Вреж (Немањица), Градиште (Немањици), Зелена Чукарка (Немањица), Јокуш (Немањици), Мишевска Воденица (Немањица), Црквиште (Немањици), и Градиште (Мечкуевци).

Поврзано

уреди