Википедија:Археоекспедиции 2021

„Археоекспедиции“

Во текот на 2021 година е организиранa една археоекспедициja, со кои се опфатени следните области:

  1. Демиркаписко — еднодневна експедиција.

Одржани експедиции

уреди

Демиркаписко

уреди
 
Членовите на експедицијата.

На 10 јуни 2021 година, беше посетен пределот околу градот Демир Капија. Вкупно учесници беа четворица: два членови од Споделено знаење (Dandarmkd и Иван Ж), 44martin88 кој е фотограф и учесник на повеќе активности на Споделено знаење, и дотогаш магистерот по археологија, Орданче Петров, кој ни служеше како ментор и водич. Прво археолошко наоѓалиште што беше посетено беше Кале - Стрезов Град, кое археолошки се тврди дека е средновековниот град-тврдина Просек. Самото наоѓалиште се наоѓа на карпата, висока на врвот, околу 220 метри, каде се пристапува само пеш. Оваа карпа ја обликува Демиркаписката Клисура. Поради важноста и сложеноста на местото, ова наоѓалиште беше најмногу фотографирано. Додека бевме на врвот на карпата, археологот ни посочи каде се наоѓа наоѓалиштето Рамниште кое што беше фотографирано од далеку поради неговата тешка пристапност. Откако се симнавме од Просек, го посетивме наоѓалиштето Црквиште кое се наоѓа на периферијата на Демир Капија. Таму постоела средновековна црква и на површината беше положен камен натпис и камена резба. Одејќи по патот како за на кај селото Клисура, застанавме кај тунелот, пробиен од германската војска во Првата светска војна, каде сè уште стои посветата по повод на неговото пробивање. Таму во непосредна близина се наоѓа наоѓалиштето Варници кое исто така беше фотографирано. Мора да се истакне дека на оваа експедиција, освен археолошки работи, беа фотографирани и/или уредени статии на Википедија за нешта што биле во непосредна близина на нас. Таквите слики спаѓаат во албумот на овие археоекспедиции, и покриените статии се овде наведени.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Просек — археолошко наоѓалиште на средновековен град   подобрена статија
2. Рамниште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба од железното и хеленистичкото време.   подобрена статија
3. Црквиште — археолошко наоѓалиште на старохристијанска базилика со некропола и средновековна црква со некропола   подобрена статија
4. Варници — населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола   подобрена статија
5. Челевечка Река — река што непосредно тече покрај Просек, притоа и негов извор на вода нова статија
6. Челевец — село во близина на Просек подобрена статија
7. Демир Капија — градот во кој се наоѓаат неколкуте наоѓалишта   подобрена статија
8. Автопат А1 — автопат кој минува под карпата на која се наоѓа Просек   подобрена статија
9. Регионален пат 1102 — регионален пат кој минува покрај карпата на која се наоѓа Просек   подобрена статија

Поврзано

уреди