Википедија:Археоекспедиции 2022

„Археоекспедиции“

Во текот на 2022 година се организирани две археоекспедициja, со кои се опфатени следните области:

  1. Неготинско — еднодневна експедиција; и
  2. Охрид — еднодневна експедиција.

Одржани експедиции

уреди

Неготинско

уреди
 
Членовите на експедицијата.

На 14 мај, во времетраење на целокупната експедиција од 08:00 до 16:00 часот, беше посетено Неготинско. Четири лица: Dandarmkd, археолог д-р Орданче Петров, StefanNiki123 и Кристијан Шутевски ги посетија населените места Неготино, Тремник и Војшанци и нивните археолошки наоѓалишта. Најпрво беше посетено наоѓалиштето Градиште кое се наоѓа на еден рид северно од Неготино, односно пред самиот влез пред гратчето. Следно на агендата беше да се посети селото Тремник. Првото посетено наоѓалиште беше Јака Чешма - Црквар. Тоа се наоѓа на југоисточниот раб на селото и е поделено на две целини - Јака Чешма која е самата чешма и римскиот аквадукт и е спроти селската црква „Св. Троица“, и Црквар која се наоѓа во дворот на црквата односно точно помеѓу црквата и гробиштата. Потоа бевме на некрополата и поранешната сакрална градба Романов/Орманков Гроб кој се наоѓа на 275 метри западно од селската чешма. На крај во Тремник ја посетивме утврдената населба Чаир - Градиште која на север од селото. Оттаму, се упативме кон Војшанци и го посетивме тамошното Градиште. Мора да се истакне дека на оваа експедиција, освен археолошки работи, беа фотографирани и/или уредени статии на Википедија за нешта што биле во непосредна близина на нас како што се тамошниот тек на реката Вардар, мостовите во Пепелиште и Војшанци, црквата во Тремник, ТЕЦ „Неготино“, панорами на Неготино, Пепелиште, Тремник и Војшанци.

На 1 (4 подобрени статии), 3 (1 подобрена статија) и 6 јуни (1 подобрена статија), како и на 23 септември (статии) беа направени уредувачки потфати за статии поврзани со фотографираните поими.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Јака Чешма - Црквар — археолошко наоѓалиште на римски аквадукт, сакрална градба од римско време и некропола од римско време и среден век.   подобрена статија
2. Романов/Орманков Гроб — археолошко наоѓалиште на некропола и сакрална градба од античко време.   подобрена статија
3. Градиште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба од хеленистичко и римско време.   подобрена статија
4. Маркова Нога — населба од доцноантичко време подобрена статија
5. Градиште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба од предхеленистичко, хеленистичко и римско време.   подобрена статија
6. Чаир - Градиште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба и некропола од старохристијанско време.   подобрена статија
7. Тремник — неготинско село.   подобрена статија
8. Црква „Св. Троица“ - Тремник — црква во Тремник.   подобрена статија
9. Пепелиште — неготинско село.   подобрена статија
10. Неготино — град.   подобрена статија
11. ТЕЦ „Неготино“ — термоелектрана.   подобрена статија
12. Вардар — река.   подобрена статија
13. Војшанци — неготинско село.   подобрена статија

Охрид

уреди

На 29 август, во времетраење на целокупната експедиција од 11:00 до 16:00 часот, беше посетен Охрид. Две лица: Dandarmkd и соучесник ги посетија археолошките наоѓалишта Караѓулевци и Видобишта кои воедно се прогласени и за споменици на културата. Најпрво беше посетена гробницата Караѓулевци кое се наоѓа веднаш на северозапад од Античкиот театар. Следно на агендата беше да се посети гробницата Видобишта која се наоѓа во истоимената населба во североисточниот дел на градот.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Караѓулевци — археолошко наоѓалиште на гробница од древномакедонско време.   подобрена статија
2. Видобишта — археолошко наоѓалиште на гробница од римско време.   подобрена статија

Немањици и Мечкуевци

уреди

На 28 ноември, во времетраење на целокупната експедиција од 09:00 до 15:00 часот, беа посетени атарите на светиниколските села Немањици и Мечкуевци. Две лица: Dandarmkd и археологот Александар Нацев ги посетија археолошките наоѓалишта Алин Дол, Ветрен, Вреж, Градиште, Зелена Чукарка, Јокуш, Мишевска Воденица, Црквиште во Немањици и Градиште во Мечкуевци. Најпрво беше посетено Вреж кое се наоѓа веднаш покрај патот што ги поврзува Свети Николе со Немањици. Следно беше да се посети високото Градиште која се наоѓа во истоимениот рид. Трето беше Ветрен кое е на падините на Градиште. Потоа рутата одеше кон езерото Мавровица каде ги посетивме Алин Дол и Мишевска Воденица. Североисточно од езерото, едно спроти друго се Зелена Чукарка и Јокуш. Осмото посетено место беше Црквиште. Остана на крај мечкуевското наоѓалиште Градиште кое е источно од селото. Освен археолошки фотографии, беше фотографирано и непосредното езеро Мавровица. 71 фотографија беше закачена на Ризницата.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Алин Дол — археолошко наоѓалиште на населба од младото камено време и античкоримското време.   подобрена статија
2. Ветрен — археолошко наоѓалиште на некропола од железно време.   подобрена статија
3. Вреж — археолошко наоѓалиште на населба од младото камено време.   подобрена статија
4. Градиште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба од железно време.   подобрена статија
5. Зелена Чукарка — археолошко наоѓалиште на населба и некропола од античкоримско време.   подобрена статија
6. Јокуш — археолошко наоѓалиште на некропола од античкоримско време.   подобрена статија
7. Мишевска Воденица — археолошко наоѓалиште на вила рустика од античкоримско време.   подобрена статија
8. Црквиште — археолошко наоѓалиште на населба и некропола од античкоримско време.   подобрена статија
9. Градиште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба од железното време, хеленистичкото време и римското време.   подобрена статија
10. Мавровица — вештачко езеро.   подобрена статија

Поврзано

уреди