Википедија:Археоекспедиции 2016

„Археоекспедиции“

Во текот на 2016 година се организирани три археоекспедиции, со која се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:

  1. Тауресиум и Бадеријана — еднодневна експедиција во еден дел;
  2. Марково Крувче — еднодневна експедиција во еден дел; и
  3. Транупара (Коњух) — еднодневна експедиција во еден дел.

Одржани експедиции

уреди

Тауресиум и Бадеријана

уреди
 
Фотографија од учесниците на локалитетот Тауресиум
 
Фотографија од учесниците на локалитетот Тауресиум

Првата археоекспедиција во 2016 година била одржана на 5 март (сабота), при што биле посетени два блиски археолошки наоѓалишта со огромно значење за историјата. Наоѓалиштата биле „Бадеријана“ и Тауресиум“ во непосредна близина на истоимените села Бадар и Таор, во близина на градот Скопје. Членовите на експедицијата, составена од Македонец, Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Petrovskyz, се упатила утрината со автомобил кон двете одредишта.

Експедицијата е од исклучително значење особено поради посетата на локалитетот „Бадеријана“ за кој во научната и општата јавност во Македонија се знае малку и воопшто не беше илустриран, поради која беше и главната причина за негова посета. Овој локалитет претходно беше посетен во истражувачки поход, една недела претходно, од страна на членовите Македонец и Ehrlich91, за да точно се утврди неговата местоположба. Посетата на локалитетот „Тауресиум“ беше со цел обновување на неговите фотографии, нивниот квалитет и бројност.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Бадеријана — археолошко наоѓалиште на древен антички и средновековен (римски и византиски) град   нова статија
2. Тауресиум — археолошко наоѓалиште на древен антички и средновековен (римски и византиски) град   подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на археоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Марково Крувче

уреди

Втората експедиција за 2016 година се одржала на 13 октомври, кога Македонец, сам се упатил кон остатоците и ископините на средновековната тврдина од типот збег Маркови Кули во месноста Марково Крувче на источниот крај на падината на планината Водно над Скопје. Не местото биле направени бројни слики не само до главните ѕидини на тврдината кои беа неодамна истражувани, туку и повеќе други остатоци од ѕидини и темели во внатрешноста на наоѓалиштето, кои се тешко забележливи поради обранатост со трева и растенија. Со прикачените слики значително е збогатена постојната статија која претходно содржела само слики од рачно направени скици на ѕидините и објектите во тврдината

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Маркови Кули (Водно) — археолошко наоѓалиште на средновековна тврдина од типот збег   подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на археоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Транупара (Коњух)

уреди
 
Учесниците на експедицијата кај остатоците од кружната црква-ротонда

Третата експедиција за 2016 година се одржала на 26 октомври, кога Македонец и Иван Ж се упатиле кон пределот во околината на селото Коњух во Кратовско, при што го посетиле археолошкото наоѓалиште Големо Градиште, кое со своите 17 хектари површина е најголемиот и досега најдобро истражен град од 6 век во североисточниот дел на Македонија, поради што се претпоставува дека тоа е местото каде што се наоѓал античкиот римски град Транупара обележан во познатата римска карта Појтингерова табла.

Експедицијата е од исклучително значење особено поради посетата на овој локалитетот кој содржи многу бројни значајни, занимливи и знаменити пронајдоци како како големи утврдени објекти, базилика, кружна-црква ротонда, акропола, ранохристијанска црква за кои во научната и општата јавност во Македонија се знае малку и воопшто не се илустриран, поради која беше и главната причина за негова посета.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Големо Градиште — археолошко наоѓалиште на утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век   подобрена статија
2. Транупара — древен антички римски град кој се претпоставува дека се наоѓал на местото на ова археолошко наоѓалиште   нова статија
3. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Коњух — стара раносредновековна црква која се наоѓа на археолошкото наоѓалиште   нова статија
4. Црква „Св. Јован Крстител“ - Коњух — црква изградена на местото на старата кружна ротонда во ова археолошко наоѓалиште   нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на археоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди