Википедија:Археоекспедиции 2019
Во текот на 2019 година се организирани три археоекспедиции, со кои се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:
- Аударист — дводневна експедиција во еден дел; и
- Давина Кула — еднодневна експедиција во еден дел.
Одржани експедиции
уредиПрвата експедиција беше одржана во средината на месецот април, односно на 17 јуни, при што заедно со професорот д-р Виктор Лилчиќ - Адамсен, врвен македонски археолог и 2 студенти по археологија на Филозофскиот факултет беа посетени ископините на древниот римски град Аударист, средновековниот град Девол во археолошкото наоѓалиште Градиште кај селото Дреново, Кавадаречко. Професорот Лилчиќ - Адамсен направија и теренски мерења за убикација и исцртување на границите на древниот град. Втората експедиција е извршена на 31 мај, откако Марио Шаревски со велосипед се упатил и го пронашол наоѓалиштето Давина Кула на крајната западна падина на Скопска Црна Гора над клисурата на Лепенец. Третата експедиција е извршена на 20 октомври, кога Марио Шаревски и Дарко Стојчески го посетиле наоѓалиштето Девини Кули во близината на селото Девич во областа Порече. Остварени се посети и на археолошките наоѓалишта Бадеријана и Тауресиум за сликање на нови наоди на 10 март и Марков Град на 11 октомври.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Аударист — археолошко наоѓалиште на антички и средновековен римски град | нова статија | |
2. | Давина Кула — археолошко наоѓалиште на доцноантичка тврдина | подобрена статија | |
3. | Девини Кули — археолошко наоѓалиште на доцноантичка тврдина | подобрена статија | |
4. | Девичка Црква — средновековна црква во урнатини | нова статија | |
5. | Марков Град — средновековна тврдина и збег | подобрена статија | |
6. | Бадеријана — археолошко наоѓалиште на антички град | подобрена статија | |
7. | Тауресиум — археолошко наоѓалиште на антички град | подобрена статија | |
8. | Питос — антички сад | подобрена статија |