Википедија:Барања за администраторски статус/Тиверополник
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (13/0/0); Закажано да заврши во 22:11, 16 април 2010 (UTC)
Тиверополник (разговор • придонеси) – Тиверополник (разговор) 22:11, 9 април 2010 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:Ја прифаќам номинацијата.
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О: :Пред сè би продолжил со истото темпо со кое работев како досега. Како обичен корисник често пати имав потреба од администраторски статус, главно поради бришење на некои вандализирани или непоимливи статии. Освен тоа би помогал на новите или неискусните корисници при нивното уредување и ќе им сугерирам како полесно да се запознаат со начинот на кој што функционира Википедија.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О:Како корисник најголем интерес имам за историјата, религијата и политиката. На македонската википедија имам создадено голем број на статии. Дел од нив на неколку пати биле избрани на Главната страница и во Инкубаторот. Често пати учествувам во википроектите кои ги создаваат дел од администраторите. Ова најмногу се однесува за пишувањето на нови статии.
- 3. Колку често ги отворате скорешните промени?
- О: Скорешните промени ги отварам секогаш за темите кои ме интересираат. Доколку се направи некоја промена од страна на некој нов корисник, истото го разгледувам. Доколку станам администратор, мојата обврска ќе се зголеми, со што ќе ги контролирам сите промени кои се прават.
- 4. Дали сте присуствувале на некоја Вики средба досега? Ако не, зошто?
- О: Не, за жал главно поради терминот кој никако да се совпадне со моите посакувања:(
- 5. Дали лично познавате некој од другите корисници на Википедија?
- О: Лично не познавам можеби никого но често пати сум бил во контакт со дел од администраторите и корисниците.
- 6. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О:Мислам дека не сум стапил во неразрешлив конфликт со никого досега. Нормално, сме дискутирале за различни полемики со поголем број на корисници, но според мене сè се одвивало во најдобар ред.
Општи коментари
уреди- Врски за Тиверополник: Тиверополник (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уреди- - се сложувам со наведеното од Бојан за бирократи. Потребни ни се најмалку 3 нови бирократи. --Никола Стоіаноски 22:40, 9 април 2010 (UTC)
- Прашања до кандидатот:
1 Дали до сега кога сте сметале дека имало потреба од бришење на некоја статија сте се обратиле до некој од постоечките администратори и тој не ја завршил таа работа од неоправдани причини?
- О:Обично, кога сметам дека некоја статија треба да се избрише го ставам шаблонот за бришење, по кое некој од администраторите ја брише статијата. Засега немам такво искуство од администратор кој не ми завршил некаква работа.
2 Дали до сега сте предупредиле некој корисник за неговото вандалско однесување, кога и каде?
- О:Можеби скоро никогаш не сум предупредил никој корисник околу наводниот негов вандализам бидејќи тоа го правеле администраторите, но на неколку пати сум се обраќал кај некој од администраторите за да презеде некој чекор и за заклучување на одредена статија поради постојаното вандализирање од страна на еден ист корисник. Такви се статиите за Киро Глигоров или Зоран Заев на пример.
3 На кој начин би им помагале на новите или неискусни корисници при нивното уредување а при тоа неопходен би бил администраторски статус?
- О:Како обичен корисник на неколку уредувачи сум им давал по неколку совети како полесно и правилно да работат со Википедијата. Мислам дека нема да има некоја голема разлика доколку станам администратор, туку само ќе имам дополнителен потик за да им помагам на новите или неискусните уредувачи. Барем досега, во најголемите случаи, администраторите беа оние кои им даваа најголема помош на истите.
4 Дали до сега сте дале придонес и во други проекти на Викимедија и кои?
- О:Не, досега немам искуство во другите проекти на Викимедија.
5 Дали до сега активно сте учествувале во други проекти поврзани со слободен софтвер и слободни содржини, во која мера, каде и кога?
- О:Не, целосно сум посветен само на пишување на нови или квалитетни статии на Википедија.
6 Дали планирате да земете активно учество во работата на Викимедија Македонија и на кој начин?
- О:За ова прашање лично не сум размислувал, но на неколку пати сум кажал дека може да бидам искористен на начин на кој што посакува Викимедија Македонија.
За
уреди- - со гооолемо задоволство да.--Никола Стоіаноски 22:18, 9 април 2010 (UTC)
- -- dav(разговор) 22:29, 9 април 2010 (UTC)
- - овој корисник, морам да признаам, е еден од исклучителните на Википедија на македонски јазик. Исто така, ја користам приликата да нагласам дека оваа Вики-заедница има потреба од нови администратори - бирократи. -- Бојан имаш за кажување? 22:35, 9 април 2010 (UTC)
- Со своите бројни уредувања и со своите придонеси, корисникот стана симбол за активноста на Википедија на македонски јазик. Уверен сум дека длабоко е навлезен во суштината и основата на Википедија и се надевам дека и понатаму ќе продолжи во ист стил како администратор.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 9 април 2010 (UTC)
- - Како што посочи Кирил, Тиверполник е навлезен во суштината на Википедија. Тоа, заедно со неговата активност и посветеност, е доказ дека тој ја заслужува функцијата. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:28, 10 април 2010 (UTC)
- - Безрезервно За --Wikimk (разговор) 08:00, 10 април 2010 (UTC)
- --Макс(разговор) 11:25, 10 април 2010 (UTC) Направи толку многу односно работи толку забележително што заслужува да биде администратор.
- --Р ашо 15:38, 10 април 2010 (UTC) Најактивниот косрисник на википедија заслужува да ги има и администраторските права.
- --brest (разговор) 09:29, 11 април 2010 (UTC)
- --Милош (разговор) 10:33, 11 април 2010 (UTC)
- --Еден Македонец ? (разговор) 16:28, 11 април 2010 (UTC)
- --FlavrSavr (разговор) 22:22, 11 април 2010 (UTC)
- --Ajax (разговор) 16:39, 16 април 2010 (UTC)
Против
уредиВоздржани
уреди
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.