Еврејско востание против Ираклиј
Еврејското востание против византискиот цар Ираклиј претставува последен обид на Евреите да се спротивстават на римското владеење над Јудеја, претворена од Римјаните во римска провинција Палестина. Востанието претставува дел од Византиско-ерсиската војна која се водела од 602 до 628 година.
Еврејско востание против Ираклиј | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-персиска војна (602-628) | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Византија | Персија, Jewish allies |
||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Emperor Ираклиј | Шахрабаз | ||||||||
Сила | |||||||||
Византија
| Персија
|
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
непознато | непознато |
Заднина
уредиПо разрушувањето на Вториот храм и зазимањето на Ерусалим од страна на римскиот цар Тит, евреите започнале прикриена борба против новите освојувачи на Јудеја, Римското Царство. Резултатите на Евреите не биле охрабрувачки. По Миланскиот едикт, христијанството се наметнало од Константин Велики за официјална религија во империјата, а Евреите постепено биле пзолирани од црквата.
Откако во 476 година Западната Римското Царство престанала да постои поради силата на варварските (главно германски) напаѓачи во времето на Големата преселба на народите, Источната Римското Царство постепено го зацврстила своето институтоционално постоење и го наметнала авторитетот и легитимноста над останатиот постримски свет. Според познатиот истражувач на оваа нова империја, Ѓорги Острогорски, римската државна традиција, еленистичката култура и христијанската религија се претвориле во "трите китови", т.е. во една своевидна геополитичка државна "Света Троица" на новото време односно на средниот век.
Најголем подем на овој јавен процес настапило во времето на управувањето на императорот Јустинијан. Враќањето на старата римска борбена слава преку освојувањата на славниот војсководец и генерал Велизариј, изградбата на вселенската патријаршиската црква "Света Софија", основањето на познатата Магнаурска школа придонеле транзиција од античкиот во средниот век.
Во исто време, во времето на Јустинијан бил издаден Јустинијанов кодекс во 531 година. Самиот император преку кодексот јасно им дал на знаење на евреите дека од нив се очекува да оддадат почит кон секој нов император и папа. Во кодексот исто така се забранило на оние кои верувале во еврејските суеверија на кривоверците, на манихејците и самарјаните, да сведочат против христијаните. Исто така им било забрането да ги прошируваат постојните синагоги, а на Евреите им било забрането да влегуваат во локалните власти.
На самиот почеток на 7 век во Источната Римското Царство настапиле сериозни турбуленции и трансформации. Во 602 година бил убиен императорот Маврикиј, кое го означило и крајот на Јустинијановата династија. Во периодот од 604 до 608 година, Евреите во Сирија и особено во Антиохија започнале да го убиваат грчкото население на покраината. Во 610 година Ираклиј го означил почетокот на владеењето на Ираклиевата династија. Истата година, Персија започнала војна против Византија за зазимање на Палестина.
Текот на бунтот
уредиВо почетокот на 7 век, евреите биле 1/10 од населението на Палестина. Во судирот меѓу Персија и Византија, тие застанале на страна на Персијците, правејќи обид да ја отфрлат омразената римска власт. Претходно, еврејското население во Византија било на неколкупати протерувано. Византиската религиозна пропаганда разбила силни анти-еврејски елементи[2]: lxiii, 195[3]: 81–83, 790–791[4] .Во Византиско-персиските војни, евреите секогаш застанувале на страната на Персија.[5]: 122. По еврејските прогони во Антиохија во 608 година, во 610 избувнало востание кое многу бргу било задушено. Како одмазда, евреите во Тир биле масакрирани.
Еден одред од еврејски бунтовници го убиле патријархот на Антиохија, а друг започнал немири во Тир. Според Евтихиј (887-940), Евреите започнале експедиција кон Тир [6]. Во овој напад биле собрани еврејски војници од Ерусалим, Тибериј, Галилеја, Дамаск, па дури и од Кипар. Бројот на еврејските жители на градот бил околу 4,000, кои дополнително помогнале на масакрот врз христијаните кој се случил на Велигден. Според некои извори, еврејската армија броела околу 20.000 војници. Евреите испеале да разрушат неколку цркви околу градот при нивната неуспешна експедиција. Кога христијаните го вратиле градот, како одмазда убиле 2,000 евреи.
Евреите од Тиберијада, предводени од Венијамин, ги помагале Сасанидите во нивните обиди да завладеат со Кесарија, а како ветување добиле самоупорава на Јудеја[5]. Во 614 година, Персијците го освоиле светиот Ерусалим[7]. Од градот бил украден Светиот крст, кој бил однесен во Ктезифон, додека управувањето било предадено на еврејскиот бунтовнички водач Венијамин.
Овој сојуз со Персијците траел до 617 година кога Персија го одзела управувањето на Ерусалим од евреите[2]: 208[8].
Крај на востанието
уредиВо 622 година, византискиот цар започнал војна со Персија со цел да си ги врати изгубените територии. Во 628 година склучил мир со Персија, додека моштите и светите реликви од Ерусалим биле вратени на Византија. Кога влегол триумфално во Ерусалим, неочекувано византискиот цар објавил амнестија на сите евреи кои учествувале во бунтот.
Наводи
уреди- ↑ James Parkes (1949). A history of Palestine from 135 A.D. to modern times. Victor Gollancz.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 2,0 2,1 R. W. THOMSON Historical commentary by JAMES HOWARD-JOHNSTON Assistance from TIM GREENWOOD. (1999). The Armenian History Attributed to Sebeos. Liverpool University Press. Посетено на 17 January 2014.
- ↑ Robert Bonfil, Oded Ishai, Guy G. Stroumsa, Rina Talgam, уред. (2012). Jews in Byzantium: Dialectics of Minority and Majority Cultures. Hotei Publishing the Netherlands. Посетено на 17 January 2014.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ J. D. Howard-Johnston (2006). East Rome, Sasanian Persia and the End of Antiquity: Historiographical and Historical Studies. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 124–125, 142. Посетено на 14 March 2014.
- ↑ 5,0 5,1 Jacob Neusner (1970). a history of the jews in babylonia v. later sasanian times. Brill Archive. Посетено на 11 March 2014.
- ↑ Eutychius (1896). Eucherius about certain holy places: The library of the Palestine Pilgrims' Text Society. Committee of the Palestine Exploration Fund in London. Посетено на 28 January 2015.
- ↑ Haim Hillel Ben-Sasson (1976). A History of the Jewish People. Harvard University Press. стр. 362. Посетено на 19 January 2014.
- ↑ Avner Falk (1996). A Psychoanalytic History of the Jews. Fairleigh Dickinson Univ Press. стр. 353–354. Посетено на 2014-03-10.