Вера Ќосевска, родена Вера Ротман (27 март 192918 август 2024) — македонски архитект.

Вера Ќосевска
Портрет на Вера Ќосевска
Роден(а)27 март 1929
Осиек, Кралство Југославија (денес Хрватска)
Починал(а)18 август 2024
Скопје, Македонија
НационалностСловенка

Родена е на 27 март 1929 г. во Осиек, Хрватска. Ќерка е на Јелка и Стјепан Ротман со потекло од Ротман, Словенија, а сопруга на Владимир Ќосевски, дипл. инж. арх. Живее со семејството на синот Стевчо Ќосевски.

Со архитектура и градежништво се запознава уште во детството. Вујко и (брат на мајка и Јелка) бил инженер-архитект, кој живеел во Загреб, но градел многу објекти во Осијек. Таа често одела со него на градилиште каде гледала како мајсторите работат.

Кога требала да одлучи за својата идна професија, немало дилема – се одлучила за Архиттектура.

Животопис

уреди

Основно образование завршила во Осијек, а гимназија учела во Загреб и Белград, каде положила матура во јуни 1948 година. Во септември 1948 г. се запишала на Архитектонски Факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала на 25 јуни 1953 г. со одличен успех, во класата на професор арх. Станко Клиска, со проект: Болница за костнозглобна ТБЦ во Калиште на Охридското Езеро.

По дипломирањето со сопругот доаѓа во Македонија и на 1 август 1953 г. се вработила во проектантското биро на Македонија “Проектант” во Скопје.

Во 1954 г. со сопругот го оформиле првото проектантско биро при Општинското Собрание во Охрид. Работела и во секторот за урбанизам и архитектура во Собранието на скопската околија. Од 1959-1961 работи во проектантско претпријатие “Агропроект” во Скопје, од каде преминала во ООЗТ “Пелагонијапроект”, кое било оформено по спојувањето на “Проектант” и ГРО “Пелагонија”. Тука работела сè до пензионирањето.

На 30 јуни 1959 г. положила државен стручен испит со кои ги стекнала овластувањата за проектирање и за градба на објекти од сите области на високоградбата.

Во текот на професионалната активност ги поминала сите стручни скалила:

од 1 ноември 1979 г. до пензионирањето на 27 март 1989 година

Од 1974 – 1978 г. одржан е циклус од три советувања за станбена изградба во Белград, Сплит и Опатија, каде ги презентира своите искуства за станбената изградба во Македонија.

Стручни престои во странство

уреди

Завршени проекти во текот на професионалниот работен период

уреди

Во својот професионален работен век работела проекти од скоро сите области на архитектонското проектирање. Изработила приближно 150 проекти од кои 103 се реализирани, а 48 проекти не се реализирале од разни причини.

Наводи на изработени проекти

уреди

Реонска рударска населба на кос терен во Пробиштип – 1953 година

  • - Предлог урбанистички план за Општина Чаир во Скопје – 1955 година

Хотели

  • - “Панорама” во Радовиш – 1976 г. проектиран, (изграден 1980 г.)
  • - “Југо”(сегашна Аполонија) во Гевгелија – 1977г. проектиран, (изгр.1982год.)
  • - “Еуротел” во Дојран – 1981 г. проектиран, (не е реализиран)

Театри

  • - “Театар на народностите”(сега Албански театар) на Битпазар во Скопје (со арх. Љ.Маленкова) – 1969-1970 проектиран, (изграден 1971-1972 г.)
  • - “Културен дом” во Гевгелија (театар, градска библиотека и работнички универзитет) – 1986 година – идеен проект

Судски згради и општински собранија

  • - Судска зграда во Охрид – 1961год. проектирана, (изградена 1962 година)
  • - Општинско Собрание во Валандово – 1980 г. проектирано, (изградено во 1982 година)
  • - Општинско Собрание во Гевгелија – 1972-1973 година, изработен идеен и главен проект, (не е реализирано)
  • - Општинско Собрание во Штип – 1975 година, идеен проект

Здравствени објекти

  • - Школска Поликлиника во Скопје -1954 г. идеен и главен пр.(не е реализиран)
  • - Здравствен дом во Струмица – 1963г. проектиран, (изграден 1964 година)
  • - Здравствен дом во Валандово – 1982 г. проектиран, (изграден 1984 г.)
  • - Болница во Куманово – 1963-1964 г. проектирана, (изградена 1965 г.)
  • - Болница во Штип – 1966-67 година проектирана, (не е реализирана)
  • - Болница во Струмица – 1967 г. проектирана, (изградена 1973 година)
  • - Гинекологија – Чаир во Скопје – 1966 г. проектирана, (изградена 1967г.)

Училишни и специјални објекти

  • - Стоматолошки факултет во Скопје – 1960 година идеен проект
  • - Педагошка Академија (сегаше Факултет за рударство) во Штип, со арх. Љ. Маленкова 1966 проектирана, (изградена 1967 година)
  • - Училиште со интернат во Гњилане – Косово – 1960 г. идеен проект
  • -Противпожарен дом во Скопје– 1967 г.проектиран, (изграден 1972год)

Полициски и воени објекти

  • - V полициска станица “Гази Баба”- Автокоманда во Скопје–1985 година проектирана,

(изградена 1986 година)

  • - VI полициска станица“Ѓорче Петров”Скопје–1985-86 идеен и главен проект, (не е изградена)
  • - “Воена Команда” во Куманово – 1988 проектирана, (изградена 1989 г.)

Административни, трговски и комбинирани објекти

  • - Комплекс “Пазариште” во Велес – 1960 година – идеен проект
  • - “Водна заедница” во Гевгелија– 1962 г. проектирана, (изградена 1963 г.)
  • - Стоковна куќа во Косовска Каменица – 1961 година – идеен проект
  • - Стоковна куќа во Куманово– 1975-76 г.проект.(изградено 1978-1982г)
  • -Стоковна куќа “Инпрес” во Кисела Вода-Скопје (сега има друга намена),1965-1966 г. проектирана, (изградена 1966-1967 година)
  • - Стоковна куќа “Вардар Промет” во Неготино – 1981 г. идеен проект
  • - Стоковна куќа “Меркур” во Валандово – 1982 година – идеен проект
  • - Блок “Москва” во Скопје (админ.комплекс-сега разни министерства)со арх. Љ.Маленкова – 1969 г. проектиран, изграден 1971г. (не целосно)
  • - Блок “Сплендид”во Скопје(со арх.Љ.Маленкова)– 1969 г.идеен проект
  • - “Интеримпекс” (П+М+30 ката) во Скопје (со арх.Љ.Маленкова и арх. А.Серафимовски) 1971 година – идеен проект
  • - Административно-трговски-занаетски центар во Гевгелија – 1978-1979 година проектиран,

(изграден 1985 година)

  • - Трговски центар “Солун” во Гевгелија – 1980-81г-идеен и главен проект
  • - ЦМЗ “Живко Брајковски”-општина Чаир во Скопје– 1984 – идеен проект
  • - Деловно-станбeн објект на плоштадот во Валандово–1987-1988 идеен проект

Радио и спортски објекти

  • - Радио предавател во Гевгелија – 1967 проектиран, (изграден 1968 г.)
  • - Универзална спорт. сала во Штип (со арх.П.Зографска)–1982 идеен пр.

Индустриски објекти

  • - Фабрика за позамантерија во Берово – 1959 година – идеен проект
  • - Фабрика за позамантерија во Косовска Каменица – 1960 г.- идеен проект
  • - Фабрика “Мирка Гинова” во Скопје – 1965 г.проект, (изградена 1966 г.)
  • - Фабрика за подни облоги во Берово – 1960 година – идеен проект
  • - Фабрика за сточна храна во Куманово – 1961 година – идеен проект
  • - Фабрика за бели платна во Косовска Каменица – 1961 г.- идеен проект
  • - Механ.работ. на ГП”Маврово” во Скопје – 1962г.проект, (изград. 1962г.)
  • - Сервисно-ремонтен обј.”Автомакедонија” во Скопје–1962г.идеен проект
  • - Погон за вешт. кожа и фол.”Охис”-Скопје – 1964г.проект, (изгр.1965 г.)

Станбени населби

  • - Нас. “11 Октомври” во Скопје (со арх. Љ. Маленкова и арх. Г.Златковиќ) 1964 година проектирана, (изградена 1965 година)
  • - Нас. “8 Ноември” во Штип – 1973 г. проектирана, (изградена 1974 г.)
  • - Нас. “Акташ III” во Приштина-Косово – 1977 проект (изградена 1978 г.)
  • - Нас. “Аеродром А1-4” во Скопје (со арх.Љ.Маленкова) – 1977-1978 г. проектирана, (1978-1979 изградена)
  • - Населба во Куманово – 1973 г. проектирана, (изградена 1978 година)
  • - Населби во Струмица – 1980 г. проектирана, (изградена 1980-1983 г.)
  • - Населба во Битола – 1973-1975 г. проектирана, (изградена 1975-1978 г.)

Станбени комплекси

  • - Комплекс во Гевгелија – 1973 г. проектиран, (изграден 1975 г.)
  • - Комплекс во Велес – 1976 година проектиран, (изграден 1977 г.)
  • - Комплекс во Струмица – 1982 г. проектиран, (изграден 1986 г.)

Станбени блокови

  • -“Градски ѕид” во Скопје (со арх.Љ.Маленкова, арх.А.Серафимовски, арх.С.Симовски,арх.С.Ѓуриќ,арх.Н.Богачев)–1968г.проек(изгра.1971г.)
  • - “Гевгелиска порта” во Гевгелија – 1976-1977 проект. (изгр.1977-1978 г.)
  • - Блокови “А,Б,Ц,Д”во Гевгелија и Струмица– 1979 проект.(изгр.1980-81)
  • - “Блок Г” во Гевгелија – 1984-1985 проектиран, (изгр. 1985-1986 г.)

Кули и поединечни колективни станбени објекти

Поединечни куќи

  • - Поединечни куќи во Скопје, Охрид и Дојран во Македонија и Осијек и Ријека во Хрватска,(вкупно 33 поединечни станбени објекти), проектирани се и изградени во период од 1954-1981 година.

Награди и признанија

уреди
  • - “Спомен плакета”– “6 Ноември”- највисока награда на Општинско Собрание на Радовиш, за хотелот “Панорама” во Радовиш – 1980 година
  • -“Спомен плакета”– од ГП Пелагонија по повод доделувањето на највисоката Југословенска награда АВНОЈ на ГП Пелагонија – 1980 година
  • - “Диплома” на III БИМАС за проектот “ЦМЗ Живко Брајковски” во Општина Чаир во Скопје
  • - “Златен индекс” – од Архитектонски Факултет во Белград, по повод 50 годишниот јубилеј од осамостојувањето на Факултетот

[1]

Професионални функции

уреди

– Член на конкурсна комисија за проект на Дом на култура “Кочо Рацин” во Велес – 1971

Година.

  • – Раководител на проектантско биро АРХИТЕКТУРА II на 50 стручни архитектонски

профилиод 1979-1989 г.(до пензионирање)

  • – Заменик претседател на Извршен Одбор на ГРО Пелагонија од 16.11.1986 година
  • – Член на претседателство на Архитектонска Академија од 2009 г.
  • – Претседател на жири комисија за наградите и признанијата на XV
  • - Биенале на македонската архитектура БИМАС 2010 година

– Член на жири комисија за доделување на наградата Андреја Дамјанов за 2011 година

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име МАРХ.