Велосипедска прошетка - Културното наследство низ Прилепското Поле

велосипедски настан

Велосипедска прошетка - Културното наследство низ Прилепското Поле е велосипедски спортско-рекреативен и културно-туристички настан кој се одржува на повеќе места низ Прилепското Поле во средишниот дел на Македонија. Настанот за првпат се одржал во 2014 година, а по неговиот урнекот во септември 2015 на за првпат била организирана Велосипедска прошетка - Културното наследство низ Струмичкото Поле.

Велосипедска прошетка - Културното наследство низ Прилепското Поле
За трката
Датумпочеток на октомври
РегионПрилепско Поле
Дисциплинадрумски велосипедизам
Видеднодневна велосипедска трка
ОрганизаторОдржливи иницијативи од Скопје, ВК „Илинден“ од Прилеп
Историја
Прво одржување2014
Одржувања2 (2015)

Организација

уреди

Во рамки на проектот за збогатување на туристичката понуда со посета на културно-историски и природни знаменитости низ различни региони на Македонија преку спортски настани и велосипедски тури, здружението „Одржливи иницијативи“ од Скопје во 2014 година започнало и успешно ја организира оваа веллосипедска прошетка заедно со велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп. Како партнери во организирањето на настанот се јавуваат Општина Кривогаштани, а тој е поддржан и од Општина Крушево, Фурна Алекс – Прилеп, Агротехна - Скопје, Прилепска пиварница и Стефано 97 - Скопје. Медиумската поддршка е од: Нова Македонија, МКД.мк, то4ак, плагиј.ат

Патеки

уреди
 
Учесниците на велосипедската прошетка во 2014
 
Учесниците на прошетката пред црквата „Св. Никола“ во Варош

Со цел да се посетат, прикажат и видат што повеќе културно-историски и природни знаменитости, велосипедската прошетка низ Прилепското Поле во различните години има различна променета рута на движење. Настанот вообичаено содржи 2 патеки односно рути кои минуваат низ повеќе села, археолошки наоѓалишта од различни историски периоди и повеќе културно-историски знаменитости во областа.

Рутата која се возела во 2014 година ги поврзува сите три општини на Прилепското Поле: Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Односно стартот на рутата започнува во Прилеп, поминува низ Долнени, а возењето завршува во Кривогаштани. Самата тура во 2014 била предвидена да биде долга 38 километри и да се движи по асфалтирани патишта. На барање на XMKD, предвидено било да има уште една опција за по активните велосипедисти, каде групата ќе има 88 км за возење велосипед и ќе има околу 20 км земјени патишта. Сепак, во делот на посета на културното наследство, било предвидено двете групи да се движат заедно. Во рамки на 38 км долгата тура било предвидено да има пет места, односно седум заедно сосе почетната и крајната точка, кои ќе се посетат. На секое од тие места било предвидено да се направат паузи од 15 до 30 минути.

Зелена рута

Патеката е соодветна за лица кои немаат големо искуство во возење велосипед, велосипедот го користат само за низ град, или пак за деца. Должината е 32 км асфлат, по локални, селски патишта. Вкупно искачување 184 м, при што најголемото искачување е само 50 м висинска разлика.

Жолта рута

Патеката е соодветна за лица со искуство во возење велосипед и сакаат малку подолги релации за да исусат повеќе од Прилепското Поле. Должината е 50 км асфалт, по локални, селски патишта. Вкупно искачување 278 м, при што најголемото искачување е 50 м висинска разлика.

Програма и знаменитости

уреди

Во рамки на програмата се предвидени посети на најпознатите културно-историски споменици во Прилепското Поле, како што се: старата црква „Свети Никола“ во Варош, Спомен-куќата на Блаже Конески во селото Небрегово, посета на славното осамено дрво од филмот „Пред дождот“, Спомен-куќата на Пеце Атанасовски во селото Долнени, потоа манастирот „Свети Никола“ кај Слепче, црквата „Свети Богородица“ во селото Костинци, црквата „Свети Никола“ во селото Зрзе, манастирот „Светo Преображение“ кај селото Зрзе и најстариот даб во општината Кривогаштани[1], потоа археолошкото наоѓалиште на античкиот македонски град Стибера кај Чепигово, познатиот Бучински камен мост на Црна Река кај селото Бучин, за кои се организирани кустоси и стручни познавачи кои ги објаснат самите местата и нивното културно-историско значење. Програмата и организацијата на самиот настан вклучуваат и: осмислена, обележана и безбедна патека; лица – редари задолжени да го покажуваат патот; сервисери задолжени да ви помагаат ако имате проблем со велосипедот; обезбедени освежувања и окрепнувања долж патеката; лица обучени за прва помош присутни со вас на велосипеди; амбулантно возило кое ја следи групата; сервисно возило кое ја следи групата; ручек и изненадување за учесниците подготвено од покровителите на настанот.

Посетеност

уреди

На првата одржана велосипедска прошетка по културното наследство низ Прилепското Поле во 2014 година учествувале преку 120 велосипедисти, од сите градови и краишта на Македонија, а биле присутни и гости од странство, односно од ВК „Караван Тим“ од Ниш, Србија[2].

Наводи

уреди
  1. "На велосипед човек е блиску до околината што го опкружува". Скопје: Нова Македонија. 18 август 2014. Посетено на 15 септември 2015.[мртва врска]
  2. "Откриено културното наследство на Прилепското Поле". Скопје: Вечер. 15 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 15 септември 2015.