Кикинда

град во Србија
(Пренасочено од Велика Кикинда)

Кикинда — град и административен центар на округот Северен Банат во автономната покраина Војводина, Србија. Урбаното подрачје на градот има 38.065 жители, додека административна област на градот има 59.453 жители.

Кикинда
Град Кикинда
Град
општинската зграда
општинската зграда
Грб на Кикинда
местоположба на градот на територијата на Србија
местоположба на градот на територијата на Србија
Држава Србија
РегионВојводина
ОкругСеверен Банат
Статус на градмарт 2016 (2016-03)
Управа
 • ГрадоначалникПавле Марков (СНП)
Површина
 • Град78,200 км2 (301,93 ми2)
Население (2011)
 • Град38.065
 • Метро59.453
ДемонимKikinđani, (ср)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број23300
Повик. бр.+381(0)230
Регистарски табличкиKI
Мреж. местоwww.kikinda.rs

Градот бил основан во 18 век. Од 1774 до 1874 година Кикинда било седиште на областа Голема Кикинда, автономна административна единица на Хабсбуршката монархија. Во 1893 година на Кикинда ѝ бил доделен статус на град. Градот станал дел од кралството Србијакралството на Србите, Хрватите и Словенците) во 1918 година.

Во 1996 година, добро сочувани археолошки остатоци од половина милион-годишниот стар мамут биле ископани на периферијата на градското подрачје.[1] Мамутот наречен „Кика“ станал еден од симболите на градот. Денес остатоците се изложени во Националниот музеј на Кикинда. Други занимливости во градот се „Сувача“ - уникатна мелница придвижувана од магаре, годишните денови на тиквата,[2] и меѓународниот симпозиум на скулптура „Тера“.[3] Многубројните зимски гнезда на планинскиот був се лесно достапни, бидејќи се наоѓаат во градските паркови и затоа тие привлекуваат набљудувачи на птици од земјата и странство.

Демографија

уреди

Според пописот од 2011, во градот Кикинда живеат следниве етникуми:[4]

Познати жители

уреди

Збратимени градови

уреди

Кикинда е збратимена со:

Клима

уреди
Климатски податоци за Кикинда (1981–2010, екстреми 1961–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 17.1
(62.8)
21.4
(70.5)
28.3
(82.9)
30.4
(86.7)
33.7
(92.7)
37.5
(99.5)
40.0
(104)
38.9
(102)
37.4
(99.3)
29.5
(85.1)
25.3
(77.5)
19.7
(67.5)
40.0
(104)
Прос. висока °C (°F) 3.0
(37.4)
5.6
(42.1)
11.7
(53.1)
17.7
(63.9)
23.1
(73.6)
26.0
(78.8)
28.5
(83.3)
28.4
(83.1)
23.5
(74.3)
17.7
(63.9)
10.0
(50)
4.1
(39.4)
16.6
(61.9)
Сред. дневна °C (°F) −0.2
(31.6)
1.4
(34.5)
6.3
(43.3)
11.9
(53.4)
17.3
(63.1)
20.3
(68.5)
22.3
(72.1)
21.7
(71.1)
16.9
(62.4)
11.6
(52.9)
5.6
(42.1)
1.1
(34)
11.3
(52.3)
Прос. ниска °C (°F) −3.1
(26.4)
−2.3
(27.9)
1.6
(34.9)
6.4
(43.5)
11.3
(52.3)
14.3
(57.7)
15.8
(60.4)
15.5
(59.9)
11.5
(52.7)
6.8
(44.2)
2.1
(35.8)
−1.6
(29.1)
6.5
(43.7)
Најниска забележана °C (°F) −29.8
(−21.6)
−24.5
(−12.1)
−15.6
(3.9)
−5.9
(21.4)
−0.5
(31.1)
4.0
(39.2)
7.1
(44.8)
6.0
(42.8)
−1.4
(29.5)
−7.7
(18.1)
−13.8
(7.2)
−22.4
(−8.3)
−29.8
(−21.6)
Прос. врнежи мм (ин) 34.3
(1.35)
26.8
(1.055)
33.1
(1.303)
43.8
(1.724)
53.9
(2.122)
75.5
(2.972)
56.1
(2.209)
49.6
(1.953)
50.4
(1.984)
41.1
(1.618)
45.2
(1.78)
46.5
(1.831)
556.3
(21.902)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 12 11 11 11 12 12 9 9 10 9 11 14 130
Прос. бр. снежни денови 6 6 3 0 0 0 0 0 0 0 2 6 23
Прос. релативна влажност (%) 86 80 71 66 64 66 64 65 71 75 82 87 73
Сред. бр. сончеви часови месечно 67.8 103.2 154.2 198.3 256.9 275.6 309.3 285.9 207.6 165.7 94.5 58.5 2.177,6
Извор: Републички хидрометеоролошки завод на Србија[6]

Наводи

уреди
  1. „KIKA Online“. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2017-04-14.
  2. Kika Online: Dani ludaje u Kikindi... Архивирано на 3 март 2016 г. (српски)
  3. „The "TERRA" Centre for fine and applied arts“. Архивирано од изворникот на 2010-01-17. Посетено на 2017-04-14.
  4. „Population by ethnicity – Kikinda, Total“. Statistical Office of the Republic of Serbia (SORS). Посетено на 25 February 2013.
  5. Žilina - oficiálne stránky mesta: Partnerské mestá Žiliny [Žilina: Official Partner Cities]. © 2008 MaM Multimedia, s.r.o.. Архивирано од изворникот на 2017-09-24. Посетено на 2008-12-11.
  6. „Monthly and annual means, maximum and minimum values of meteorological elements for the period 1981–2010“ (српски). Republic Hydrometeorological Service of Serbia. Посетено на February 25, 2017.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди