Планински був
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Семејство: Утки
Род: Asio
Вид: Планински був
Научен назив
Asio otus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Asio wilsonianus

Asio otus otus

Планинскиот був или ушестата улајка (научAsio otus), (порано: Strix otus) е вид утка која се размножува во Европа, (вклучувајќи ја и Македонија), Азија и Северна Америка. Овој вид е дел од поголемата група позната како „типични утки“, од семејството Strigidae, во која се сместени повеќето од утките. Другата група се „шталските утки“, семејството Tytonidae, како на пример, белата кукумјавка која се среќава во Македонија.

Опис

уреди

Планинскиот був е средно голема утка, со должина од 31 до 40 см, со распон на крилјата 86-100 см и тежина од 178 до 435 грама.[2][3] Има темни кренати китчести ушни школки, кои се наоѓаат во центарот на главата. Ги користи за да им изгледа поголем на другите утки кога се перчи. Женките се поголеми и потемни од мажјаците. Кафеавкастите пердуви му се вертикално прошарани. И нозете и прстите му се со пердуви. Очните дупки и на оваа утка се карактеристични, тие се темни или циглапортокалови. Оваа ноќна птица можеби најлесно може да се види како се перчи на некое дрво преку ден, понекогаш и во помали групи во текот на зимските месеци.

Разлики со блатниот був

уреди

Речиси низ целата своја распространетост, планинскиот був се преклопува во опсегот со сличниот на него блатен був. Покрај другото, најлесно за разликување на овие два вида се ушите на планинскиот був кои се испрчени, но понекогаш тој може да ги држи собрани, право на главата. Има разлики и во боите на очите, жолти му се на блатниот, а портокалови на планинскиот, а црното околу очите е вертикално кај планинскиот, а хоризонтално кај блатниот. Општо земено, блатниот був е малку посветол, попесочен од планинскиот. Има и голем број други работи по кои се разликуваат овие две птици, но се гледаат кога тие летаат:

  • блатниот був обично има широка бела лента на задниот раб од крилото, што ја нема планинскиот;
  • на горниот дел од крилјата кај блатниот був основните дамки се посветли и поочигледни;
  • линијата на горната страна на опашката е поздебелена кај блатниот був;
  • кај блатниот був, скриените секундарни пердуви се често со темни ознаки, во контраст со другиот дел од пердувите под крилјата;
  • кај планинскиот був линиите одат преку целиот долен дел, а кај блатниот завршуваат кај градите;
  • темните ознаки на внатрешноста на врвовите од најдолгите примарни пердуви се поздебелени кај блатниот був;
  • горните делови кај блатниот був се погрубо прошарани, а кај планинскиот се поситно;
  • блатниот був, исто така, има подолги и потенки крилја.[4]

Поведение

уреди

Сезоната на парење на планинскиот був е од февруари до јули. Оваа птица е делумно преселница, односно на југ се селат само оние кои живеат понасевер. Нејзиното живеалиште се шумите во близина на отворените простори.

Гнездото е на дрво, и често користи веќе употребено гнездо од други видови, како врани, гаврани, страчки и разни јастреби. Леглото обично содржи 4-6 јајца, а инкубацијата трае од 25 до 30 дена. Користи и вештачки кошници како гнездо. Необична одлика на овој вид се заедничките седала во грмушките во текот на зимските месеци. Оваа птица лови на отворено преку ноќ. Таа има многу долги крилја и лебди полека со вкочанети крилја кога лови. Се храни претежно со глодачи, мали цицачи и птици. Во Европа се соочува со конкуренција од страна на планинската улулајка и е најбрoјна каде нејзе ја нема.

Подвидови

уреди

Има четири подвида:[5][6]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Asio otus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  3. [1] (2011).
  4. Harris, Alan, Laurel Tucker and Keith Vinicombe (1989) The MacMillan Field Guide to Bird Identification pages 147-149 (reference covers whole paragraph)
  5. http://www.owlpages.com/owls.php?genus=Asio&species=otus
  6. „Long-eared Owl“. ARKive. Wildscreen. Архивирано од изворникот на 2013-02-04. Посетено на 2013-04-23.

Надворешни врски

уреди
  • Davis, A. H. and R. J. Prytherch (1976) Field identification of Long-eared and Short-eared Owls British Birds 69: 281-7
  • Kemp, J. B. (1982) Field identification of Long-eared and Short-eared Owls British Birds 75(5): 227
  • Robertson, Iain S. (1982) Field identification of Long-eared and Short-eared Owls British Birds 75(5): 227-9
  • Kemp, J. B. (1982) Tail-lengths of Long-eared and Short-eared Owls British Birds 75(5): 230