Мирослав Мика Антиќ (14 март 1932, Мокрин24 јуни 1986, Нови Сад) бил српски поет. Во родниот Мокрин го заврши oсновното училиште, а гимназијата ја завршил во Кикинда и Панчево. Студиите ги запишал во Белград. Живеел во Нови Сад. Пред да стане познат се занимавал со различни работи - бил морнар, работел во куклениот театар. Освен со пишувањето, се занимавал и со сликарство, новинарство и филм. Бил и уредник на листот „Ритам“ и на Змаевиот „Невен“, на „Дневник“ во Белград и на „Младо поколение“ во Нови Сад.

Мирослав „Мика“ Антиќ
Спомен биста на Мирослав Антиќ во Мокрин
Роден/а14 март 1932(1932-03-14)
Мокрин, Дунавска бановина, Кралство Југославија
Починат/а24 јуни 1986(1986-06-24) (возр. 54)
Нови Сад, СР Србија, СФРЈ
ЗанимањеПоет, уредник, новинар
НационалностСрбин
ЖанрПоезија

Делата на Антиќ

уреди

Поетот Мика Антиќ, во еден разговор кажал дека читал многу писатели и дека на него сите имале влијание, ама и дека малкумина се оние како говорел тој, што му останале добри и вечни пријатели. Во детската литература, на пример, како говорел тој, никогаш не се разочарал во Сент Егзипери. Во свое дело, Антиќ, како и Егзипери, покажувал колку се вредни малите работи кои возрасните луѓе не ги ни приметуваат. Тој пишувал за ситниците што го опкружуваат човекот, а кои тој не е во состојба да ги примети бидејќи е оптоварен со секојдневни животни активности.

Во обраќање на децата тој вели „Моите песни не се песни, туку писма за секој од вас. Тие не се во овие зборови, туку во вас, а зборовите се употребуваат само како клучеви, за да се отклучат врата зад кои некоја поезија, веќе доживеана, веќе завршена, веќе многупати кажана, чека затворена некој да ја ослободи“.[1] Режирал филмови „Доручек со ѓаволот“, „Светиот песок“, „Широко е лисјето“, „Страшен лав“. Пишувал драмски дела и еден рото роман.

Дела

уреди
  • „Војводина“
  • „Раскажано за пролет“ (1951)
  • „Рождество твоје“
  • „Сино небо“
  • „Насмеан свет“ (1955)
  • „Пцост на нежноста“
  • „Концерт за 1001 тапан“ (песни) (1962)
  • „Мит за птицата“
  • „Шашава книга“(1972)
  • „Предавство на лириката“

За деца напишал:

  • „Синото перче“ (1965)
  • „Хороскоп“ (1983)
  • „Прва љубов“ (1978)
  • „Гаравиот сокак“ (1973)
  • „Да живееме задутре“ (1974)
  • „Сината ѕвезда“
 
Споменик на Мирослав Антиќ во Нови Сад

Награди

уреди

За сите тие дела добил многубројни признанија како што се: две „Невенови“ награди, награда за животно дело во поезија за деца, Горанова награда, награда на Стеријин театар, Златна арена за филмско сценарио, награда на Ослободување на Војводина, Орден за заслугаи за народот и др.

Наводи

уреди
  1. Славољуб Обрадовиќ, Книжевност за деца 1, Виша школа за образување на васпитувачи, Алексинац, 2005, стр. 353-354.