Лемвердер (германски: Lemwerder) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 27 километри источно од Олденбург и 17 километри северозападно од Бремен.

Лемвердер
Капела на насипот
Капела на насипот
Капела на насипот
Грб на Лемвердер
Лемвердер во рамките на Германија
Лемвердер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Везермарш
Месни единици 19
Градоначалник Кристина Винкелман (независен)
Основни податоци
Површина 36,38 км2
Надм. височина 1 м
Население 7.147 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 196 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BRA
Пошт. бр. 27809
Повик. бр. 0421
Портал www.lemwerder.de
Местоположба на Лемвердер во рамките на округот Везермарш
Карта
Карта
Координати 53°10′0″N 8°37′0″E / 53.16667° СГШ; 8.61667° ИГД / 53.16667; 8.61667

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината Лемвердер се наоѓа во јужниот дел на Везермарш на левата страна на Везер, спроти бременското место Фегезак. Денешната општина е дел од историската област Штединген.

Соседни општини

уреди

Општината се граничи на северозапад со општината Берне, а на североисток и на исток со реката Везер. На југоисток се граничи со покраината Бремен, на југ со слободниот град Делменхорст, а на југозапад со општината Гандеркезе.

Општински единици

уреди

Лемвердер се состои од следниве 19 единици:

  • Алтенеш
  • Бардевиш
  • Бардевишермор
  • Баршлите
  • Браке
  • Буцхаузен
  • Дајксхаузен
  • Дунварден
  • Дунвардерфелде
  • Херспе
  • Хузум
  • Крегердорф
  • Крегердорфермор
  • Лемвердер
  • Охтум
  • Риценбител
  • Занау
  • Зидерброк
  • Текленбург

Стопанство

уреди

Бродските претпријатија „Лирсен“ и „Абекинг & Расмусен“ имаат бродоградилишта во Лемвердер, кои се насочени кон изградба на суперјахти.[2][3]

Познати луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Abeking & Rasmussen“. Superyachts. Архивирано од изворникот на 2019-05-16. Посетено на 21 August 2018.
  3. „Lemwerder“. Lürssen. Архивирано од изворникот на 2021-07-11. Посетено на 21 August 2018.

Надворешни врски

уреди