Штадланд
Штадланд (германски: Stadland) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 32 километри североисточно од Олденбург и 42 километри северозападно од Бремен. На запад се граничи со Јадскиот Залив. Административното седиште е во селото Роденкирхен.
Штадланд | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Везермарш |
Градоначалник | Клаус Рибезамен (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 113,38 км2 |
Надм. височина | 1 м |
Население | 7.490 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 66 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BRA |
Пошт. бр. | 26935, 26936, 26937 |
Повик. бр. | 04732 (Роденкирхен), 04737 (Швај), 04734 (Зефелд), 04731 (Клајнензил) |
Портал | www.stadland.de |
Местоположба на Штадланд во рамките на округот Везермарш | |
![]() | |
Координати | 53°23′0″N 8°23′0″E / 53.38333° СГШ; 8.38333° ИГДКоординати: 53°23′0″N 8°23′0″E / 53.38333° СГШ; 8.38333° ИГД |
Географија Уреди
Местоположба Уреди
Општината Штадланд ја зафаќа површината на некогашната историска област Штадланд. Заедно со областа Бутјадинген претставува полуостров помеѓу Везер и Јадскиот Залив и е една од најрамните области во Германија со височина помеѓу 1,2 и 0,8 метри надморска височина.
Соседни општини Уреди
Општината Штадланд се граничи на северозапад со општината Бутјадинген и на североисток со градот Норденхам. На исток се граничи со Долен Везер, а на запад со Јадскиот Залив. На југоисток се наоѓа градот Браке, на југ со општината Овелгене и на југозапад со општината Јаде. Сите општини припаѓаат на округот Везермарш.
Општински единици Уреди
Општината се состои од местата Роденкирхен, Швај, Зефелд и Клајнензил.