Бутјадинген (германски: Butjadingen) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината се наоѓа на истоимениот полуостров на брегот на Северното Море, граничејќи се на југозапад со Јадскиот Залив, на запад и северозапад со Внатрешен Јаде, додека на исток и на североисток со Везер и устието. Општинското подрачје истовремено се протега и на некогашната историска област Бутјадинген.

Бутјадинген
Воздушен поглед на Бурхафе
Воздушен поглед на Бурхафе
Воздушен поглед на Бурхафе
Грб на Бутјадинген
Бутјадинген во рамките на Германија
Бутјадинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Везермарш
Градоначалник Аксел Линевебер (независен)
Основни податоци
Површина 129,02 км2
Надм. височина 2 м
Население 6.121 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 47 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BRA
Пошт. бр. 26969
Повик. бр. 04733, 04735, 04736
Портал www.gemeinde-butjadingen.de
Местоположба на Бутјадинген во рамките на округот Везермарш
Карта
Карта
Координати 53°33′0″N 8°20′0″E / 53.55000° СГШ; 8.33333° ИГД / 53.55000; 8.33333

Во општината не постои истоимено место, туку Бутјадинген е создадена со спојување на општините Лангварден, Бурхафе и Штолхам како нова општина со седиште во Бурхафе.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината Бутјадинген го зазема северозападниот дел на истоимениот полуостров. Околината се состои од мочуришта и е слабо населена.

Соседни општини

уреди

Општината во голем дел е опкружена од Северното Море. На исток и на југоисток се граничи со градот Норденхам, а на југ со општината Штадланд. Сите три општини се дел од округот Везермарш и го образуваат северниот дел на округот.

Општински единици

уреди

Кон општината припаѓаат следниве единици:

  • Бурхафе
  • Екварден
  • Еквардерхерне
  • Федервардерзил
  • Изенс
  • Лангварден
  • Роденс
  • Нинс
  • Руварден
  • Зеферн
  • Зиленс
  • Ифенс
  • Штолхам
  • Зилварден
  • Тосенс
  • Ваденс

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди