Ванчо Чифлиганец
Ванчо Чифлиганец (р. 26 декември 1954 во Радовиш) — македонски стопанственик, универзитетски професор, општественик и јавна личност.
Ванчо Чифлиганец | ||
Роден | 26 декември 1954 Радовиш, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | стопанственик | |
Сопружник | Данка Чифлиганец | |
Деца | Евангелина, Драгана и Душко Чифлиганец |
Животопис
уредиВанчо Чифлиганец е роден на 26 декември 1954 година во седумчлено земјоделско семејство, од татко Илија и мајка Ванѓа, во селото Раклиш, Радовиш. Основно образование завршил во Радовиш, а Средно рударско-геолошко училиште во 1973 година во Пробиштип, каде се стекнал со звањето геолошки техничар. Во 1973 година се запишал на рударско-геолошкиот факултет при универзитетот во Белград. Во септември 1977 година тој дипломирал и се стекнал со звање дипломиран геолошки инженер. На Рударско-геолошкиот факултет во Белград магистрирал во 1982 година, а на истиот факултет докторирал во 1987 година.
Во 1977 година тој се вработил во рудникот за злато и бакар Бучим во Радовиш, каде што во 1988 година бил избран за генерален директор, позиција на која бил до 1999 година.
Во 1983 година Чифлиганец бил избран за асистент на Рударско-геолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде во 1995 година станал редовен професор.
Чифлиганец бил пратеник во Собранието на Македонија во два мандати помеѓу 1994 и 2002 година.
На 28 август 2002 година, Чифлиганец ја формирал градежната компанија Адора инженеринг.
Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг во 2019 година стануваат најголем поединечен акционер во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата македонска деловна банка. Адора инженеринг во 2020 година поседува 12,78 % од акциите на банката, а Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор на Комерцијална банка АД Скопје.
По реализирани голем број општествено корисни проекти, во 2014 година тој ја основа Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за хумани активности, поддршка и унапредување на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Македонија.
Деловна кариера
уредиРудник Бучим Радовиш
уредиЧифлиганец се вработил во рудникот Бучим во Радовиш во 1977 година како инженер – геолог. Тој напреднал 11 работни места на хиерархиската скала во Бучим и во 1988 година станал генерален директор, каде што останал до 1998 година.
Адора инженеринг Скопје
уредиВо 2002 година, Чифлиганец ја основал градежната компанија Адора инженеринг, како надградба на семејниот бизнис Адора, првата приватна аптека во Радовиш, основана во 1992 година од жена му, Данка Чифлиганец.[1]
Комерцијална Банка АД Скопје
уредиВо преку својата компанија започнал купување акции во Комерцијална банка. Со купување на 12,78% од акциите на банката, Адора инженеринг е најголем поединечен акционер во Комерцијална банка АД Скопје, а Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор на банката и учествува во создавањето на севкупните политики на банката.[2][3]
Научна кариера
уредиБелградски универзитет
уредиВанчо Чифлиганец на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, каде тој предвремено дипломира во 1977 година. Тој се стекнал со звањето дипломиран геолог со одбрана на дипломската работа како прв во својата студентска генерација. Вработен како инженер-геолог во рудникот Бучим Радовиш, тој се запишал на магистерски студии на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, каде што во 1982 година, се стекнал со магистерска титула. Во 1987 година, се стекнал со докторска титула.
Штипски универзитет
уредиВо 1983 година е избран за асистент на Рударско-геолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде во 1988 година го добива звањето доцент, во 1992 година станува вонреден професор, а во 1995 година е избран во звањето редовен професор. Во тој период, Чифлиганец на Рударско-геолошкиот факултет на универзитетот во Штип, го предава предметот „Економска геологија, менаџмент и металогенија“.
Научни трудови и публикации
уредиВанчо Чифлиганец е автор на стручни и научни трудови од областа на геологијата.[4] Со своите научни и групни стручни трудови тој учествувал на симпозиуми во Македонија и регионот на Балканот.
Општествена кариера
уредиТој бил претседател на младинската општинска организација во Радовиш од 1980 до 1982 година.
Два мандати бил член на Централниот комитет на СКМ, највисокото тело на Сојузот на комунисти на Македонија, од 1982 до 1986 и од 1986 до 1990 година.
Во Собранието на Република Македонија, бил пратеник на СДСМ во два мандати, од 1994 до 2002 година[5].
Спорт
уредиСпортската кариера Ванчо Чифлиганец ја започнува на 12 годишна возраст, како член на борачката школа „Рудар“ од Радовиш. Во 1968 година тој станува пионерски шампион на Радовиш и вицешампион во Македонија во борење,категорија до 42 килограми. На 15 годишна возраст, со тежина од 44 килограми, тој го совладува искусниот и потежок борач, 28 годишниот Минчо Лазаров од БК „Спартак“-Кочани. Во 1972 година тој станал младински шампион на Република Македонија во борење, категоријата до 57 килограми, кога бил повикан да земе учество во Македонската младинска репрезентација во 1973 година. Во овој период, младински шампион на Република Македонија и на СФР Југославија станува во категријата до 62 килограми.
Во време кога Чифлиганец бил претседател на Сојузот на боречките спортови на Македонија и член на раководството на Боречкиот клуб Бучим Јака од Радовиш, клубот станал клупски европски шампион во 1995 и клупски светски шампион во 1996 година.
Два мандати тој бил претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, во периодот од 1993 до 1999 година, време кога се постигнати најголемите успеси во македонскиот спорт, борење – слободен стил.
Тој повеќепати бил организатор на традиционалниот турнир Македонски бисер, за што има добиено признание од претседателите на македонската, европската и светската боречка организација. Во 1996 и 2013 година е одликуван со златна плакета за неговиот придонес во светското борење од Цено Ценев, претседател на Европската боречка федерација ЦЕЛА.
Ванчо Чифлиганец, континуирано го поддржува спортот, талентирани спортисти, клубови, спортски манифестации и објави на спортски публикации.
Општествена одговорност
уредиВо 2014 година ја основал Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за поддршка на социјално загрозените лица, сиромашните, болните, за доделување стипендии на талентираните ученици, студенти и вработени, за помош на науката, здравството, спортот, уметноста и културата, за поквалитетен живот денес и за подобра иднина на општеството во целина.[6]
Меѓу другото, Ванчо Чифлигфанец ја има финансирано изградба на цркавата Свети Јован Крстител во Ново Лисиче,[7] и повеќе други верски споменици и обележја. Фондацијата на Ванчо Чифлиганец континуирано го поддржува неколкукратниот светски и европски шампион во кик бокс Димитар Ѓорѓиев.[8]
Награди и признанија
уредиВанчо Чифлиганец и Адора инженеринг имаат добиено повеќе од 50 интернационални и национални признанија.[9] Од нив 7 се интернационални награди доделени во Дубровник, Амстердам, Монте Карло, Париз, Мадрид и Виена, од меѓународни асоцијации и организации.
Наводи
уреди- ↑ Само делата се вистина. Скопје: Адора инженеринг дооел Скопје. 2012. стр. 14, 15. ISBN 978-608-65516-0-5. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Чифлиганец го зголемува својот удел во „Комерцијална банка"“. Слободен печат. 27 ноември 2021. Посетено на 31 мај 2021.
- ↑ „Чифлиганец ќе се офајди 2,8 милиони евра од дивидендата од Комерцијална банка“. pari.com.mk. 30 март 2021. Посетено на 31 мај 2021.
- ↑ Шлемот е мојата круна 40 години плодна и успешна кариера. Соња: Адора инженеринг дооел Скопје. 2017. стр. 58, 59, 60, 61, 62, 63. ISBN 978-608-65516-3-6. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Социјал-демократски сојуз на Македонија“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-07-27.
- ↑ Скопје; ул. „Орце Николов“ бр. 182 А, 1000 Скопје; + 389 2 30 93 200; + 389 2 30 93 200; Info@fondacijacifliganec.org.mk. „Фондација Проф.Др Ванчо Чифлиганец“. Фондација Проф.Др Ванчо Чифлиганец (англиски). Посетено на 2020-07-27.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Осветена новата црква Св. Јован Крстител во Аеродром“. А1он (англиски). 2014-06-14. Посетено на 2020-07-27.
- ↑ iponadmin (2014-12-18). „Димитар Георгиев: Неуспесите се предизвик за светски титули! (ВИДЕО)“. IPON (англиски). Посетено на 2020-07-28.
- ↑ „НАГРАДИ | Адора“. Архивирано од изворникот на 2020-07-27. Посетено на 2020-07-28.