Вандалски јазик
Вандалски јазик — исчезнат германски јазик, веројатно близок на готскиот. Вандалите, Хаздинзите и Силинзите се населиле во Галеција (северна Португалија и Галисија) и во јужна Шпанија, по примерот на другите негермански народи (Визиготите, Аланите и Свевите), пред да се населат во Северна Африка во 429 г.
Вандалски | ||
---|---|---|
Застапен во | Шпанија, Северна Африка | |
Изумрен | VI век | |
Јазично семејство | Индоевропски
| |
Јазични кодови | ||
ISO 639-2 | gem | |
ISO 639-3 | xvn | |
Предлошка:Infobox language/nonotice |
За вандалскиот јазик имаме многу оскудни податоци кои главно се состојат од мал број на лични имиња од вандалско потекло во шпанскиот јазик. Името на покраината Андалусија води потекло од Вандалите, а под маварска власт (VI-XV век) регионот се нарекувал „ел-Андалус“.
Во XVI, XVIII и XIX век се верувало дека Словенците во Прекмурје, Шомоѓ и Ваш се потомци на Вандалите. Во документите на унгарски, латински и други јазици, прекмурскиот јазик (дијалектот на унгарските Словенци и Прекмурјето) се нарекувал „вандалски јазик“.[1]