Рихард Вагнер

(Пренасочено од Вагнер)

Рихард Вагнер (германски: Richard Wagner, 22 мај 181313 февруари 1883) — прочуен германски музичар од времето на романтизмот и иноватор во хармонијата, создавaјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности биле споени во едно. Како човек тој бил подготвен да го жртвува своето семејство и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлекол вниманието кон идеите за неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживал поддршката од кралот Лудвиг II од Баварија и бил во можност да создаде свој театар и фестивал во баварскиот град Бајројт. Тој ја развил употребата на „лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донел еден нов вид на хармонија.

Рихард Вагнер
Вагнер во 1871 година, од Франц Ханфштаенгл
Роден(а)22 мај 1813(1813-05-22)
Лајпциг, Кралство Саксонија
Починал(а)13 февруари 1883(1883-02-13) (возр. 69)
Венеција, Кралство Италија
Потпис
Вагнер со сопругата Козима.

Дела

уреди

Музичкиот труд на Вагнер е наведен во Каталогот на Вагнерови дела (германски: Wagner-Werk-Verzeichnis (WWV)) со 113 дела, вклучувајќи фрагменти и проекти.[1] Првото целосно научно издание на неговите музички дела во печатење започнало во 1970 година под покровителство на Баварската академија за ликовни уметности и Академијата на науките и книжевностите во Мајнц, и е во моментов под уредништво на Егон Вос. Ќе се состои од 21 том (57 книги) музика и 10 тома (13 книги) релевантни документи и текстови. Заклучно со октомври 2017 година, остануваат да се објават три тома. Издавач е Schott Music.[2]

Опери и музички драми

уреди

Вагнер, кој работел како диригент го доживеал првиот успех во 1842 година, во Дрезден со оператаРиенци“, заснована на новелата од Едвард Булвер-Литон. Една година подоцна, во 1843 година, со „Летечкиот Холанѓанец“, напишана според легенда запишана од Хајне за Холанѓанецот-дух кој пловел преку морињата, сѐ додека не ја нашол вистинската љубов. „Танхојзер“, во кој се зборува за средновековниот трубадур Танхојзер, била изведена во Дрезден во 1845 г. Вагнеровата вмешаност во револуцијата од 1848 година и бегството од Дрезден го довеле до следното драмско дело, „Лоенгрин“, во Вајмар. Четирите опери од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ - „Рајнско злато“, „Валкира“, „Самрак на боговите“ и „Зигфрид“ се ремек-дела на драмското и музичкото достигнување на Рихард Вагнер. Други негови драмски дела се „Тристан и Изолда“, „Нирнбершките мајстори-пејачи“, и последното дело, „Парсифал“.

Оркестарска музика

уреди

Најпознатите Вагнeрови оркестарски композиции се „Жртвуваната идила”, напишана за неговата втора жена, и „Козима”, за вонбрачната ќерка на Лист и поранешна жена на Рихард Вагнер.

Значење и влијание

уреди

Во романот „Старите мајстори. Комедија“, австрискиот писател Томас Бернхард пишува Вагнер бил гениј кому „поимот гениј навистина му личи како никому друг“.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
Фусноти
  1. WWV e семрежно достапен Архивирано на 12 март 2007. in German (пристапено на 15 август 2023)
  2. Coleman 2017, стр. 86–88.
  3. Tomas Bernhard, Stari majstori. Komedija. Beograd: LOM, 2019, стр. 58-59.

Извори

уреди

Првостепени

уреди
  • Wagner, Richard (1983). Borchmeyer, Dieter (уред.). Richard Wagner Dichtungen und Schriften [Richard Wagner Seals and Writings] (10 vols.). Франкфурт на Мајна.
  • Wagner, Richard (1987). Spencer, Stewart; Millington, Barry (уред.). Selected Letters of Richard Wagner. Преведено од Spencer, Stewart; Millington, Barry. Лондон: Dent. ISBN 978-0-393-02500-2.
  • Wagner, Richard (1992). My Life. Преведено од Gray, Andrew. Њујорк: Da Capo Press. ISBN 978-0-306-80481-6.
  • Wagner, Richard (1992). Collected Prose Works. Преведено од Ellis, W. Ashton.
    • Wagner, Richard (1994c). The Artwork of the Future and Other Works. 1. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9752-4.
    • Wagner, Richard (1995d). Opera and Drama. 2. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9765-4.
    • Wagner, Richard (1995c). Judaism in Music and Other Essays. 3. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9766-1.
    • Wagner, Richard (1995a). Art and Politics. 4. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9774-6.
    • Wagner, Richard (1995b). Actors and Singers. 5. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9773-9.
    • Wagner, Richard (1994a). Religion and Art. 6. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9764-7.
    • Wagner, Richard (1994b). Pilgrimage to Beethoven and Other Essays. 7. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9763-0.
    • Wagner, Richard (1995e). Jesus of Nazareth and Other Writings. 8. Линколн и Лондон: University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9780-7.

Второстепени

уреди

Книги и поглавја

уреди

Новинарски и енциклопедиски статии

уреди

Семрежни

уреди

Надворешни врски

уреди

Опери

  • Richard Wagner Opera, Вагнерови опери, интервјуа, ЦДа, ДВДа, календар, Бајројтски фестивал
  • Wagner Operas, мрежно место со фотографии, видеа, податотеки МИДИ, партитури, либрета, и описи
  • Wilhelm Richard Wagner site by Stanford University
  • The Wagnerian, Richard Wagner news, operas, reviews, articles.

Пишани дела

Партитури

Друго