Лајтмотив (германски: Leitmotiv) — основен мотив што се повторува во музичко дело, тема, или основна идеја, раководна мисла.[1].

Потекло на поимот уреди

Зборот е заемка од германскиот јазик, образуван од зборовите „leiten“ и „motiv“. Изгледа дека првпат се појавил во 1860 година, за делата на Рихард Вагнер и Франц Лист.[2] Сепак, делото на Ф. В. Јенс за животот и делото на Вебер (Берлин, 1871) се смета како акт на раѓање на поимот, кој станал тековен со Ханс фон Волцоген и неговите анализи на Вагнеровата музика. Вагнер, кој лајтмотивот до донел во неговиот апогеј, ги претпочитал поимите „грундтема“, „грундмотив“ или „хаупмотив“ (основна тема, основен мотив, главен мотив).

Историја и концепт уреди

Лајтомотивот најпрво бил применет во музиката за да означи музички мотив водилка, клучна тема која се повторува во текот на делото за да наметне идеја, личност, а особено во операта, толку оваа музичка форма е погодна за користење на техники на музички реминисценции или значајни поврзувања на мотив со личност, чувство или ситуација. • Така, во „Така прават сите (Così fan tutte) од Моцарт, во увертирата се слуша мотив кој дури го оправдува насловот на операта, но смислата не ќе може да се разбере сè дури Дон Алфонсо не ги испее зборовите Cosi fan tutte! (Така прават сите). Сепак, би било неразумно во него да се гледа лајтмотив во правата смисла на зборот.

Уште во 18 век примери на лајтмотив (кои не биле означени како такви) може да се откријат кај Андре Гретри и Етјен-Никола Меил.

Хектор Берлиоз во 1830 година со Фантастичната симфонија му дал оригинална верзија на концептот, нарекувајќи го „фикс-идеја“.

Џакомо Мејербер, чие влијание на Вагнер во овој и други домени сè уште се дискутира, во своите опери се навраќал на формули кои може да се квалификуваат како лајтмотив.

Процесот бил пренесен во филмовите од Џон Вилијамс, особено во сагата „Војна на ѕвездите“ (на пример темата на Силата, или онаа на Дарк Вадор и Империјата, која се појавува повеќепати во сагата и ја придружува личноста или симболот кому му се припишани), оттогаш многу се користи во филмската музика. Мајкл Џакино го користел овој процес за да ја напише партитурата за телевизиската серијаИзгубени

Наводи уреди