Зигфрид (германски: Siegfried, средногорногермански: Sivrit) или Сигурд (старонордиски: Sigurðr, од sigr — „победа“, urðr — „судбина“) — еден од најважните јунаци на германско-нордиската митологија и еп, јунакот на „Песната за Нибелунзите“. Според митот, Зигфрид бил велик воин што постигнал многу подвизи. Еден од неговите подвизи бил да го победи змејот Фафнир. Откако се намачкал со крвта и маснотиите на чудовиштето, се здобил со неранливост, но само мала површина од телото на грбот останала незаштитена. И во нордиската и во германската традиција, смртта на Зигфрид е претставена како последица на кавга помеѓу неговата сопруга Кримхилда, и друга жена, Брунхилда, која ја измамил да се омажи за бургундскиот крал Гундахар.[1][2]

Зигфрид ја пие крвта на Фафнир

Наводи

уреди
  1. Seigfried, Dr Karl E. H. „Sigurd, the Dragon, and Our World Today“. Посетено на 2023-11-10.
  2. „What is the story of Sigurd? - The Handy Mythology Answer Book“. www.papertrell.com. Посетено на 2023-11-10.

Надворешни врски

уреди