Вавилонска поделба

Вавилонската поделба била поделба на Македонската империја на сатрапии, односно именување на нови сатрапи кое настанало после смртта на Александар во 323 п.н.е. Поделбата претставува своевидна спогодна помеѓу неговите генерали, односно наследниците подоцна познати како дијадоси, кои биле собрани на посмртната постела на Александар.

Пред оваа поделба прашањето за наследство над престолот привремено било решено со компромис кој Евмен го направил помеѓу двете фракции

  • едната факција ја предводел командантот на пешадијата Мелеагер, која сметала дека престолонаследник треба да биде Аридеј, постариот но незаконски брат на Александар или незаконитиот син Херакле;
  • другата фракција која ја предводел командантот на коњицата Пердика, која сметала дека за нов крал требало да се прогласи нероденото дете кое го носела Роксана, легитимната вдовица на Александар.

Било договорено Аридеј да стане кал под името Филип III, но престолот ќе мора да го дели со детето на Роксана ако биде син (кој се родил и го добил името Александар IV). Додека не нарасте синот, како регент во негово име ќе владее Пердика.

Ваквата спогодба де факто на Пердика му овозможило да стане наследник и господар на империјата. Тој тоа и го искористил, го наговорил слабоумниот Филип да му дозволи ликвидација на Мелеагер и неговите поддржувачи. После тоа Пердика започнал со поделба на сатрапиите на Александровите генерали, при што настојувал пред сè да си ја осигура својата позиција.

Поделба

уреди

Пердика при поделбата воглавно ја зачувал како целина дотогашната ахаменидска поделба на империјата, а од практични причини не се мешал во кадровските решенија кои ги направил Александар во источните делови од империјата. Најважна одлука секако била поделбата на сатрапијата Медија, која имала најголема стратешка важност поради патиштата кои поминувале низ неа и го поврзувале источниот и западниот дел на империјата. Пердика сметал дека Медија не смее да ја добие на управување само еден сатрап, бидејќи тој би станал премногу можен. Затоа Медија била поделена на Голема и Мала Медија, и соодветно добила свои саттрапи.

Европа

уреди

Мала Азија

уреди

Африка

уреди

Западна Азија

уреди

Централан Азија

уреди

Последници

уреди

Само две години подоцна, била направена нова поделба во Трипарадис на империјата, сепак одлуките во Вавуилон имале далекусежни последици.

Пред се, долуката Египет да се препушти на Птоломеј овозможила таа област прва да се осамостои, односно како Птоломејски Египет или Птоломејско Кралство да стане голема сила и едно од најважните културни центри во антиичкиот свет, односно подоцна и најдолговечна држава наследничка на Македонската империја.

Поделбата на мала и голема Медија, исто така било можност овој дел на империјата да се осамостои, овој пат под власт на лкалниот владетел Атропат кој постепено ги обновил зороастриските традиции, но и создал област со посебен идентитет од кој потекнува современиот Азербејџан.

Преглед

уреди


Вавилонска поделба Трипарадиска поделба
Улога или
Регион
Диодор Сицилиски Јустин Аријан+ /
Дексипиј*
Диодор Сицилиски Аријан
Крал на Македонија Филип III Филип III Филип III+ Филип III и
Александар IV
Филип III и
Александар IV
Регент Пердика Пердика Пердика+ Антипатар Антипатар
Командант на придужниците Селевк I Победникот Селевк I Победникот нема податок Касандар Касандар
Командат на гардата нема податок Касандар нема податок нема податок нема податок
Македонија Антипатар Антипатар Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Илирија Антипатар Фило Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Епир Антипатар нема податок Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Грција Антипатар Антипатар Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Тракија Лизимах Лизимах Лизимах+* Лизимах Лизимах
Хелеспонстака Фригија Леонат Леонат+* Леонат Филип III Филип III
Голема Фригија Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот+* Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот
Памфилија Антигон I Едноокиот Неархиј Антигон I Едноокиот+* Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот
Ликија Антигон I Едноокиот Неархиј Антигон I Едноокиот+* Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот
Карија Асандар Касандар Касандар+ Асандар Асандар
Лидија Менандар Менандар Менандар+* Клејт Белиот Клејт Белиот
Кападокија Еумен Еумен Еумен+* Никанор Никанор
Пафлагонија Еумен Еумен Еумен+* Никанор? Никанор?
Силисија Филота Филота Филота+* Филоксениј Филоксениј
Египет Птоломеј I Сотер Птоломеј I Сотер Птоломеј I Сотер+* Птоломеј I Сотер Птоломеј I Сотер
Сирија Лаомедон Лаомедон Лаомедон+* Лаомедон Лаомедон
Месопотамија Аркесилај Аркесилај Аркесилај* Амфимахиј Амфимахиј
Вавилонија Аркон Пеукест Селевк I Победникот* Селевк I Победникот Селевк I Победникот
Пелазгија нема податок Аркон нема податок нема податок нема податок
Голема Медија Пејтон Атропат Пејтон* Пејтон Пејтон
Мала Медија Атропат Атропат нема податок нема податок нема податок
Сузијана нема податок Скиниј нема податок Антиген Антиген
Персија Пеукеста Тлеполемиј Пеукеста* Пеукеста Пеукеста
Карманија Тлеполемиј нема податок Неоптолемиј* Тлеполемиј Тлеполемиј
Ерменија нема податок Фратаферен нема податок нема податок нема податок
Хирканија Фратаферен Филип Фратаферен Филип? Филип?
Партија Фратаферен Никанор нема податок Филип Филип
Содијана Филип Скитиј Филип* Стасанор Стасанор
Бактрија Филип Аминта нема податок Стасанор Стасанор
Drangiana Стасанор Стасанор Стасанор* Стасандар Стасандар
Арија Стасанор Стасанор Стасанор* Стасандар Стасандар
Аракозија Сибиртиј Сибиртиј Сибиртиј* нема податок Сибиртиј
Гедрозија Сибиртиј Сибиртиј Сибиртиј* нема податок Сибиртиј? 2
Паропамизија Оксиарт Оксиарт? 3 Оксиарт* Оксиарт Оксиарт
Пенџаб Таксил Таксил Таксил* Таксил Таксил
Индус Пор Пејтон синот Агеноров Пор* Пор Пор
Gandhara Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров
Забелешки 1 = Постојат предлози во Дексипиј и Аријан дека Оксиарт бил оставен за сатрап на Бактрија
2 = Не е експлицитно кажано, но веројатно
3 = Читајќи Оксиарт од Јустиновите "Екстархи"

Наводи

уреди