Неарх
Неарх (Nearhos) (Лато на Крит, околу 360 пр.н.е. – 312 пр.н.е.) – адмирал на флотата на Александар III Македонски и патописец, по потекло од Крит, но населен во Амфипол.
Неарх | ||
Роден | околу 360 пр.н.е. Лато на Крит | |
---|---|---|
Починал | 312 пр.н.е. | |
Занимање | адмирал |
Животопис
уредиНеарх му бил пријател на Александар III уште од младоста. Го придружувал на походот на Исток и бил назначен за сатрап на Ликија и Памфилија (334/3 пр.н.е.). Ја предводел македонската флота составена од околу сто брода и пет илјади војници при нејзиното враќање од Индија (325/24 пр.н.е.). Притоа водел дневник со секојдневни белешки за напорната пловидба од утоката на реката Инд до Персискиот Залив, опишувајќи ги луѓето, обичаите, населбите, флората, фауната итн., кој подоцна му послужил на Аријан како главен извор за неговата книга за Индија (Индике), а исто така го користел и Страбон. За успешното враќање на флотата бил награден со златен венец. По смртта на Александар Ⅲ (323 пр.н.е.) бил во служба на Антигон I Едноокиот и неговиот син Деметриј I Полиоркет. Загинал во битка кај Газа помеѓу Деметриј I Полиоркет и другите дијадоси (312 пр.н.е.).[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1037. ISBN 978-608-203-024-1.
Надворешни врски
уреди- Arrian, The Indica Архивирано на 1 октомври 2014 г. translated by E. Iliff Robson.
- Pothos.org:Nearchus by Marcus Pailing
- Livius, Nearchus by Jona Lendering
- The Trierarchs Архивирано на 5 мај 2016 г. of Nearchus by livius.org
- Nearchus the Cretan and the Foundation of Cretopolis [1]