Месопотамска митологија

(Пренасочено од Вавилонска митологија)

Месопотамска митологија е заедничко име за митологиите на Сумерците, Акадијците, Асирците и Вавилонците од земјата меѓу реките Тигар и Еуфрат во Ирак.

Месопотамија
Еуфрат · Тигар
Градови / Царства
Сумер: Урук · Ур · Ериду
Киш · Лагаш · Нипур
Акадско Царство: Акад
Вавилон · Изин · Суза
Асирија: Ашур · Нинива
Дур-Шарукин · Нимруд
Вавилонија · Халдејско Царство
Елам · Аморити
Хурити · Митани
Касити · Урарту
Хронологија
Кралеви на Сумерија
Кралеви на Асирија
Кралеви на Вавилонија
Јазик
Арамејски
Сумерски · Акадски
Еламски · Хуритски
Митологија
Енума Елиш
Гилгамеш · Мардук
Енлил · Енки
Нинурта · Нинлил

Сумерците практикувале политеизам со антропоморфни божества или божици кои ги претставувале силите или присуството во светот, многу налик на подоцнежната старогрчка митологија. Според оваа митологија, божествата најпрво ги создале луѓето како нивни слуги но ги ослободиле откако повеќе не можеле да манипулираат со нив.

Повеќето приказни од сумерската митологија се појавуваат и во другите религии од Блискиот Исток. На пример, библиското објаснување за создавањето на човекот како и потопот се многу слични на сумерските приказни кои се напишани многу векови порано.

Божества

уреди

Секој храм бил посветен на посебно божество (машко или женско).

Месопотамска космологија

уреди
Податотека:Sumerian symbology.jpg
Детал од ѕидна слика

Месопотамската космологија се чини е еден вид генеолошки систем на двојни спротивности, машки и женски, кои преку свети бракови ги создавале наредните генерации на божества. Универзумот најпрвин се појавил кога Наму, веројатно безобличен хаос, се свиткал околу себе и ги родил првите божества. Според вавилонската Енума Елиш, првиот брак е меѓу Тиамат, божицата на солената вода, и Апсу, богот на слатките води. Од нив се родил Лахаму или Лахму, наречен „калливиот“ или „влакнестиот“, титула која му е дадена на чуварот на капијата на храмот во Ериду, кој ги родил Аншар и Кишар, кои се однесуваат на небесните полови, а кои се сметаат за родители на Ану (небесниот бог) и Ки (божицата на земјата). Овие божества им ги дале имињата на останатите од месопотамскиот пантеон.

Во бракот меѓу Ану и Ки се родил Енлил, кој станал водач на пантеонот. После прогонството на Енлил од Дилмун (домот на боговите) заради тоа што ја силувал Нинлил, таа го родила Син (богот на месечината), познат кај Сумерците и како Нана - Суен. Син и Нингал ги родиле Инана и Уту (сумерски) или Шамаш (акадиски).

Наму го создал Енки. Инана го однела Енки во нејзиниот град Урук, после што се случиле древно политички настани во јужен Ирак, односно во раниот династички период на Сумер.

Во подоцна нашишаната книга Енума Елиш, се вели дека Тиамат и Апсу биле вознемирени од хаосот што го создале младите богови, и се обиделе да го поништат создавањето, но синот на Енки, Мардук, ги победил и повторно го создал светот. Целта на Енима Елиш била да се воспее Мардук, богот на градот Вавилон, и да се претстави како најзначаен меѓу сите божества, со што се славела и политичката надмоќ на Вавилон над старите култури во Сумер и Акад. Во асирските митови, Асхур е претставен на местото на Мардук.

Митовите кои зборуваат за создавањето на луѓето велат дека после побуната на младите божества, кои одбиле да работат, боговите побарале решение од Енки, кој предложил луѓето да се создадат од кал, измешана со крвта на заробениот бог Кингу, син и сопруг на Тиамат.

Најраните познати записи не споменуваат автор. Свештеничката Енхедуана е првиот споменат автор во историјата.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди