Википедија:Не ја нарушувајте Википедија за да илустрирате поента

(Пренасочено од ВП:ПОЕНТА)
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПОЕНТА
ВП:ННВИП
Најважното од страницава: Кога сакате да илустрирате поента, сторете го тоа само преку дискусија на разговорната страница.
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

Кога поединецот станува исфрустриран поради начинот на кој се применува некое начело или напатствие, може да се обиде да го дискредитира истото преку толкување на правилото од сопствена гледна точка. Понекогаш, ова се прави само за да се илустрира поента во спор за содржина на статија. Во друг случај, може да се случи едно начело да се толкува на непопуларен начин, со цел неговото значење да биде искривоколчено. Можноста за такво однесување не е ограничена само на статиите; може да се случи и на огласните табли, при дискусија за бришење на статија, итн. Побарајте помош од администратор само онаму каде сте сигурни дека корисникот го крши ова правило.

Ваквите тактики се многу штетни и може да доведат до блокирање или банирање на корисничката сметка. Ако сметате дека некое начело е проблематично, споделете го вашето мислење на соодветната разговорна страница. Ако едноставно не се согласувате со нечие уредување на конкретна статија, дискутирајте го тоа на разговорната страница на таа статија. Ако диретната дискусија не вроди со плод и сѐ уште не можете да го разрешите несогласувањето, погледајте ја страницата за разрешување спорови.

Практиката покажала дека е невозможно Википедија да биде 100% во право, па оттаму нејзините правила никогаш нема да бидат совршени. Ако постои консензус кој строго се коси со вашите лични ставови, пожелно е да го почитувате мислењето на мнозинството отколку да се обидете да го занемарите преку нечесни игри.

Важна напомена: Често користена кратенка до овде е ВП:ПОЕНТА. Треба да се има на ум, ако некој се обидува докаже поента, тоа автоматски не значи дека тој ја нарушува Википедија како би ја илустрирал истата.

Примери

уреди

1. Ако друг корисник номинира за бришење статија што сами сте ја уредувале, тогаш:

  •    Објаснете зошто статијата ги исполнува критериумите за значајност на Википедија.
  •    Немојте да номинирате друга статија за бришење наведувајќи го истото образложение.


2. Ако друг корисник избрише „неважен“ или „безначаен“ податок од статијата што вам ви се чини релевантен, тогаш:

  •    На разговорната страница објаснете зошто тој податок треба да биде вклучен во статијата.
  •    Немојте да бришете други информации од статијата под изговор дека се нерелевантни.


3. Ако мислите дека некој уредувач непрописно тргнал проверен извор, тогаш:

  •    Докажете зошто тој извор треба да се смета како значаен, или пак најдете друг извор кој подобро би одговарал.
  •    Немојте да ги повлекувате сите извори кои вам ви се чинат беззначајни или неточни.


4. Ако чувствувате дека на некој извор/информација местото не му е на Википедија, тогаш:

  •    Вашето мислење оставете го на разговорната страница или известете некој поискусен уредник.
  •    Немојте да контрирате така што ќе наведете други извори кои го тврдат спротивното.


5. Ако сметате дека некој список со примери е премногу долг за читање, тогаш:

  •    Посочете дека значењето на списокот нема да се наруши дури и кога би биле избршани половина од точките.
  •    Немојте да додавате уште педесетина примери како би докажале дека списокот е навистина преобемен.

Поврзано

уреди