Sugababes

британска женска поп-група

Sugababes (транскрипција: Шугабејбс) ― англиска женска група составена од Киша Бјукенан, Мутија Буена и Шивон Донаги. Составот на групата три пати се менувал, а во 2011 година се вратила првобитната постава. Групата била основана во 1998 година од Рон Том, менаџер на All Saints. Првиот албум, One Touch, го објавиле во ноември 2000 година, а потоа објавиле уште седум други албуми.

Sugababes
Од лево кон десно: Мутија Буена, Шивон Донаги и Киша Бјуканан на настап на Sacred Three Tour во 2013 година
Животописни податоци
Познат(а) и какоMutya Keisha Siobhán (2011–2019)
ПотеклоЛондон, Англија
Жанрови
Период на активност1998–денес
Издавачи
Мреж. местоsugababesofficial.com
Членови
Поранешни членови

Во 2009 година, по 11 години во Sugababes, Бјукенан, последниот оригинален член на групата, била заменета од Џејд Јуен. Sugababes го објавиле Sweet 7 (2010), по што потпишале со RCA Records и во 2011 заминале на неодредена пауза. Истата година, оригиналната постава повторно се составила под името Mutya Keisha Siobhan. Триото го вратило името Sugababes во 2019 година.

Sugababes имале шест песни на прво место на британската топ-листа: „Freak like Me“, „Round Round“, „He in the Head“, „Push the Button“, „Walk This Way“ и „About You Now“. Спајс грлс се единствената британска женска група која имала повеќе песни на прво место. Тие биле номинирани за шест Брит награди, а во 2003 година ја освоиле наградата за „Најдобар британски денс-изведувач“.

Историја

уреди

1998–2001: Основање, прв албум и заминување на Донаги

уреди

Sugababes била основана во 1998 година од: Рон Том (менаџер на All Saints), Сара Стенет [2][3] и First Access Entertainment. Шивон Донаги и Мутија Буена тогаш имале само 13 години и имале договор како соло-пејачки, но решиле да пеат заедно. Мутија ја поканила нејзината пријателка Киша Бјукенан како последен член од групата. Тие потпишуваат договор со Лондон рекордс. Прво групата се викала Sugababies, но откако потпишале договор со London Records со цел да стекнат позрел имиџ името го смениле во Sugababes.[4]

Во септември 2000 година тие го објавиле нивниот прв сингл „Overload“ и за овој сингл групата била номинирана за „Најдобар сингл“ на Брит наградите. Во ноември, тие го издале нивниот прв албум, One Touch. Од албумот биле објавени уште три сингла: „New Year“, „Run for Cover“ и „Soul Sound“. И покрај тоа што албумот се искачил на 26-то место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и бил сертифициран со злато од BPI, а исто така многу добро котирал во земјите од германско говорно подрачје во Европа (албумот се пласирал во топ-10 во Австрија, Германија и Швајцарија) продажбата на One Touch не ги исполнил очекувањата на London Records[5] и тие се откажале од групата есента 2001 година.

За време на јапонската промотивна турнеја во август 2001 година, Донаги ја напуштила групата. Таа рекла дека сака да продолжи со модна кариера,[6] но на крајот ѝ била дијагностицирана клиничка депресија поради внатрешни борби меѓу членовите на групата.[7] Донаги подоцна изјавила дека Бјукенан ја принудила да излезе од групата.[8] Поранешната членка на Atomic Kitten Хајди Рејнџ ја заменила Донаги.[9]

2002–2004: Angels with Dirty Faces и Three

уреди

По доаѓањето на Хајди Рејнџ, групата потпишала договор со издавачката куќа Island Records. Прв сингл објавен со новата издавачка куќа бил „Freak like Me“. Песната ја продуцирал Ричард Икс. Втор сингл од албумот бил „Round Round“, продуциран од Xenomania. Двата сингла се искачиле на врвот на топ-листата во Обединетото Кралство.

На крилата на успехот на сингловите, вториот албум на групата, Angels with Dirty Faces, дебитирал на второ место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и подоцна постигнал тројно платинест статус, односно биле продадени милион примероци само во ОК.[10][11] Ова е најпродаван албум на Sugarbabes досега.[12]

 
Втората постава на Sugababes во мај 2005 година

Третиот албум на групата, Three, бил издаден кон крајот на 2003 година. Албумот дебитирал на 3-то место на топ-листата за албуми во Велика Британија, а групата била номинирана за BRIT награда за најдобар албум. Продаден е во 855.000 примероци до денес.[10][11] На албумот му претходел водечкиот сингл „Hole in the Head“ кој станал сингл на групата на прво место во Велика Британија.[13] Трите членки на Sugababes снимиле „соло“ песна на албумот - „Whatever Makes You Happy“ (Киша Бјукенан), „Sometimes“ (Хајди Рејнџ) и „Maya“ (Мутија Буена).

Во 2004 година, перципираната „нерасположеност“ на групата,[14] наводните караници зад сцената,[15] и лутите прес-конференции биле главна тема во таблоидите во Британија.[15] Се зборувало дека Бјукенан и Буена ја малтретирале Рејнџ, иако Ренџ постојано ги негирала таквите наводи;[16][17] Буена подоцна признала дека не разговарала со Рејнџ откако се приклучила на групата.[15] Според Бјукенан, имало само еден сериозен судир меѓу неа и Рејнџ за време на концертот во Даблин во 2004 година, поради несогласување околу песната на Бритни Спирс „Токсик“.[18]

2005–2006: Taller in More Ways, заминување на Буена и компилација

уреди

По мала пауза, за време на која Буена ја родила нејзината ќерка Талија, во октомври 2005 година Sugababes го објавиле нивниот тринаесетти сингл, „Push the Button“. Песната дебитирала на прво место во ОК и се задржала на оваа позиција три последователни недели.[19][20] Подоцна бил номиниран на BRIT Awards за најдобар сингл. Албумот Taller in More Ways станал нивен прв албум кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство.

 
Третата постава на Sugababes во април 2006 година

По очигледна болест што ја спречило да го промовира следниот сингл „Ugly“, Буена ги напуштила Sugababes на 21 декември 2005 година.[7] Буена подоцна во едно интервју изјавила дека боледувала од постнатална депресија по раѓањето на нејзината ќерка во комбинација со сè понапорните распореди на групата и избрала да ја напушти групата за да поминува повеќе време со нејзината ќерка.[21] Амел Бераба се приклучила на Шугабејбс кон крајот на декември 2005 година како замена за Буена.[22]

Како резултат на заминувањето на Буена, Taller in More Ways бил реиздаден во март 2006 година со додавање на нова песна, „Now You're Gone“, и три повторно снимени песни со гласот на Бераба: „Gotta Be You", „Follow Me Home" и „Red Dress", а „Red Dress“ и „Follow Me Home“ станувале трет и четврт сингл на Taller in More Ways, соодветно.

Overloaded: The Singles Collection е прв албум со најголеми хитови на Sugababes. Бил објавен на 10 ноември 2006 година. Албумот содржел 12 синглови од групата.

2007–2008: Change и Catfights and Spotlights

уреди

Во март 2007 година, Шугабејбс соработувале со британската женска група Girls Aloud за нивниот осумнаесетти сингл, преработка на песната од Аеросмит „Walk This Way“. „Walk This Way“ станал петти сингл на групата на прво место во Велика Британија.[23]

 
Третата постава на Sugababes во април 2008 година на Change Tour, нивната најголема турнеја дотогаш

По турнејата Greatest Hits, Sugababes се вратиле во студио за да работат на новиот албум Change. „About You Now“ бил издаден како водечки сингл од албумот во септември 2007 година. По објавувањето, песната станала шести сингл на групата на прво место во Обединетото Кралство и прв сингл на врвот на унгарската топ листа.[24] Четири недели била на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија.[25] Во 2008 година „About You Now“ била номинирана за Брит награда за најдобар британски сингл и со продадени од речиси 500.000 примероци е нивен најпродаван сингл досега.[26] Во изданието на Гинисовата книга на рекорди од 2009 година, „About You Now“ била наведена како „прва песна од британски поп изведувач која се нашла на врвот на топ-листата за синглови само со дигитални преземања“.

Албумот Change бил издаден преку на 1 октомври 2007 година и станал втор албум на групата кој се искачил на прво место на британската топ-листа за албуми. Од албумот биле издадени уште два сингла: „Change“ (декември 2007 година)[27] и „Denial“ (март 2008 година). Од март до мај 2008 година, Sugababes патувале низ Обединетото Кралство на триесет концерти за Change Tour, нивната најголема турнеја дотогаш.

По турнејата Change, Шугабејбс се вратиле во студио за да напишат и снимат песни за нивниот шести студиски албум, Catfights и Spotlights.[28] Албумот бил објавен на 17 октомври 2008 година. „Girls“, водечкиот сингл од Catfights и Spotlights бил објавен во октомври 2008 година. Вториот и последен сингл од албумот, „No Can Do“, бил објавен во декември.

2009–2010: заминувањето на Бјукенан и Sweet 7

уреди

По објавувањето на „No Can Do“, групата одлучила да не оди на турнеја во 2009 година и за сметка на тоа да се насочи на пишување и снимање материјал за нивниот седми студиски албум. The Sugababes заминале за САД за да работат на нивниот седми студиски албум, Sweet 7.[29][30] Во април 2009 година, Sugababes потпишале договор со издавачката куќа од Џеј Зи, Roc Nation,[31] по што почнале да работат со продуценти од висок профил.[31] Водечкиот сингл од Sweet 7, „Get Sexy“, дебитирал на второ место на топ-листата за синглови во Велика Британија во септември 2009 година.[32] Во септември 2009 година, било објавено дека Бераба ги напуштила Шугабејбс бидејќи пропуштила два настапа за промовирање на Sweet 7. Исто така, се шпекулираше дека Џејд Јуен, претставничката на Обединетото Кралство на Евровизија во 2009 година, ќе ѝ се приклучи на групата како замена за Бераба.[33] На 21 септември, било откриено дека Бјукенан, единствениот преостанат оригинален член од групата, заминала од Шугабејбс и била заменета со Јуен.[34] Бјукенан на Твитер открила дека не била нејзина одлука да замине, по што некои новинари напишале дека била „отпуштена“.[35]

Новата членка, Јуен, била доведена во Соединетите Држави за да го сними спотот за синглот „About a Girl“ само неколку дена откако Бјукенан ја напуштила групата.[36] Албумот требало да биде објавен во ноември 2009 година, но бил одложен за март 2010 година. Третиот сингл од албумот „Wear My Kiss“ дебитирал на 7-мо место во Обединетото Кралство, и Sweet 7 станал нивен прв албум по Taller in More Ways кој содржел барем три топ-десет хитови. Албумот бил објавен на 15 март 2010 година. Се искачил на 14-то место во ОК, но бил негативно примен од критичарите; тие го критикувале недостатокот на препознатлив звук и душа на групата, како и губењето на идентитетот на групата поради заминувањето на Бјукенан.[37]

Во март 2010 година, поранешниот член од групата Мутија Буена поднела барање до Европската управа за трговски марки за сопственост на името на групата. Апликацијата била поднесена среде контроверзноста за заминувањето на Бјукенан, во која Буена инсистирала на тоа дека „Шугабејбс ги нема“ без ниту еден основачки член во групата.[38] Било потврдено дека Буена добила право да го користи името на хартија, картон и стоки; имено канцелариски материјал, хартиена фолија за подароци и хартиени ленти за пакување подароци.[39][40] Истиот месец, поради слабата продажба на Sweet 7, групата била исфрлена од Roc Nation.[41][42][43][44]

2011: Откажан албум и распаѓање

уреди
 
Четвртата постава на Sugababes која настапува во Честер Рокс во јули 2011 година, пред нивната пауза

Sugababes започнале да го снимаат осмиот студиски албум во април 2010 година.[45] Во јуни 2011 година, групата и нивните менаџери Сара Стенет и Mark Hargreaves Crown Music Management Services ја напуштиле нивната дотогашна издавачка куќа, Island Records и потпишале нов договор за дистрибуција на три албуми со RCA Records од Sony Music, а Crown Music Management Services станала нивна издавачка куќа.[46]

Нивниот прв и единствен сингл со новата издавачка куќа, „Freedom“, бил објавен за бесплатно преземање на 25 септември 2011 година.[47] Потоа групата започнала пауза [48] за нејзините членки да работат на соло-проекти: Рејнџ учествувала во седмата серија на Танцување на мраз,[49] Бераба подготвувала соло-материјал[50] а Јуен се натпреварувала во првата серија од <i id="mwAbw">Splash!</i>.

2011–2018: Здружување на оригиналната постава под името Mutya Keisha Siobhán

уреди

Во јуни 2010 година, само девет месеци по напуштањето на Шугабејбс, Бјукенан била контактирана за можно здружување со Буена и Донаги.[51] Во октомври 2011 година, неколку медиуми објавиле дека оригиналната постава на Sugababes ќе се здружи повторно.[52][53][54] Текстописецот Емили Санде за MTV UK потврдила дека напишала нови песни за Буена, Бјукенан и Донаги и рекла: „Да, точно е. Пишував песни за оригиналната постава на Sugababes, за што сум многу среќна.“[55]

Во април 2012 година, било објавено дека составот потпишал договор за снимање од 1 милион фунти со Polydor Records.[56] Во јули 2012 година, официјално било потврдено дека групата се возобновила под името Mutya Keisha Siobhan и подготвува нов албум под Полидор.[57] Името било официјално регистрирано во Европската Унија на 27 јуни 2012 година.[58] Групата присуствувала на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2012 година на 27 јули 2012 година и објавила слики на нивната официјална страница на Инстаграм, со што го одбележале првото заедничко јавно појавување на триото по единаесет години.

Во ноември 2012 година, групата била номинирана за Gossip Best Girl Band според анкетата на Yahoo! од 2012 година, заедно со Little Mix, Stooshe, Girls Aloud, The Saturdays и Spice Girls.[59] Нивното враќање беше прогласено за единаесетти најголем момент во 2012 година на списокот од NME од „75 моменти кои ја дефинираа 2012“. Групата се појавила и на насловната страница на модното списание Ponystep во декември 2012 година.[60]

Истиот месец, биле на настап на новогодишната забава на Ponystep каде испеале три песни од Sugababes: „Overload“, „New Year“ и „Freak Like Me“. Тие исто така направиле преработка на песната „Diamonds“ од Ријана.[61]

Во јуни 2013 година, групата го издала синглот „Flatline“.[62][63]

2019-сега: Враќање на името Sugababes и The Lost Tapes

уреди

Бјукенан, Буена и Донаги ги вратиле правата за името на групата Sugababes во 2019 година.[64] Подоцна истата година, групата придонела за албумот Garage Classical од DJ Spoony со преработка на песната „Flowers“ од Sweet Female Attitude од 2000 година.[65] Ова било прво издание на групата под името Sugababes по долги години работа како Mutya Keisha Siobhan.[66] Групата открила дека работи на нови песни и на специјален проект за 20-годишнината од објавувањето на <i id="mwAkw">One Touch</i>;[67] сепак нините планови биле ставени во мирување поради COVID-19 пандемијата.[68]

На 11 мај 2021 година, Шугабејбс објавиле преработка на синглот од 2001 година „Run for Cover“ заедно со пејачот МНЕК.[69][70] Истиот ден тие го најавиле проширеното издание на One Touch, на кое имало нови демо-снимки и ремикси од Дејв Хајнс, Metronomy и други. На 22 јуни 2021 година, Sugababes ја објавиле песната Blood Orange, ремикс на песната „Same Old Story“ од албумот One Touch.[71][72][73][74] Албумот се искачил на 18-то место на топ-листата за албуми во Велика Британија.

На 3 јуни 2022 година, песната од Mutya Keisha Siobhan од 2013 година, „Flatline“, била реиздадена под името Sugababes.[75] Од 16 октомври 2022 година до 7 ноември 2022 година Sugababes биле на турнеја низ Обединетото Кралство.[76][77] На 15 декември 2022 година, Шугабејбс објавиле дека ќе одат на турнеја низ Австралија во февруари 2023 година.

На 24 декември 2022 година, Шугабејбс изненадно го објавиле албумот The Lost Tapes на интернет. Албумот бил снимен во 2013 година, но не бил официјално издаден.[78] Во соопштението на интернет групата изјавила: „Го напишавме овој албум пред речиси 8 години и од различни причини не доби официјално издание, па многу сме горди што The Lost Tapes сега е достапен на сите стриминг платформи“. Групата исто така потврдила дека албумот бил издаден независно. На 30 декември 2022 година, The Lost Tapes дебитирал на второ место на топ-100 листата за преземени албуми во Велика Британија.[79]

На 15 септември 2023 година, Шугабејбс го објавиле синглот „When the Rain Comes“. Песната е прв сингл издаден од нивната нова издавачка куќа BMG.[80] „When the Rain Comes“ се очекува да се најде на следниот студиски албум на Sugababe, кој треба да излезе во 2024 година.[81]

Членови

уреди

Сегашни членови

уреди
  • Киша Бјукенан (1998–2009, 2011–сега)
  • Мутија Буена (1998–2005, 2011–сега)
  • Шивон Донаги (1998–2001, 2011–сега)

Поранешни членови

уреди
  • Хајди Рејнџ (2001–2011)
  • Амел Бераба (2005–2011)
  • Џејд Јуен (2009–2011)

Времеплов

уреди

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • One Touch (2000)
  • Angels with Dirty Faces (2002)
  • Three (2003)
  • Taller in More Ways (2005)
  • Change (2007)
  • Catfights and Spotlights (2008)
  • Sweet 7 (2010)
  • The Lost Tapes (2022)

Наводи

уреди
  1. MacKenzie Wilson. SugababesAllMusic (англиски)
  2. Raphael, Amy (21 June 2003). „Amy Raphael talks to Siobhan Donaghy“. The Observer. ISSN 0029-7712. Архивирано од изворникот на 6 July 2018. Посетено на 19 July 2020.
  3. Празен навод (help)
  4. „Sugababes“. Contactmusic.com. Посетено на 18 January 2022.
  5. „Sugababes bio“. 7digital.com. Архивирано од изворникот на 27 September 2007. Посетено на 7 October 2008.
  6. „Sugababes Video, Pictures, Music“. Australia: AskMen. Архивирано од изворникот на 25 April 2012. Посетено на 22 November 2011.
  7. 7,0 7,1 „Sugababes history“. London: BBC. 21 December 2005. Архивирано од изворникот на 29 January 2006. Посетено на 16 November 2006.
  8. „Sugababe Siobhan, "Bully Keisha made my life a living hell". Heat. Архивирано од изворникот на 2 May 2014. Посетено на 2 August 2013.
  9. „Artists“. Surge.co.uk. Архивирано од изворникот на 27 September 2007. Посетено на 16 December 2006.
  10. 10,0 10,1 Music Week, 1 November 2008; CHARTS ANALYSIS: AC/DC don't mind the gap after twenty eight years. Alan Jones. Pg. 37
  11. 11,0 11,1 „Certified Awards“. Архивирано од изворникот на 24 January 2013. Посетено на 23 October 2021.
  12. „Platinum Europe Awards 2003“. ifpi.org. Архивирано од изворникот на 15 March 2012. Посетено на 17 December 2006.
  13. „25 October 2003 Top 40 Official UK Singles Archive“. Official Charts Company. 25 October 2003. Архивирано од изворникот на 7 January 2016. Посетено на 22 November 2011.
  14. „Sugababes“. AskMen.com. Архивирано од изворникот на 17 January 2007. Посетено на 6 January 2007.
  15. 15,0 15,1 15,2 Cartner-Morley, Jess (16 September 2005). „Mean Girls“. Guardian Unlimited Arts. London. Архивирано од изворникот на 20 May 2007. Посетено на 6 January 2007.
  16. „Artists – Sugababes“. BBC. Архивирано од изворникот на 17 January 2007. Посетено на 6 January 2007.
  17. „Communication: William Day“. Spec Magazine. Архивирано од изворникот на 29 September 2011. Посетено на 6 January 2007.
  18. Cartner-Morley, Jess (16 September 2005). „Mean Girls“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 10 July 2013. Посетено на 24 May 2010.
  19. „Official | Medicaid at“. Theofficialchart.com. Посетено на 22 November 2011.
  20. „2005 The Number One Albums“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 18 August 2011. Посетено на 22 November 2011.
  21. „Revealed: Why Mutya Left Sugababes“. MTV News. 27 March 2007. Архивирано од изворникот на 28 October 2018. Посетено на 9 November 2020.
  22. „Sugababes unveil new band member“. London: BBC. 22 December 2005. Архивирано од изворникот на 15 January 2009. Посетено на 14 November 2008.
  23. Sarah-Louise James (13 March 2007). „Babes Aloud at No 1“. MTV News. Архивирано од изворникот на 17 March 2008. Посетено на 20 April 2008.
  24. „Archívum – Slágerlisták – MAHASZ – Magyar Hangfelvétel-kiadók Szövetsége“. Mahasz.hu. Архивирано од изворникот на 4 August 2012. Посетено на 22 November 2011.
  25. „2007 The Number One Albums“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 11 August 2011. Посетено на 22 November 2011.
  26. „The BRIT Awards: "About You Now". Архивирано од изворникот на 7 September 2008.
  27. „HMV.com singles: Change (2007)“. HMV. Посетено на 28 October 2007.
  28. Salmon, Chris (17 March 2008). 'We're the biggest ... '. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 22 March 2008. Посетено на 24 March 2008.
  29. „Sugababes 'fly to US to start new album'. Digital Spy. 6 April 2009. Архивирано од изворникот на 15 June 2009. Посетено на 6 July 2009.
  30. „News, Heading to the States !“. Sugababes. 21 April 2009. Архивирано од изворникот на 29 September 2009. Посетено на 6 July 2009.
  31. 31,0 31,1 „Sugababes 'sign up to Jay-Z label'. Digital Spy. 27 April 2009. Архивирано од изворникот на 1 June 2009. Посетено на 6 July 2009.
  32. 12 September 2009 Top 40 Official UK Singles Archive Архивирано на 1 август 2020 г. . Official Charts
  33. „Amelle leaves Sugababes?“. New! Magazine. London. 19 September 2009. Архивирано од изворникот на 9 October 2011. Посетено на 6 July 2011.
  34. „Keisha Buchanan leaves Sugababes“. Digital Spy. 21 September 2009. Архивирано од изворникот на 20 June 2012. Посетено на 27 April 2010.
  35. Michaels, Sean, "Sugababes' Keisha sacked from band" Архивирано на 7 октомври 2015 г., The Guardian, 22 September 2009
  36. „Amelle, Heidi 'quit band, not Keisha'. Digital Spy. 25 December 2009. Архивирано од изворникот на 24 March 2010. Посетено на 27 April 2010.
  37. „Lady GaGa reclaims UK album top spot“. Digital Spy. 21 March 2010. Архивирано од изворникот на 9 June 2012. Посетено на 27 April 2010.
  38. „BBC News Mutya Buena applies to own Sugababes name“. BBC News. 4 March 2010. Архивирано од изворникот на 12 March 2010. Посетено на 25 November 2011.
  39. „Mutya Buena wins legal rights to Sugababes name“. NME. 24 August 2011. Архивирано од изворникот на 19 June 2012. Посетено на 25 November 2011.
  40. „Detailed trade mark information“. EUIPO. 19 November 2009. Посетено на 25 November 2011.
  41. „Jay-Z No Longer Takes Suga“. Архивирано од изворникот на 28 March 2022. Посетено на 11 January 2013.
  42. „Have the Sugababes been dropped?“. Архивирано од изворникот на 26 November 2021. Посетено на 11 January 2013.
  43. „Sugababes dropped by US label“. Архивирано од изворникот на 26 November 2021. Посетено на 11 January 2013.
  44. „Sugababes dropped by record label?“. Архивирано од изворникот на 27 March 2010. Посетено на 11 January 2013.
  45. „Sugababes begin work on new album“. Digital Spy. 21 April 2010. Архивирано од изворникот на 24 April 2010. Посетено на 27 April 2010.
  46. „Sugababes Sign To Sony RCA“. Media Essentials. 7 June 2011. Архивирано од изворникот на 30 August 2011. Посетено на 30 October 2011.
  47. „Singles Release Diary“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 3 December 2012. Посетено на 6 January 2012.
  48. „Sugababes' Jade Ewen Gives Some Front at Scottish Fashion Awards“. 12 June 2012. Архивирано од изворникот на 27 June 2012. Посетено на 11 January 2013.
  49. 'Dancing on Ice' lineup revealed: Heidi Range, Jennifer Ellison, more“. Digital Spy. 3 January 2012. Архивирано од изворникот на 4 June 2013. Посетено на 11 January 2013.
  50. „Sugababes star Amelle Berrabah confirms new solo single 'Rebel'. Digital Spy. 23 January 2012. Архивирано од изворникот на 30 January 2012. Посетено на 2 February 2012.
  51. Cragg, Michael (2023-09-16). 'We had to reclaim what was rightfully ours': the triumphant return of the Sugababes“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-09-18.
  52. Corner, Lewis (19 October 2011). „Sugababes original lineup to reform?“. Digital Spy. Hearst Magazines UK. Архивирано од изворникот на 23 July 2012. Посетено на 20 July 2012.
  53. „Original Sugababes lineup of Keisha, Mutya and Siobhan set to reform“. Metro. 18 October 2011. Архивирано од изворникот на 9 January 2012. Посетено на 20 July 2012.
  54. „Original Sugababes line-up rumoured to be reforming“. NME. 18 October 2011. Архивирано од изворникот на 20 January 2012. Посетено на 20 July 2012.
  55. Dorken, Joanne (25 January 2012). „Emeli Sande Confirms Song With Original Sugababes“. MTV. Архивирано од изворникот на 26 July 2012. Посетено на 20 July 2012.
  56. „Sugababes sign £1m record deal“. RTÉ.ie. RTÉ. 1 April 2012. Архивирано од изворникот на 22 September 2012. Посетено на 20 July 2012.
  57. Cochrane, Greg (20 July 2012). „Original Sugababes regroup as Mutya Keisha Siobhan“. Newsbeat. BBC. Архивирано од изворникот на 22 July 2012. Посетено на 20 July 2012.
  58. Saunders, Louise (20 July 2012). „Original Sugababes come up with catchy new relaunch name... Mutya Keisha Siobhan“. Архивирано од изворникот на 12 October 2013. Посетено на 20 July 2012.
  59. „Poll: Vote for your Best Girlband of 2012– will it be comeback queens Girls Aloud or new kids on the block Little Mix?“. Yahoo! UK & Ireland. omg!. 28 November 2012. Архивирано од изворникот на 11 December 2012. Посетено на 16 December 2012.
  60. „Original Sugababes Mutya Keisha Siobhan play secret comeback gig“. NME. 1 January 2013. Посетено на 18 January 2022.
  61. „Mutya Keisha Siobhan Cover Rihanna's 'Diamonds' At Surprise Gig - Video“. Capital. Посетено на 18 January 2022.
  62. „Mutya Keisha Siobhan announce new single 'Flatline'. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2 July 2013. Посетено на 30 June 2020.
  63. „Mutya Keisha Siobhan preview new single 'Flatline' – listen“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 18 July 2013. Посетено на 30 June 2020.
  64. White, Adam (22 June 2021). „Sugababes 'became about being sexy' amid endless line-up changes, says Keisha Buchanan“. The Independent. Архивирано од изворникот на 9 July 2022. Посетено на 16 July 2022.
  65. Copsey, Rob (28 August 2019). „DJ Spoony talks teaming up with Sugababes, Paloma Faith and Lily Allen on Garage Classical album and the garage revival“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 8 August 2020. Посетено на 20 September 2019.
  66. White, Adam (19 October 2019). „Sugababes reunion: Mutya, Keisha and Siobhan confirm new music for 20th anniversary“. The Independent. Архивирано од изворникот на 8 July 2022. Посетено на 16 July 2022.
  67. White, Adam (19 October 2019). „Sugababes reunion: Mutya, Keisha and Siobhan confirm new music for 20th anniversary“. Independent (U.K). Архивирано од изворникот на 26 November 2020. Посетено на 19 October 2019.
  68. Newsdesk (27 April 2020). „Sugababes star Mutya Buena has teased a return with a new EP“. Music-News. United Kingdom. Архивирано од изворникот на 7 August 2020. Посетено на 28 April 2020.
  69. Ryan, Gary (11 May 2021). „Sugababes tell us about celebrating 20 years of 'One Touch' and plans for new music - Check out the new remix of 'Run For Cover' by MNEK from the upcoming reissue of their debut, as the pop icons talk to us about their early days, Little Mix, racism and "going to work on something fresh". NME. Архивирано од изворникот на 13 May 2021. Посетено на 11 May 2021.
  70. „Sugababes Announce 'One Touch' 20th Anniversary Edition / Premiere MNEK 'Run For Cover' Remix“. thatgrapejuice. 11 May 2021. Архивирано од изворникот на 11 May 2021. Посетено на 11 May 2021.
  71. „Sugababes Same Old Story Blood Orange remix“. iTunes. United Kingdom. 27 November 2000. Архивирано од изворникот на 21 June 2021. Посетено на 22 June 2021.
  72. Ryan, Gary (22 June 2021). „Sugababes share Blood Orange remix of 'Same Old Story' and talk fighting for independence“. NME. United Kingdom. Архивирано од изворникот на 9 July 2021. Посетено на 5 July 2021.
  73. Darville, Jordan (22 June 2021). „Listen to Blood Orange's remix of "Same Old Story" by Sugababes“. mixmag. United Kingdom. Архивирано од изворникот на 9 July 2021. Посетено на 5 July 2021.
  74. Skala, Jemima (27 June 2021). „Blood Orange Remixes Sugababes' 'Same Old Story'. The Fader. United Kingdom. Архивирано од изворникот на 27 June 2021. Посетено на 5 July 2021.
  75. „Sugababes "Flatline" Spotify“. Spotify. 2 June 2022.
  76. Potton, Ed (3 November 2022). „Sugababes review — the original trio have the chemistry of a playground gang“. The Times. Посетено на 28 November 2022.
  77. Levine, Nick (3 November 2022). „Sugababes live in London: their triumphant comeback continues“. NME. Посетено на 28 November 2022.
  78. O'Connor, Roisin (24 December 2022). 'Thank you': Sugababes release album they recorded eight years ago“. The Independent. Посетено на 24 December 2022.
  79. „Official Album Downloads Chart Top 100 30 December 2022 - 05 January 2023“. Official Charts Company. 30 December 2022. Посетено на 30 December 2022.
  80. Griffiths, George (14 September 2023). „Sugababes to release new song When The Rain Comes tomorrow“. Official Charts. Посетено на 15 September 2023.
  81. „Sugababes return with new single When The Rain Comes, announce 2024 album“. Retro Pop Magazine. 15 September 2023. Посетено на 15 September 2023.

Надворешни врски

уреди