Кеша
Кеша Роуз Шеберт (анг. Kesha Rose Sebert; родена на 1 март 1987), подобро позната како Кеша (стилизирано и како Ke$ha) — американска поп-пејачка и текстописец. Во 2005, на 18 години, Кеша потпишала договор со издавачката куќа на Dr. Luke, Kemosabe Entertainment. Иако таа била активен музичар уште од тогаш, била позадински вокал и пишувала песни за други музички артисти, нејзиниот пробив на музичката сцена допол во раната 2009 откако се појавила на синглот број-еден од Фло Рида, „Right Round“.
Kesha Кеша | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Кеша Роуз Шеберт |
Роден(а) | 1 март 1987 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Потекло | Нешвил, САД |
Жанрови | Електропоп, денс-поп, кранккор[1] |
Занимања | Пејач, текстописец |
Инструменти | Вокали, пијано, гитара |
Период на активност | 2005–сега |
Издавачи | RCA, Kemosabe |
Соработници | Фло Рида |
Мреж. место | keshasparty.com |
Нејзиниот прв сингл, „Tik Tok“, издаден кон крајот на 2009, се искачил на првото место во 11 држави. Нејзиниот прв албум, Animal е издаден во јануари 2010 година и се искачил на прво место во САД, Канада и Грција. До септември, Кеша продала два милиони копии од албумот ширум светот и издала уште три топ-десет синглови од Animal.[2] Подоцна Кеѓа го издала и EP албумот, Cannibal, во ноември истата година, чиј водечки сингл „We R Who We R“ се искачил меѓу првите синглови на табелите.
Кеша рекла дека на неа музички влијанија имаат артистите како Мадона, Деби Хари, Queen, Џони Кеш, Ерон Невил, Боб Дилан и Beastie Boys. Нејзината музика сдржи елементи од денс-поп-музика, како и рап музика на многу песни.
Дискографија
уредиВидеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Tik Tok | 2009 | Syndrome |
Blah Blah Blah | 2010 | Брендан Малој |
Your Love Is My Drug | 2010 | Honey |
Take It Off | 2010 | Пол Хунтер,Dori Oskowitz |
Dirty Picture | 2010 | Алекс Херон |
Stephen | 2010 | SKINNY |
Animal | 2010 | SKINNY |
We R Who We R | 2010 | Хјуп Вилијамс |
Blow | 2011 | Крис Марс Пилиеро |
Die Young | 2012 | Дарен Креиг |
C'Mon | 2013 | Дарен Креиг |
Crazy Kids | 2013 | Дарен Креиг |
Dirty Love | 2013 | Кеша |
Timber | 2013 | Davis Rousseau |
Praying | 2017 | Џонас Акерлунд |
Woman | 2017 | Кеша,Лаган Себерт |
Learn to Let Go | 2017 | Исак Равишанкара |
Good Old Days | 2017 | Џони Валенсија |
Rainbow | 2017 | — |
I Need a Woman to Love | 2018 | Лаган Себерт |
Hymn | 2018 | Исак Равишанкара |
Here Comes The Change | 2018 | Џонас Акерлунд |
Body Talks | 2018 | Лаган Себерт |
Raising Hell | 2019 | Luke Gilford |
My Own Dance | 2019 | Allie Avital |
High Road | 2020 | MAGIC SEED |
Little Bit Of Love | 2020 | Kesha, Jonah Best & Mr Peep$ |
Stronger | 2021 | Andrew Donoho |
Турнеи
уреди- Get Sleazy Tour (2011)
Наводи
уреди- ↑ http://www.allmusic.com/album/r1818489
- ↑ 2,0 2,1 RCA Music Group (27 август 2010). "Kesha Continues Her 2010 World Domination". Соопштение за печат. посет. 28 август 2010 г