Бромоводородна киселина
Бромоводородна киселина — двоатомска молекула со формула HBr. Станува збор за безбојно соединение во облик на гас, при нормални услови. Бромовородната киселина се создава со растворање на бромоводород во вода. HBr е добро растворлив во вода, со масен удел од 68,85% на собна температура. Бромоводородот и бромоводородната киселина не се иста супстанца и покрај тоа што бромоводородната киселина се означува со HBr.
| |||
| |||
Други називи Хидрониум бромид | |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
10035-10-6 | |||
ChEBI | CHEBI:47266 | ||
ChemSpider | 255 | ||
EC-број | 233-113-0 | ||
| |||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
PubChem | 260 | ||
RTECS-бр. | MW3850000 | ||
| |||
UNII | 3IY7CNP8XJ | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Изглед | безбојна/слабожолта течност | ||
Мирис | acrid | ||
Густина | 1,49 g/cm3 (48% w/w aq.) | ||
Точка на топење | |||
Точка на вриење | |||
221 g/100 mL (0 °C) 204 g/100 mL (15 °C) 130 g/100 mL (100 °C) | |||
Киселост (pKa) | −9[1] | ||
Вискозност | 0,84 cP (-75 °C) | ||
Термохемија | |||
Ст. енталпија на образување ΔfH |
-36,3 kJ/mol | ||
Стандардна моларна ентропија S |
198,7 J/K mol | ||
Специфичен топлински капацитет, C | 29,1 J/K mol | ||
Опасност | |||
NFPA 704 | |||
Температура на запалување | Non-flammable | ||
Безбедносен лист | ICSC 0282 | ||
Слични супстанци | |||
Други анјони | Флуороводородна киселина Хлороводородна киселина Јодоводородна киселина | ||
Дополнителни податоци | |||
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Употреба
уредиПозната е употребата на HBr во хемиската синтеза. На пример,HBr се користи за производство на алкил бромид од алкохол:
Пример со формула: ROH + HBr → RBr + H2O
HBr се додава на алкените за да се добијат бромоалкани, кои се важно семејство на органските сооединенија.
Пример со формула: RCH=CH2 + HBr → RCH(Br)–CH3
Со добивање на HBr од алкини настануваат бромоалкени. Стегиметијата од овој тип е спротивно:
Пример со формула: RC≡CH + HBr → RC(Br)=CH2
Со додавање на HBr на халоалкени се формираат геминални дихалоалкани. (Овој тип на додатоци го следи Марковниковото правило):
Пример со формула: RC(Br)=CH2 + HBr → RC(Br2)–CH3
Исто така, HBr се користи за отворање на епоксиди и лактони, и во синтеза на бромоацетилен. Исто така, HBr се јавува како катализатор со многу органски реакции.[2][3][4][5] Предложено е да бромоводородната киселина се користи во проточни батерии..[6]
Лабораториски синтези
уредиHBr се синтерезира со користење на повеќе методи. HBr може да се подготви со дестилација на раствор на натриум или калиум бромид со фосфорна киселина или разредена сулфурна киселина [7]::
Пример со формула: 2KBr + H2SO4 → K2SO4 + HBr
Концентрираната сулфурна киселина не е ефикасна, бидејќи формираниот HBr се оксидира со гасовитиот бром:
Пример со формула: 2HBr + H2SO4 → Br2 + SO2 + 2H2O
Киселината, исто така, може да се подготви на неколку други начини, вклучувајќи и бром во реакција со фосфор и вода или со сулфур и вода [7]:
Пример со формула:2Br2 + S + 2H2O → 4HBr + SO2
Киселината уште може да се подготви со броминација на тетралин (1,2,3,4-тетрохидронафтален):[8]
Пример со формула:C10H12 + 4Br2 → C10H8Br4 + 4HBr
Бромот може да се редуцита со фосфорна киселина:
Пример со формула:Br2 + H3PO3 + H2O → H3PO4 + 2HBr
Водениот раствор на бромоводородот исто така може да се подготви во мали количини трифенолофосфониум броминд со рефлуктирачка киселина.[2]
HBr се припрема според горните наведени медоди каде може да биде онечистен со Br2, кој може да се отстрани со пропуштање на гас преку Cu мрежа или низ фенол.[9]
Наводи
уреди- ↑ Bell, R.P. The Proton in Chemistry, 2nd ed., Cornell University Press, Ithaca, NY, 1973.
- ↑ 2,0 2,1 -{Hercouet, A.;LeCorre, M. (1988) Triphenylphosphonium bromide: A convenient and quantitative source of gaseous hydrogen bromide. Synthesis, 157-158.}-
- ↑ -{Greenwood, N. N.; Earnshaw, A. Chemistry of the Elements; Butterworth-Heineman: Oxford, Great Britain; 1997;, pp. 809-812.}-
- ↑ -{Carlin, William W. U.S. Patent 4.147.601, April 3, 1979}-
- ↑ -{Vollhardt, K. P. C.; Schore, N. E. Organic Chemistry: Structure and Function; 4th Ed.; W. H. Freeman and Company: New York, NY; 2003.}-
- ↑ -{Hydrogen-based utility energy storage system}-
- ↑ 7,0 7,1 -{Pradyot Patnaik. Handbook of Inorganic Chemicals. McGraw-Hill, 2002, ISBN 978-0-07-049439-8}-
- ↑ -{WebElements: Hydrogen Bromide}-
- ↑ -{Ruhoff, J. R.; Burnett, R. E.; Reid, E. E. "Hydrogen Bromide (Anhydrous)" Organic Syntheses, Vol. 15, p.35 (Coll. Vol. 2, p.338).}-