Катализатор
Катализатор е секоја супстанција во хемијата која ги забрзува хемиските реакции, без притоа нејзиното количество при реакцијата да се измени. Хемиските реакции во кој учествува одреден катализатор се наречени реакции на катализа. Во случаи на хомогена катализа, катализаторот стапува во реакција со еден од реактантите (т.е. супстратот) и со него образува меѓупроизвод. Дури потоа меѓупроизводот стапува во заемно дејство со другите реактанти за на крајот да се образуваат продукти. При хетерогена катализа, пак, честички од реактантите се апсорбираат на површината на катализаторот, а потоа таму се случува елементарен акт на хемиска трансформација.
Реакција без катализатор: A + B --> AB Реакција со катализатор: A + B + K --> [ABK] [ABK] --> AB + K
Забрзувањето на хемиските реакции со присуство на катализатори е многу корисно, а каталитичките реакции наоѓаат широка примена. Практична важност имаат т.н. каталитички претворачи што се поставуваат на патот на издувните гасови кај автомобилите. Други, доста важни катализатори се биокатализаторите, наречени ензими, кои ги катализираат биохемиските реакции.
![]() | Оваа статија од областа на хемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |