Хемиски записи од биолошки интерес, скратено ChEBI,[1][2] - хемиска база на податоци и онтологија на молекуларни записи фокусирани на „мали“ хемиски соединенија, што се дел од напорите за слободни биомедицински онтологии (ОБО) во Европскиот институт за биоинформатика (ЕИБ). Поимот „молекуларен запис“ се однесува на кој било „ изотопски различен атом, молекула, јон, јонски пар, радикал, радикален јон, комплекс, конформер итн., кој може да се препознае како посебно разграничен запис“.[3] Молекуларните запис се или произлезени од природата или синтетички производи кои имаат потенцијална биоактивност. Молекулите директно кодирани од геномот, како што се нуклеинските киселини, белковините и пептидите добиени од белковини со протеолитичко расцепување, по правило не се вклучени во ChEBI.

Хемиски записи од биолошки интерес (ChEBI)
Содржина
ОписХемиска база на податоци
Заведени видови податоциМали хемиски соединенија
Контакт
Истраж. центарЕвропска молекуларна биолошка лабораторија Европска Унија
ЛабораторијаЕвропски инсттут за бионформатика Обединето Кралство
Пристап
Мреж. местоebi.ac.uk/chebi
URL за преземањеftp.ebi.ac.uk/pub/databases/chebi
URL на мреж. службаebi.ac.uk/chebi/webServices.do
Sparql-одредницаBIO2RDF
Алатки
Мрежноebi.ac.uk/chebi
Разно
Честота на објавувањеМесечна
Curation policyРачно создадена

ChEBI користи именување, симболика и терминологија одобрени од Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC) и од комитетот за именување при Меѓународната унија за биохемија и молекуларна биологија (NC-IUBMB).

Опсег и пристап

уреди

Сите податоци во базата на податоци не се ничија сопственост или се изведени од некомерцијален извор.Така, базата на податоци е слободно достапен за секого. Дополнително, секоја податочна ставка е целосно следлива и директно упатена на оригиналниот извор. Во опсегот кој е пај поврзан со други бази на податоци како што се ChEMBL, ChemSpider, DrugBank, MetaboLights и PubChem .

Податоците на ChEBI се достапни преку јавна мрежна страница, мрежни услуги, SPARQL и преку нив може да се вршат преземања.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 de Matos P, Alcántara R, Dekker A, Ennis M, Hastings J, Haug K, Spiteri I, Turner S, Steinbeck C (2010). „Chemical Entities of Biological Interest: an update“. Nucleic Acids Research. 38 (Database issue): D249-54. doi:10.1093/nar/gkp886. PMC 2808869. PMID 19854951.
  2. 2,0 2,1 „ChEBI: a database and ontology for chemical entities of biological interest“. Nucleic Acids Research. 36 (Database issue): D344-50. 2008. doi:10.1093/nar/gkm791. PMC 2238832. PMID 17932057.
  3. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "molecular entity". doi:10.1351/goldbook.M03986