Брештени
Брештени (дијалектно: Брешчени; грчки: Αυγή, Авги; до 1926 г. Μπρέστενη/Μπρέστανη, Брестени/Брестани;[2] до 1929 г. Крија Нера[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Брештени Αυγή | |
---|---|
Координати: 40°27′N 21°11′E / 40.450° СГШ; 21.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Света Троица |
Надм. вис. | 740 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 159 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото Брештени се наоѓа на мала оддалеченост од реката Белица, западно од Рупишта и југозападно од градот Костур[4]. Сместено е во југозападниот крај на Костурската Котлина под падините на планинскиот масив на планината Вич, во историско-географската и етнографска област Костенарија. Сместено е во дол кој од исток е ограден со ридско шумовито земјиште, додека кон запад на благо закосените падини се наоѓа обработливото земјиште.
Историја
уредиВо минатото селото Брештени било мешана македонско-турска населба, при што во него според статистиките на Васил К’нчов живееле 180 Македонци и 125 Турци, додека Милоевиќ го спомнува со 28 македонски и 12 турски куќи[4]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брештани се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[5] По иселувањето на турското муслиманско население во 1924 година, по сила на Лозанската конвенција, тука се населени извесен број бегалски семејства од Мала Азија со вкупно 95 лица, така што селото одново станала мешана населба[4], овој пат со македонско и грчко-бегалско доселеничко население. Во времето на Грчката граѓанска војна селото многу настрадало — посебно македонските семејства: загинале 17 Македонци, додека 127 го напуштиле селото и побарале засолниште во СР Македонија и извесен број во источноевропските земји, при што во селото останале околу 50 Македонци[4].
Стопанство
уредиСелото Брештени има доста поволна положба за развој на земјоделството на допир на два вида земјишта - ридско и рамничарско со обилни извори на вода, поради кои тоа го носело грчкиот назив Крија Нера со значење „студени води“. Главни производи на селото се жито, леќа и тутун[6].
Население
уредиСпоред пописите во 1913 година селото Брештени имало 317, а во 1920 година 312 жители[4]. По 1924 година од селото се иселува турското муслиманско население, а се доселуваат бегалци од Мала Азија, но сепак бројот на Македонците останал малку поголем од оној на доселените бегалци, при што во 1928 година се попишани 265 жители[4]. Поради страдањата за време на Граѓанската војна голем дел од Македонците се иселиле при што останале само околу 50 души. Бројот на жителите во 1951 изнесувал 271, во 1961 година 264, во 1971 година 210, во 1981 година 209, а во 1991 година 222 жители[6].
Година | Население |
---|---|
1928 | 265 |
1940 | 433 |
1951 | 271 |
1961 | 264 |
1971 | 210 |
1981 | 209 |
1991 | 222 |
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Димитриј“ од XVIII век
Личности
уреди- Андон Брештенски (? - 1907) — македонски револуционер
- Вангел Поп Христов (? - 1907) — македонски револуционер
- Наум Георгиев — македонски револуционер.[7]
- Кирко Георгиевски (1921 – 1948) — партизан на ДАГ[8]
- Коста Георгиевски (1916 – 1947) — партизан на ДАГ[8]
- Сидо Атанасов — македонски национален деец во Драмско, обиен од грчки терористи; бил преселник во Рупишта[9]
Иселеништво
уредиПо 1924 година од селото во Турција се иселило турското муслиманско население, а по страдањата во Граѓанската војна од 1945-1949 селото го напуштиле 127 Македонци коии побарале засолниште во Република Македонија и извесен број во источноевропските земји.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρέστανη - Κρύα Νερά
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κρύα Νερά - Αυγή
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 10. ISBN 9989-9819-4-9.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
- ↑ 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). „Костурски округ (VIII/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 8,0 8,1 Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009[мртва врска]
- ↑ Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 132.