Боб на Зимските олимписки игри 2014
Боб на Зимските олимписки игри 2014 | ||||
---|---|---|---|---|
Двосед | мажи | жени | ||
Четворосед | мажи |
Натпреварите во боб на Зимските олимписки игри 2014 се одржаа на ледената патека Санки во близина на Краснаја Полјана, Русија. Трите дисциплини се одржаа помеѓу 16–23 февруари 2014 година.[1]
Распоред на натпреварување
уредиРаспоред на одржување на натпреварите во двете дисциплини.[2]
Саатницата е по месно време (UTC+4).
Датум | Време | Дисциплина |
---|---|---|
16 февруари | 20:15 | Машки двосед - прво и второ возење |
17 февруари | 18:30 | Машки двосед - трето и четврто возење |
18 февруари | 19:15 | Женски двосед - прво и второ возење |
19 февруари | 20:15 | Женски двосед - трето и четврто возење |
22 февруари | 20:30 | Машки четворосед - прво и второ возење |
23 февруари | 13:30 | Машки четворосед - трето и четврто возење |
Освојувачи на дисциплини
уредиТабела на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Русија (RUS) | 2 | 0 | 0 | 2 |
2 | Канада (CAN) | 1 | 0 | 0 | 1 |
3 | САД (USA) | 0 | 1 | 3 | 4 |
4 | Латвија (LAT) | 0 | 1 | 0 | 1 |
Швајцарија (SUI) | 0 | 1 | 0 | 1 | |
Вкупно | 3 | 3 | 3 | 9 |
Дисциплини
уредиДисциплина | Злато | Сребро | Бронза | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Машки двосед подробно |
Русија (RUS) Александар Зубков Алексеј Воевода |
3:45.39 | Швајцарија (SUI) Бит Хефти Алекс Бауман |
3:46.05 | САД (USA) Стивен Холкомб Стивен Лангтон |
3:46.27 |
Машки четворосед подробно |
Русија (RUS) Александар Зубков Дмитриј Труненков Алексеј Негодајло Алексеј Воевода |
3:40.60 | Латвија (LAT) Оскарс Мелбардис Арвис Вилкасте Даумант Дреишкенс Јанис Стренга |
3:40.69 | САД (USA) Стивен Холкомб Стивен Лангтон Куртис Томачевич Кристофер Фогт |
3:40.99 |
Женски двосед подробно |
Канада (CAN) Кејли Хамфрис Хедер Мојс |
3:50.61 | САД (USA) Елана Мејерс Лорин Вилијамс |
3:50.71 | САД (USA) Џејми Грубел Аџа Еванс |
3:51.61 |
Квалификации
уредиНа олимпискиот турнир во боб учествуваат максимално 170 натпреварувачи, односно 130 мажи и 40 жени. Конечниот список на учесници е одреден врз основа на состојбата на ранг листите на светската боб федерација на ден 20 јануари 2014 година, а квалификацискиот период започнал на 1 октомври 2013 и траел до 19 јануари 2014 година.[3] Пилотите на сите квалификувани екипи морале да учествуват на минимум 5 различки трки и на три различни патеки во текот на квалификациската и претпоследната сезона. Машките пилоти морале да бидат пласирани помеѓу најдобрите 50, а женските помеѓу најдобрите 40 на светските ранг листи.
Земји учеснички
уредиСе натпреварувале 169 натпреварувачи од 23 земји. Бројот на натпреварувачи по земја е означен во заградите.
|
Наводи
уреди- ↑ „Sliding Center Sanki“. SOOC. Архивирано од изворникот на 2013-10-13. Посетено на 10 November 2012.
- ↑ „Bobsleigh Schedule and Results“. SOOC. Архивирано од изворникот на 2014-03-20. Посетено на 10 January 2014.
- ↑ „Qualification Systems for XXII Olympic Winter Games, Sochi 2014“ (PDF). International Bobsleigh & Skeleton Federation. December 2011. Посетено на November 10, 2012.