Битка кај Анхијал (917)
42°38′35″N 27°38′12″E / 42.64306° СГШ; 27.63667° ИГД
Битка кај Анхијал | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-бугарски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бугарија | Византија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Симеон I | Лав Фока | ||||||
Сила | |||||||
60,000[1] | 62,000[1] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | 60,000 |
Битката кај Анхијал[2] се одвила на 20 август 917 година во близина на Анхијал, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство предводени од Лав Фока и силите на Бугарија предводени од царот Симеон I. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со убедлива победа на Бугарите. Според арапскиот хроничар ал-Масуд во битката учествувале вкупно 122.000 војници.
Битката од византиска гледна точка придонела до предизвикување на едни од најголемите несреќи кои некогаш и се случило на византиската војска[3] , и обратно една од најголемите воени успеси на Бугарија. Меѓу најзначајните последици претставувало официјално признавање на бугарските цареви, а со тоа и на Бугарија како држава од страна на Византија, и нејзина еднаквост со останатите империи.
Заднина
уредиПо бугарската победа во војната од 894-896 година, Византијците биле принудени да му оддадат почит на цар Симеон I. Во 912 кога византискиот цар Лав VI починал, неговиот брат Александар одбил да им оддаде почит на Бугарите. Симеон ја видел можноста да започне нова војна и да ги исполни своите амбиции за освојување на Цариград. Александар починал во истата година и новата влада, во рамките на патријархот Никола I Цариградски направил очајнички обиди да се избегне војната, ветувајќи дека новородениот цар Константин Порфирогенит ќе се ожени со една од ќерките на Симеон. Во одреден момент, патријархот и Симеон дури и се состанале надвор од ѕидините на Цариград, вршејќи ја церемонијата на крунисувањето. Потоа, Симеон започнал да ја користи титулата "цар на Бугарите", како и грчката титула Василевс[4].
Самиот брак бил поништен во 914 година од страна на регентот на империјата и мајка на Константин VII Порфирогенит, Зоја Карбонопсина. Како одговор на тоа, Бугарите започнале напади во Источна Тракија. Адријанопол ги отворил своите порти за Симеон во септември 914[5][6][7] и нејзиното население го признал Симеон како владетел[8], додека византиската војска била окупирана во источниот дел[9]. Во текот на следната година бугарските армии нападнале области околу Драч и Солун[10].
По склучениот мир со Арапите, војската од азиските провинции на Византија била префрлена на Балканот. За да се поттикне армијата и дополнително да се подигне борбениот дух, на гардата тагми однапред и биле исплатени латите, а Константин Кефала заедно со Константин Валелијас го покажале дрвениот крст, на кој бил распнат Исус Христос и војниците од целата армија се заколнале дека "ќе умрат еден за друг". По положувањето на заклетвата копнената армија се насочила против Бугарија. Во едно од писмата патријарх Николај Мистика, наведува дека византиската армија ги нападнала бугарските територии поради вознемирувачките известувања кои дошле од стратезите на Тракија, Македонија, Солунската, Драчката област, а исто така и од стратег Јован Вогас. Бидејќи византиската армија се придвижила покрај морето, најверојатно влегувањето во бугарска територија станало птеку Дебелт. Во врска со извештајот на Скилица дека битката се случила во близина на градот Анхијал на 6 август 917 година, некои истражувачи сметаат дека таму прегрупираните бугарски гранични сили се обидиле да ја запрат византиската офанзива, но по неуспехот се повлекле кон реката Анхијал и се приклучиле кон главните сили.
Подготовки
уредиДвете страни внимателно се подготвувале за одлучувачки крај на конфликтот. Царицата Зоја сакала да се направи брзо мировниот договор со Арапите[11][12] и да се вклучи целата војска на исток во војна со Симеон. Византијците се обиделе да најдат сојузници[13] и испратиле емисари кај Унгарците, Печенезите и Србите[14] но Симеон бил запознаен со методите на византиската дипломатија и од самиот почеток имал успешни акции за спречување на можен сојуз меѓу своите непријатели.[15]. Со тоа, Византијците биле принудени да се борат сами.
Византиска армија
уредиВо текот на 917, по серијата успешни кампањи, Византија ги стабилизирала источните свои граници, а генералите Јован Богас и Лав Фока биле во можност да се соберат дополнителни војници од Мала Азија[16], за да се зајакне царската тагмата и европските тематски војници, собирајќи сила од околу 30.000 до 62.000 луѓе[1][3]. Според Јован Скилица царевицата Зоја "решила заедно со сенатот дека треба да склучи мир со сарацините и да ја пренесе на запад целата источна војска, по кое ќе се обединат источните и западните сили, за да започне војна со Бугарите и сосема да ги уништи". Никола I Цариградски во едно од писмата забележува само дека навистина не може да остане незабележано од него "такво големо придвижување", на "толку голема војска". Во "Чудото на Свети Ѓорѓи" исто така се зборува за големиот број на војници собрани од сите области на империјата.
Ова била многу голема војска споредерно со современите стандарди, а негова цел била елиминирање на бугарската закана од север. Византиските команданти биле убедени дека нивната стратегија ќе биде успешна. Моралот на армијата бил дополнително подигнат кога Роман Лакапин тргнал на север по Дунав. Византијците се обиделе да ги поткуат на некои племиња[17].
На чело на византиската армија застанал Лав Фока, како главен командант на императорските сили. Во составот по наредба на царот Константин VII Порфирогенит од продолжението на Теофановата хроника е забележано дека тој "се одликувал повеќе со храброст, отколку со квалитетите на добар воен водач". За разлика информациите за командата на бугарската армија, составот на Византијците бил детално опишан во хрониките. Константин Липс (заедно со великодостојникот Леонтиј) го придружувал главниот командант како негов советник за сите прашања. Началник на тагмата на ескувитите бил Јован Грапсон, а на тагмата на иканатите - Олвијан Маруан. Помеѓу останатите војводи се споменати Роман Аргир со својот брат Лав Аргир, потоа Вардех Фока, кој бил брат на главниот командант и Мелиас, командант на Ерменците од Ликандос. Бродовите биле под команда на Роман Лакапин и имале за цел да ги пренесат Печенегите во Дунав.
Бугарска армија
уредиГлавните византиски извори не даваат податоци за бројноста и составот на бугарската армија[3], но индиректни такви има во расказот Miracula Sancti Georgii, додека ал-Масуд директно ги посочил бројките. Според Иван Божилов, од овие извори, станува јасно дека во бугарската војска учествувале унгарски и печенечки контингенти[18]. Христо Димитров се залага за мислењето дека најверојатно токму учеството на унгарскиот контингент во битката, а потоа и во офанзивата кон Цариград е историската основа за извештајот на Петар Ранзаниус за унгарскиот поход кон византиската престолнина[19]. Според ал-Масуд сојузната армија на Симеон изнесувала неверојатни 60.000 коњаници. На таквите информации не можат а да не се погледнат како некритични. Во секој случај, главната маса на бугарските сили ја сочионувале пешадијата.
Познато е дека бугарските претставници се плашеле од северен напад од страна на Византијците, Печензите или Унгарците. Поради тоа, две мали армии биле испратени за заштита на северните граници. На чело на бугарската војска застанал Симеон, кој лично учествувал во самата борба. Се смета дека во овој поход учествувуале и предводниците на походот против Србија, Теодор Сигрица и Мармаис.
Бојно поле
уредиАнхијалската област граничи на југ со Црното Море. Таа е релативно рамна додека на запад постојат неколку ниски висорамнини. Полето е преполовено од реката Анхијал која иако не е особено голема, во источниот крај е тинеста, доволно длабока и широка за да биде безбедна за минување. Денеска сè уште се води расправа за конкретното место на одржувањето на битката - дали тоа било североисточно од устието на Ахелој, блиску до Месемврија, или борбата се одвила југозападно од реката, односно во полето меѓу Анхијал и Ахелој.
Бидејќи е познато дека по поразот многу од Византијците се издавиле во морето и реката од една страна, а од друга, војводата Лав се спасил бегајќи во Месемврија, тогаш постои веројатност битката да се случила на источниот брег. Ако борбата се случила југозападно од Ахелој, Лав Фока тешко би стигнал до Месемврија, а обичните војници би претпочитале да побегнат по обратен пат и немало да има толку голем број удавени. Од друга страна, византиската армија никогаш не би се стационирала за борба со грбот кон морето, што зборува против теоријата битката да е одржана на исток од Анхијал.
Битка
уредиКампот на империјалната армија бил сместен на север и веројатно својата линија била со должина над 4 километри, додека оној на бугарската армија гледа на југ и бил паралелен на византискиот.
Почетокот на битката се одликува со крајно жесток судир во центарот. И од двете страни заробениците не биледонесени. Постепено византиските сили започнале да преовладуваат, и бугарскиот центар започнал да отстапува организирано[20]. Измамени дека битката на пракса е освоена, Лав Фока решил да го нанесе главниот удар со десното крило, и со тоа да ги доврши Бугарите. За таа цел наредил напад, вклучувајќи ги и резервите на војници кои ги поседувал. Бугарското лево крило исто така започнало да попушта. Поради жестоките напади на византиската армија кон насока на реката Анхијал, голем дел од неа - центарот и десното нејзиното крило ги изгубиле своите позиции.
Во овој критичен момент, бугарскиот цар Симеон со својата (тешка) коњаница и скриените резерви зад ридот Бибер до денешниот град Каблешково, поддржан од десното бугарско крило, изненадувачки го нападнал левото византиско крило. Византиските војници во паника биле отфрлени кон морето, по кое започнале да бегаат. Посебна паника завладеала кога започнале да се шират гласини дека Лав Фока загинал во битката.[3]. Истовремено бугарскиот центар и левото крило започнале со контраофанзива[21]. Искористувајќи на дезориентација на противникот и бегството од бојното поле, Бугарите презеле невидена масовна сеча[22]. Деморализацијата и безредното повлекување го чинеле животот на десетици илјади византиски војници. Голем дел од нив биле убиени, а друг голем дел удавени во морето, обидувајќи се да побегнат на југ кон Анхијал.
Византиската армија била речиси целосно уништена од Бугарите. Според ал-Масуд од сигурна смрт се спасиле околу 2.000 коњаници. Веројатно тие успеале да се повлечат на југ по песочната плажа и да стигнат до контролираниот од Византијците град Анхијал. Според византискиот хронограф, на бојното поле не загинале сите византиски војници, туку дел од нив успеале да побегнат, и истите да учествуват во подоцнешната битка кај Катасиртаи. Самиот Лав Фока успеал да се пробие во северна насока и да се спаси во Месемврија, кој се наоѓа само на 8 километри од реката. На бојното поле биле убиени Константин Липс и Јоан Грапсон[23].
Византискиот историчар Лав Ѓакон вели дека 75 години по оваа воена катастрофа областа кај Анхијал сè уште била покриена со десетици илјади римски скелети. Битката била меѓу најкрвавите во средновековната историја и некои историчари ја нарекуваат "битката на векот"[24].
Последици
уредиОгромната загуба на луѓе во оваа битка привремено ја парализирала воената моќ на Византија. Искуството на Лав Фока, заедно со Јован и Николај Дука да покажат отпор на офанзивата на Бугарите крај Катасиртаи, недалеку од Цариград завршило со нов пораз[25]. Овие неуспеси на бојното поле биле проследени со зголемување на незадоволството кај регентот Зоја од страна на населението. Во 919 година во земјата бил извршен државен удар на чело со Роман I Лакапин, лишувајќи ја Зоја од секаква власт. На сцената повторно излегол патријархот Николај Мистика. Во месец мај 919 година Лакапин ја омажил својата ќерка за младиот император Константин VII и се прогласил за василеопатор (татко на василевса), а во септември 919 година бил прогласен за цезар. Во следнава година, во декември 920 година бил крунисан за император. Веќе како соимператор на Константин VII, една година подоцна Роман се прогласил за автократор. Иако преземањето на власта од Роман Лакапин го означил почетокот на процесот на стабилизација на Византија, катастрофалните загуби кај Анхијал не дозволувале на империјата да закрепне целосно преку својата воена моќ во почетокот на неговото владеење.
И покрај успехот при Катасиртаи, Симеон не го опседнал Цариград, туку ја насочил својата војска против Србите, кои непосредно пред Битката кај Анхијал се здружиле со Византија и посредувале на империјата при преговорите со Унгарците против Бугарија. Дури по овој период, Симеон започнал подготовка за заземањето на Цариград, правејќи неуспешен обид за унија и заеднички активности со Арапите од Тунис. Обидот не успеал поради големиот поткуп од страна на византискиот дворец.
Интересно е да се напомене дека ваквата тактика користел и ханот на Волшка Бугарија - Габдула Челбир во септември 1223 година против Татарите. Тогаш кај денешниот град Самара тој ги поразил војниците на самиот Џингис Кан. И до денес таа битка е познат во цела Азија како "Овчја битка" бидејќи секој од заробените 4,000 Татари бил заменeн за по еден овен а водачот на татарската војска Уран, синот на Субетеј багатур како поглупав, за 10 овени.
Значење
уредиБитката кај Анхијал била една од најважните битки во вековните Византиско-бугарски војни. По битката, на Бугарија и била етаблирана улогата како клучен фактор во Европа. Сепак, династички бракови кои Симеон сакал да ги воспостави со византиското царското семејство не се исполниле. По неговата смрт во 927 сепак, неговиот наследник Петар I бил во можност да ја обезбеди раката на внуката на царот Роман I[26], Марија а со тоа и признавањето на царската титула и автокефалноста на бугарската црква. Со овој договор следувал период од 40 години на мирољубиви односи меѓу двете сили, време на стабилност и просперитет за Бугарија[27].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Bakalov (2003) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Bakalov“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Stephenson (2004), p. 23
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Haldon (2008), p. 92
- ↑ Stephenson (2004), p. 22
- ↑ Theophanes Continuatus. Chronographia, p.387
- ↑ Leo Grammaticus. Chronographia, p.293-294
- ↑ Pseudo-Simeon. Chronographia, p.723
- ↑ Островски, Г. Историја Византије, с.255
- ↑ Georgius Monachus Continuatus. Chronicon, p.805
- ↑ Nicolaus Patriarcha. Epistolae, ep. 9, col. 76C
- ↑ Theophanes Continuatus. Chronographia, p.388
- ↑ Georgius Monachus Continuatus. Chronicon, p.806
- ↑ Ioannes Skylitzes. Historia, 2, p.283-284
- ↑ Constantinus Porphyrogenitus. De administrando imperio, §32, p.156
- ↑ Божилов, Ив. България и печенезите, 47–51
- ↑ Leo Grammaticus. Chronographia, p.244
- ↑ Nicolaus Patriarcha. Epistolae, ep. 9, col. 73A
- ↑ Kristó Gyula: Levedi törzsszövetségétől Szent István államáig; Magvető Könyvkiadó, Budapest, 1980 p. 248 From Miracula Sancti Georgii. Hungarian translation: "A nyugati népek, azaz a bolgárok, magyarok, szküthák, médek és türkök leghevesebb felkelése történt" English translation from the Hungarian: It was the most violent upraising of the Western nations: the Bulgarians, Hungarians, Scythians, Medians and Turks"
- ↑ Tóth, Péter. „Pecheneg - Hungarian Reconciliation after the Defeat of Riade, p. 27“ (PDF). Посетено на 2015-06-26.
- ↑ Theophanes Continuatus. Chronographia, p.388-390
- ↑ Leo Grammaticus. Chronographia, p.294-296
- ↑ Ioannes Skylitzes. Historia, 2, p.284-288
- ↑ Ioannes Skylitzes. Historia, 2, p.288
- ↑ Bojidar, Dimitrov (2002). Bulgaria Illustrated History. Boriana Publishing House. ISBN 9545000449.
- ↑ Theophanes Continuatus. Chronographia, p.290
- ↑ Stephenson (2004), p. 24
- ↑ Stephenson (2004), pp. 24–25
Извори
уреди„Битка кај Анхијал (917)“ на Ризницата ? |
- Theophanes Continuatus, ed. Bekker, pp. 388–90.
- John Skylitzes, Synopsis Historion, translated by Paul Stephenson.
- Васил Н. Златарски, История на българската държава през средните векове, Част I, II изд., Наука и изкуство, София 1970.
- Атанас Пейчев и колектив, 1300 години на стража, Военно издателство, София 1984.
- Йордан Андреев, Милчо Лалков, Българските ханове и царе, Велико Търново, 1996.
- Haldon, John (1999). Warfare, State and Society in the Byzantine World, 565–1204. Routledge. ISBN 978-1-85728-495-9.
- Haldon, John (2008). The Byzantine Wars. The History Press.
- Stephenson, Paul (2004). Byzantium’s Balkan Frontier: A Political Study of the Northern Balkans, 900–1204. Cambridge University Press. ISBN 0-511-03402-4.
- Bakalov, Georgi (2003). Том 5 от История на българите: Военна история на българите от древността до наши дни. TRUD Publishers. ISBN 978-954-621-235-1.