Битка кај Катасиртаи

Битката кај Катасиртаи се одвила во 917 година кај Катасиртаи, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Битка кај Катасиртаи
Дел од Византиско-бугарски војни
Датум 917
Место Катасиртаи, во близина на Цариград
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Симеон I Лав Фока
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато големи

Позадина

уреди

Од почетокот на 917 година и двете земји се подготвувале за одлучувачка војна. Византијците направиле обид за создавање на анти-бугарска коалиција, но обидот им пропаднал благодарение на брзата реакција на бугарскиот цар Симеон. Сепак Византијците организирале огромна армија, но таа била целосно уништена во Битката кај Анхијал.

Битка

уреди

По победата кај Анхијал, бугарските војски започнале офанзива на југ. Во тоа време Лав Фока, кој ја преживеал Битката кај Анхијал, пристигнал во Цариград по море и ги собирал последните војници за да го попречи патот на Бугарите кон главниот град. Двете армии се сретнале кај Катасиртаи. Борбата се одвила во текот на ноќта и византиската армија повторно била поразена[1].

Последици

уреди

Последните византиски сили биле скршени и патот кон византиската престолнина бил отворен, но Србите се побуниле од запад и Бугарите решиле дека е поважно да ги заштитат своите граници. Ова дало време на Византија да се опорави од поразот.

Наводи

уреди
  1. Lynda Garland (April 1, 2002). Byzantine Empresses: Women and Power in Byzantium AD 527-1204. Routledge. стр. 122.

Литература

уреди
  • Ioannes Scylitzes. Historia. 2, p. 88