Византиско-бугарски војни

Византиско-бугарски војни — низа на судири меѓу Бугарите и Византијците, кои се одвивале во текот на поголемиот дел од средниот век претежно на Балканскиот Полуостров. Конфликтите започнале откако основачите на Бугарија (Прабугарите) на чело со Аспарух се населиле во североисточниот дел на полуостровот во последната четвртина на 7 век и поминале низ неколку фази. До почетокот на 9 век државата на Аспарух и неговите наследници успеала да се наметне врз териториите на Византија и истата се наоѓала меѓу Стара Планина и долниот тек на Дунав. Во првата половина на 9 век следело брзо проширување на териториите кон југ и југозапад, повторно за сметка на Византија. Најпрвин во времето на хан Крум (владеел во 803-814), а подоцна и кај цар Симеон I (893-927), Бугарија претставувала сериозна закана за Цариград. Во текот на три века Бугарите од запад, заедно со Арапите од исток, биле најопасните непријатели на Византија. Борбата со Византијците бил важен фактор за јакнење на бугарската држава и нејзино трансформирање во централизирана монархија. Експанзијата над земјите, населени со Словени, поради успешните судири со Византијците, довело до промена не само во територијалниот, туку и во етничкиот изглед на Дунавска Бугарија.

Византиско-бугарски војни
Датум 680–1355 (675 години)
Место Балкан
Исход Османлиска инвазија на Балканот
Територијални
промени
Двете држави имале постојани територијални промени
Завојувани страни
Прво Бугарско Царство
Второ Бугарско Царство
Византија
Команданти и водачи
Аспарух
Тервел
Крум
Исбул
Симеон I
Ивец
Петар IV
Иван Асен I
Калојан
Теодор Светослав
Константин IV
Константин V Копроним
Никифор I
Теофил
Јован I Цимискиј
Василиј II
Јован III Дука
Михаил Глава

Во периодот на византиското владеење (до 1186 година), Бугарите кренале неколку неуспешни востанија. Востанието на Асен и Петар во 1185/1186 година довело до создавање на Второто Бугарско Царство со седиште во Трново. Во почетокот на 13 век, во времето на цар Калојан, возобновената бугарска држава ги опфаќала повторно (како три века порано) Мизија, Тракија и Македонија, а во периодот 1204-1261 година се вмешила активно во борбата меѓу Епир, Никеја и западноевропските крстоносци за наследството на привремено уништената Византија. Од втората половина на 13 век соперништвото помеѓу Бугарите и Византијците преминало во потесен територијален опсег (Тракија), паралелно со појавата на нови регионални сили (Унгарија, Златната орда, Србија, Турците). Ова соперништво го олеснило навлегувањето на Османлиите на Балканот во средината на следното столетие, како резултат на што и Бугарија, и Византија биле покорени од Османлиите.

Според поголемиот дел од историчарите, во Византиско-бугарските војни спаѓаат и конфликтите меѓу Самоиловото Царство и Византија.

Аспарух уреди

 
Византиско-бугарски војни во 80-те години на VII век

Византијците првично се судираат со основачите на Бугарија (Прабугарите) кога најмладиот син на хан Кубрат, Аспарух, се преселил кон запад, окупирајќи ја денешната јужна Бесарабија. Искористувајќи ги постојаните војни на Византија со Арапите, хан Аспарух ја поминал реката Дунав и влегол во Мала Скитија (денес Добруџа). Во 680 година византискиот цар Константин IV Погонат организирал голем копнен и морски поход против прабугарските племиња. Така се случила една од првите битки кај Онгала[1]. Војниците на царот Константин IV пристигнале во Онгала и започнале воени дејствија против прабугарските војници. Поради големиот број на византиски војници, прабугарската војска се повлекла во утврдување, кое било изградено на островот Певки. Војниците на Аспарух започнале да им нанесуваат тактички порази на византиските сили, без да се обидуваат целосно да ги разбијат[2]. Византијците започнале опсада на островот која траела четири дена, по кое царот Константин IV најавил на војниците дека оди на лекување во Акве Калиде (денес Бургас) и го напуштил бојното поле. Овој потег негативно влијаел врз борбениот дух на византиските сили. Добрата организирана одбрана на Прабугарите, нивната стратешка позиција[3] и нивните постојани напади предизвикале византиските сили да се повлечат. По нивното повлекување, прабугарските сили започнале голема контраофанзива нанесувајќи им голем пораз. По победата, силите на Аспарух ги зазеле земјите до Стара Планина[4].

Тервел уреди

 
Византиско-бугарски војни во почетокот на VIII век

Во 705 година, бугарскиот хан Тервел помогнал на детонираниот од власт во 695 година византиски цар Јустинијан II да се врати на престолот по 10 години заточеништво. За да покаже благодарност, Јустинијан ги наградил Бугарите со злато, сребро, свила, ја дал високата византиска титула "Кесарија" (Цезар) на бугарскиот владетел. Бугарија ја добила и стратешката област Загора, сместена меѓу денешна Стара Загора и Црно Море.

Три години подоцна, Јустинијан II решил да ги врати назад територите, кои претходно ги подарил. Во 708 година византиските коњаници пристигнале пред тврдината Анхијал и изградиле камп околу неа, бидејќи не се сомневала дека бугарската армија ги очекува скриена во планинските вериги во областа. Така, во 708 година помеѓу двете сили се одвила битка во која Византија била поразена[5]. Како резултат од битката Бугарија ги утврдила позициите во новите територии јужно од Стара Планина. Во 711 година Јустинијан II повторно побарал помош од Тервел (за да го врати повторно изгубениот престол). Бугарскиот владетел му испрартил само војска од 3,000 луѓе, на кои подоцна бил даден безбеден, слободен коридор за да се вратат во Бугарија. Јустинијан II по ова бил погубен.

Мировен договор бил склучен дури во 716 година. Со него биле регулирани границите во Тракија, годишниот данок на Византија за Бугарите, билатералните трговски односи и воената помош, која Бугарите ја дале на Византија, за да биде одбиена арапската опсада на Цариград во 717-718[6]. Мирот од 716 година се заќувал скоро четириесет години.[7]

Походи на Константин V Копроним уреди

Во 755 година завршил подолгиот период на мир меѓу Дунавска Бугарија и Византија. Повод за тоа претставувале големите победи над Арапите од страна на византискиот цар Константин V Копроним. По успехот, тој презел активности за зајакнување на границите со Бугарија. За таа цел во Тракија биле раселени население од Ерменија и Сирија, кои имале воена служба. Хан Кормисош внимателно ги набљудувал активностите на Византија, и изградбата на нови византиски тврдини на границата претставувало нарушување на мирот склучен во 716 година од неговиот претходник Тервел. Бугарските пратеници сакале од Константин да плати данок за новоизградените тврдини. Одбивањето на византискиот цар било проследено со бугарски напад во Тракија. По грабежите на византиските земји, војските на Кормисош пристигнале до околината на Цариград. Крај "Долгиот ѕид" тие биле пречекани и поразени од царската војска[8].

Во одговор на бугарската инвазија, во наредната година (756) Константин V Копроним презел голем поход кон Бугарија, на чие чело најверојатно во тоа време се наоѓал Винех[9]. Една војска била испратена со флота од 500 бродови кон Дунав каде нанеле голем пораз на бугарските сили[10]. Самиот цар со главните сили заминал во Тракија. Бугарите го пресретнале крај граничната тврдина Маркели (кај денешниот Карнобат).

 
Константин V и неговиот татко Лав III Исавријанин

Деталите за борбата не се познати, но таа завршила со победа на Константин. За да се избегне непријателска инвазија во своите земји, Бугарите испратиле заложници во Цариград[11]. Три години подоцна (759) Константин сепак повторно извршил напад во Бугарија, но претрпел пораз во Битката кај Ришкиот превој[12]. По битката, ханот Винех добил можност да ја нападне непријателската територија. Но наместо тоа, тој започнал мировни преговори. Ова дело му го навлекла гневот на аристократијата, поради која причина бил убиен во 761 година.

По големата победа на Бугарите во Битката кај Ришкиот превој во 759 година, Константин V започнал нов воен поход против Бугарија. Во самата Бугарија по Битката кај Ришкиот превој имало меѓусебни конфликти кои завршиле со победа на бојлите од родот Угаин. Иако имал успех против Византија, бугарскиот хан Винех бил убиен, а на негово место застанал Телец од родот Угаин[13].

Новиот владетел презел катастрофални напади во Тракија. Ова го принудило на византискиот цар да преземе повторен поход против Бугарите. Во јуни 763 година византиските војници на чело со Константин V се доближиле по копно до Анхијал, во непосредна близина на Стара Планина и бугарските граници. Посебна армија од скоро 10.000 коњаници била испратена против Бугарија по море со флота од 800 бродови[14]. Битката била долготрајна со големо крвопролевање. Конечно Телец бил принуден да се спасува со бегство. Византијците исто така имале големи загуби.Грешка во наводот: На ознаката </ref> ѝ недостасува ознака за затворање <ref>.Грешка во наводот: На ознаката </ref> ѝ недостасува ознака за затворање <ref>..

Во последната четвртина на 8 век бугарската држава излегла од домашната криза во која бил ставен крај на династија Дуло[15]. Владетелите Телериг и Кардам успеале да ја зацврстат централната власт и да стават крај на меѓусебните конфликти. Ова дало можност за започнување на бугарските напади во Македонија. Целта на овие напади била зазимање на областа и населувањето со словенски племиња кон државата со центар Плиска. Во 789 година, Бугарите пристигнале до течението на Струма каде на Византијците им нанеле голем пораз. За да ги принуди да се повлечат напаѓачите од Македонија, византискиот цар Константин VI (владеел во 780-797 година) презел офанзива во Северна Тракија, но во 791 година бил поразен во борба кај тврдината Проват[16]. Битката кај Проват останала без решителен карактер. Поради тоа, во текот на летото на следната 792 година византискиот цар испратил повторно војска кон Бугарија. Кардам го пресретнал со војниците крај граничната тврдина Маркели. На крајот на јули Константин VI се решил да ја нападне тврдината. Пред почетокот на битката, бугарскиот владетел тајно ја скрил дел од својата коњаница зад ридовите, настрана од бојното поле. Поради нерамниот терен кај византиската армија започнала да владее голема паника. Кардам го искористил тоа и презел противнапад[17]. Во овој противнапад бугарските сили доживеале голем успех. Коњаницата на Кардам го заобиколила на противникот и не му дозволила да замине кон тврдината[18]. По оваа победа, бугарските војски започнале напад кон царот, кој бил преследуван до Цариград. Византискиот цар бегајќи успеал да се спаси, но бугарските сили успеале да убијат голем дел од византиските началници[17][19]. По поразот Константин VI бил принуден да склучи мир со Кардам. Според договорот, Византија се обврзила да плаќа данок на Бугарија. Четири години подоцна (796 година) царот прекинал со плаќањето. Ова води до нова војна во Тракија, која завршила без решителен судир[20]. Непријателските активности меѓу Бугарија и Византија продолжиле и во времето на наследникот на Кардем, ханот Крум.

Од страна на ханот Крум, во 809 година била заземена Сердика. Одговорот на византискиот цар не задоцнил кога во почетокот на 811 година Никифор I организирал воен поход кон Плиска, главниот град на бугарските ханови. Кан Крум презел дипломатски мерки за мир, но Никифор го отфрлил неговиот преедлог "поради сопствените злонамери и поради едномислието на своите советници"[21]. Царот лично ги повел тагмите по Стара Планина[22] и на бугарска територија влегол на 20 јули 811 година. Во наредните три дена, Никифор пристигнал пред портите на бугарската престолнина Плиска и започнал со нејзина опсада. Византискиот воен поход се одликувал со невидени злосторства над месното население, кое било подложено на колење без разлика на пол и возраст. Откако византискиот цар ја ограбил и уништил резиденцијата на Крум, заминал кон Цариград како победник. Додека византискиот цар бил зафатен со целосната пропаст и уништување на Плиска, Крум ги мобилизирал сите расположливи сили и се подготвил за одмазда. Тој бил разгневен, како од одбивањето на царот да склучи мир, така и од невидените злосторства, грабежи и самоволие од византиските сили. Бугарите ги опколиле влезовите и излезите на планинските премини со дрвени бедеми и направиле заседи во тесните грла. Така, во теснините на Врбишкиот превој бугарските сили катастрофално ги поразиле на Византијците, притоа убивајќи го Никифор I. Ставрикиј, синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол (Одрин). Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.

По големата победа над византиската војска и смртта на царот Никифор I во Битката кај Плиска во 811 година, Византија се нашла во многу тешка ситуација. Синот на Никифор и легитимен наследник Ставракиј, кој бил сериозно ранет во битката, бил соборен во есента истата година, по државен удар. Михаил I Рангабе бил прогласен за цар.

Бугарија, која исто така претрпела тешки загуби и големи материјални штети за време на кампањата на Никифор, исто така морала да ја реорганизира својата армија и ресурси и не била во можност да започне нова војна до следната година. Бугарските напади биле главно концентрирани во Тракија, но, исто така и по долината на река Струма. Многу градови биле запленети и нивната популација била испратена далеку на север во Бугарија преку Дунав.

Во меѓувреме Бугарите продолжиле со напади во Тракија но во есента на 812 им бил понуден мир. Бугарската делегација била предводена од страна на Добромир[23][24], но византискиот цар одбил да склучи мир поради "сугестиите на неговите советници", како што вели Теофан[25]. Сепак, вистинската причина најверојатно биле точката три од договорот од 716 година според кој бегалците и од двете страни ќе бидат взаемно разменетииако без разлика дали некој од нив имал заговор против власта[26]. Таа точка била важна за Византијците поради авторитетот на нивните цареви кои биле ослабени, но, по кризата во Бугарија во средината на 8 век, овој предлог станал изгоден и за нив. Како одговор на одбивањето, бугарските сили го опколиле Несебар. И покрај загубата кај Несебар, Византијците не биле подготвени да ја решат ситуацијата по мирен пат[24]. Во текот на зимата на 812-813 година, ханот Крум започнал интензивни подготовки за напад против Византија и Михаил кога разбрал, соодветно започнал со подготовка за одбрана. Во февруари 813 бугарските сили организирале неколку напади во Тракија, но набргу се повлекле по првите судири со Византијците. Повлекувањето се сметало од страна на византискиот цар како победа[27] и тоа повлекување го охрабрило да направи контра напад.

Византиската војска се упатила кон север, но не ги презела сите активности за да се врати назад градот Несебар. Тие се сместиле во близина на Адријанопол каде војската започнала грабежи на своја земја.[27]. Во мај бугарскиот хан Крум исто така своите сили ги упатил кон Адријанопол[28]. Во јуни двете армии се сретнале во близина на малата тврдина Версиникија, северно од Адријанопол. Двете армии биле доста вознемирани што чекале дури 13 дена во жешките летни денови на Тракија за почеток на битката. Битката кај Версиникија траела кратко. По првичниот византиски успех, бугарските сили успеале да им нанесат еден од најголемите порази на византиските сили. Победата кај Версиникија и понатаму ја влошила хаотичната ситуација на Византија и му дала на бугарскиот хан можност за напади во близина на самиот византиски град Цариград. Битката исто така ја запечатила судбината на Михаил I Рангабе кој бил принуден да абдицира и да се повлече во манастир.

Патот кон Цариград бил отворен и бугарската војска започнала поход кон освојување на византиската престолнина[29] Имало уште неколку тврдини во Тракија, кои останале во византиски раце, особено Адријанопол кој бил опколен од братот на Крум. На 17 јули 813 Крум пристигнал пред ѕидините на Цариград и го поставил својот логор без никакви пречки[29][30]. Бугарите изградиле ровови по целата должина на ѕидовите на градот, а потоа Крум одеднаш понудил мировен договор[31]. По неуспешниот атентат врз Крум, тој разгневен наредил да бидат разграбени и опожарени црквите и манастирите во Источна Тракија[32], заробените византиски војници да бидат убиени додека богатството од грабежите да биде однесено кон Бугарија. Замоците и населени места во внатрешноста на Источна Тракија биле ограбени и целосно уништени. Кулминација на гневот му бил заземањето на Адријанопол и поробувњето на 10.000 војници кои го штитиле градот[33]. Крум по ова започнал масовна подготовка за напад на Цариград, која вклучувала Словени, Авари и специјални опсадни објекти. Загрижен од сите овие подготовки царот започнал зајакнување на ѕидовите на градот и заштитните објекти. Опсадата била повлечена поради смртта на Крум на 13 април 814. Во градот била наметната бугарска воена администрација на чело со крумовиот брат[34]. Со мировниот договор склучен во 814/815 година од хан Омуртаг, Адријанопол бил вратен во пределите на Византија[35].

Борис I и Симеон I уреди

За време на владеењето на Борис I, Бугарија поминала низ големи промени - христијанизацијата на земјата, со што бил означен почетокот на создавањето и консолидација на средновековната бугарска литература и писмо. И покрај големиот број на воени успеси против повеќето соседни земји, Борис I успеал да го зачува бугарскиот територијален интегритет.[36] Овие настани ги намалиле византиските надежи да извршат влијание на новата христијанизирана земја, и царот Лав VI Мудриот (886-912) наскоро имал шанса да се одмазди[37]. Монополот за трговија со Бугарија во Византија го добиле двајца големи трговци. Во спогодбата на Стилијан Зауцес овие трговци го пренеле центарот за трговија со Бугарија од Цариград во Солун и значително ги зголемиле царините[38] со кое бил нарушен договорот од 716 година[39][40]. Со тоа биле погодени бугарските интереси.[41], и откако сите протести останале без резултат[37], Симеон навлегол во Византија[42], како прва економска војна во Европа[38]. Во првата битка во 894 година византиската армија (составена претежно од царската гарда) била целосно поразена. Византиската дипломатија успеала да обезбеди сојузници - Унгарците кои во 895 година успеале на двапати да ги победат бугарските војници во Северна Бугарија (денешна Украина), па дури и да го опсаднат Симеон I во Дњепар и Дон. Во третиот конфликт, Унгарците биле запрени и поразени од Борис I, кој ја напуштил манастирската мисија за да му помогне на својот син. Подоцна со заеднички активности Бугарите и Печенезите ја надминале унгарската опасност.

Симеон кога се вратил во Преслав, горд на победата[43], започнал напади на Тракија. Византијците собрале многубројна армија од сите теми[43] (тие дури ги оповикале и војниците кои се бореле против Арапите на азиската граница). Двете армии се сретнале крај Бугарофигон во летото 896. Според еден византиски историчар, Византијците биле целосно поразени и сите убиени[43].

Стекнувајќи превласт, Симеон I ги предводел бугарските војници во Цариград, опожарувајќи ги селата по патот. Војната завршила со мировен договор кој формално траел до смртта на Лав VI во 912, според кој Византија била должна да плаќа на Бугарија годишен данок[44] во замена за враќање на 120.000 заробени византиски војници и цивили[45]. Според спогодбата, Византијците исто така отстапиле територии околу Црно Море и Странџа[46] а Бугарите исто така ветиле дека нема да ги нападнат византиските територии.

Во 912 кога византискиот цар Лав VI починал, неговиот брат Александар одбил да им оддаде почит на Бугарите. Симеон ја видел можноста да започне нова војна и да ги исполни своите амбиции за освојување на Цариград. Александар починал во истата година и новата влада, во рамките на патријархот Никола I Цариградски направил очајнички обиди да се избегне војната, ветувајќи дека новородениот цар Константин Порфирогенит ќе се ожени со една од ќерките на Симеон. Во одреден момент, патријархот и Симеон дури и се состанале надвор од ѕидините на Цариград, вршејќи ја церемонијата на крунисувањето. Потоа, Симеон започнал да ја користи титулата "цар на Бугарите", како и грчката титула Василевс[47]. Самиот брак бил поништен во 914 година од страна на регентот на империјата и мајка на Константин VII Порфирогенит, Зоја Карбонопсина. Како одговор на тоа, Бугарите започнале напади во Источна Тракија. Адријанопол ги отворил своите порти за Симеон во септември 914[48][49][50] и нејзиното население го признал Симеон како владетел[51], додека византиската војска била окупирана во источниот дел[52]. Во текот на следната година бугарските армии нападнале области околу Драч и Солун[53].

По склучениот мир со Арапите, војската од азиските провинции на Византија била префрлена на Балканот. За да се поттикне армијата и дополнително да се подигне борбениот дух, на гардата тагми однапред и биле исплатени латите, а Константин Кефала заедно со Константин Валелијас го покажале дрвениот крст, на кој бил распнат Исус Христос и војниците од целата армија се заколнале дека "ќе умрат еден за друг". По положувањето на заклетвата копнената армија се насочила против Бугарија. Во врска со извештајот на Скилица дека битката се случила во близина на градот Анхијал на 6 август 917 година, некои истражувачи сметаат дека таму прегрупираните бугарски гранични сили се обидиле да ја запрат византиската офанзива, но по неуспехот се повлекле кон реката Анхијал и се приклучиле кон главните сили.

 
Бугарска победа кај Анхијал.

Кампот на империјалната армија бил сместен на север и веројатно својата линија била со должина над 4 километри, додека оној на бугарската армија гледа на југ и бил паралелен на византискиот. Така одлучувачката битка се случила на 20 август 917 година кај Анхијал во која византиските сили претрпиле голем пораз. Византискиот историчар Лав Ѓакон вели дека 75 години по оваа воена катастрофа областа кај Анхијал сè уште била покриена со десетици илјади римски скелети. Битката била меѓу најкрвавите во средновековната историја и некои историчари ја нарекуваат "битката на векот"[54]. По победата кај Анхијал, бугарските војски започнале офанзива на југ. Во тоа време Лав Фока, кој ја преживеал Битката кај Анхијал, пристигнал во Цариград по море и ги собирал последните војници за да го попречи патот на Бугарите кон главниот град. Двете армии се сретнале кај Катасиртаи. Борбата се одвила во текот на ноќта и византиската армија повторно била поразена[55]. Последните византиски сили биле скршени и патот кон византиската престолнина бил отворен, но Србите се побуниле од запад и Бугарите решиле дека е поважно да ги заштитат своите граници. Ова дало време на Византија да се опорави од поразот.

По смртта на цар Симеон (27 мај 927 година) наследникот Петар I склучил мировен договор со Роман Лакапин, кој траел околу четири децении. Следствено од договорот Византија ја признала царската титула на бугарскиот владетел и издигањето на бугарската црква во патријаршија.

Паѓањето на Преслав уреди

 
Руските напади и походот на Јован I

Во времето на наследникот на цар Симеон - Петар I (владеел во 927-969 година), настапило воено слабеење на бугарската држава, за кое придонело и појавата на силни соседи на североисток и северозапад - Унгарци, Печенези и Руси[56]. Слабеењето на Бугарија се совпаднало со подемот на Византија, која во 60-тите години на 10 век извојувала имала успеси против Арапите во Блискиот Исток и Источното Средоземје.[57]. Во борбата со Арапите, Византијците ја усовршиле својата воена организација и тактика. Византиската армија била засилена со појавата на тешката коњаница. Економското зајакнување на Цариград овозможило на царевите да ги зголемат византиските и странските војници на постојана служба[58].

Во 966 година завршил 40-годишниот период на мир меѓу Бугарија и Византија. Еден од поводите за конфликтот бил одбивањето на Петар да ги сопре унгарските освојувачи, кои продирале од Бугарија во византиска Тракија.[59][60]. Византискиот цар Никифор II Фока (963-969) презел поход во јужните предели на бугарската држава[61]. Зафатен во војна со Арапите во Сирија, тој претпочитал да не ги троши сопствените сили против Петар[62]. Во започнатата византиска дипломатија во 968 година, рускиот кнез Светослав I се појавил на Дунав со голема војска. Русите ги освоиле североисточните бугарски земји (денешните Бесарабија и Добруџа). Цар Петар, кој не успеал да им се спротивстави, починал во почетокот на 969 година[63]. Неговиот наследник, Борис II бил принуден да се потчини на Светослав и да се приклучи кон походот против Цариград[64].

Во 970 година бугарските и руските војници војувале заедно против Византијците кај Аркадиопол (во Тракија[65]). За да ја отстрани руската закана, во 971 година новиот василевс, Јован I Цимискиј (969-976), повел војници на север од Стара Планина. Резултатот од овој поход бил освојување на Велики Преслав (во април) и Силистра (во јули) од Византијците[66]. Кнезот Светослав бил принуден да се повлече од Дунавска Бугарија[67]. Бугарскиот цар Борис II бил однесен во Цариград[68] со што Византијците сметале дека бил ставен крај на бугарската држава (971).[69]

Самоилово царство уреди

Самоиловото Царство било создадено по востанието на Комитопулите и истото траело во периодот од 976–1018 година. Востанието било кренато во 969 година и била отстранета бугарската власт од Југозападна Македонија со што била создадена нова словенска држава која во науката е позната како Македонско словенско царство, Самоилово Царство или ЗападноБугарско Царство со престолнина во Преспа. Империјата на Самоил преживеала до 1018 година, кога се распаднала и влегла во составот на Византија. Денеска, сè уште постојат спорови околу карактерот на империјата на Самоил.

Второ Бугарско Царство уреди

Асен и Петар уреди

Браќата Асен (Иван Асен I) и Петар (Теодор-Петар IV) појавиле загриженост за состојбата на бугарските земји кои постојано биле како воено поле во Тракија и Мизија. Двајцата браќа отишле кај византискиот цар Исак II Ангел со молба да империјата им даде имот со кој тие би се преврнале во локални феудалци, подчинети на престолнината. На тоа, царот им одговорил негативно, по кое двата браќа му се заканиле дека ќе го организираат месното население за избувнување на бунтови и востанија. Кон крајот на месец октомври, кога се славел празникот на Свети Димитар, при осветувањето на новата црква која била посветена на самиот светец, во исто време бил даден почетокот на востанието против Византија од страна на Асен и Теодор-Петар. Теодор бил прогласенза цар, бидејќи тој бил постариот од двата браќа, и го променил името си во Петар, како директен наследник на Петар I, цар од времето на Првото Бугарско Царство. За многу краток период, востанието успеало да се прошири низ скоро цела Северна Бугарија, со исклучок на градот Варна. Византиската власт не успеала да реагира адекватно на бугарските востаници, најмногу поради фактот што во истото време во престолнината се воделе дворски битки помеѓу Исак II Ангел и претендентот за престолот — Исак Комнин. Војска од страна на Византија била испратена дури откога востаниците ја преминиле Стара Планина, која војска претрпела пораз. Во текот на пролетта на 1186 година, Исак II решил директно да ја нападне византиската армија. Искористувајќи ја маглата, византиската армија успеала да ја премине Стара планина и успеала да ги принуди бугарските позиции да се повлечат. Византиската армија опожарила мал дел од заземената територија и се повлекла. Во исто време, бугарските востаници успеале да стапат во контакт со туркиските Кумани, барајќи заедно да се обединат против Византија.

Во текот на есента 1186 година, бугарско-куманската армија ја преминала Стара планина (Паристрион) и се разделила на два дела: едниот дел од армијата заминал кон Македонија, а другиот останал да дејствува во Источна Тракија. Војната се водела со променлив успех на двете страни, кое дополнително го инспирирало на бугарскиот цар да собира поголема и пообучена војска. Во текот на пролетта на 1187 година, Византиските војници успеале да ја преминат Стара планина и да го опседнат градот Ловеч т.е. Ловешката тврдина. Опсадата на градот можеби продолжила повеќе од колку што очекувал самиот Исак II. По ова, тој решил да се обиде преку преговори. Во преговорите, византискиот цар ја признал власта на династија Асенивци над Мизија, а како замена во плен го зедол братот на Асен и Петар, Јоаница (идниот Калојан). Веднаш по прогласување на мирот помеѓу двете земји, Бугарското Царство започало да ја обновува својата државна власт, да гради поголем број на тврдини. Како престолнина на новата бугарска држава бил избран градот Трновград, денешно Велико Трново, главно поради својата недостапност и стратегиска позиција. Така, во следните години, Трново станал еден од најголемите културно-политички и религиозни центри на Бугарија.

По преминуњето на крстоносците преку бугарските и византиските земји, Исак II решил конечно да зазеде поголем поход против Бугарите, организирајќи поход кон Трново. Меѓутоа, градот бил доволно добро заштитен за да византијците не можат да го заземат. Во Битката кај Тревна од 1190 година, Бугарија и нанела тежок пораз на Византиското Царство. Од тој момент, бугарската држава зазела големи походи против Византија низ цела Тракија. По големите неуспеси кои ги доживеал царот Исак II, во престолнината бил извршен преврат.

Калојан уреди

 
Бугарија во времето на Калојан.

Калојан, познат и како Ромеоубиец,[70], цар на Бугарија станал во 1197 година. Престолот го наследил во време кога земјата се наоѓала во голема нестабилност. Во текот на 1202 година, Римокатоличката црква ја организирала Четвртата крстоносна војна. Византискиоѕ цар Алексеј III Ангел, склучил договор со Калојан. Според договорот, под власта на Калојан се најдела цела Северна Бугарија, Браничевската област и Белградската област, како и делови од Северна Тракија и Македонија. Во исто време, Браничевската област и Белградската област биле окупирани од страна на Унгарија. По овој настан, царот Калојан успеал со својата војска да ги протере унгарците од истите области.

На 13 април 1204 година, крстоносците во текот на Четвртата крстоносна војна го зазеле Цариград, по кое дошло до привремено распаѓање на Источното Римско Царство односно Византија. Од териториите на Византија се создале неколку помали држави и тоа: Никејско Царство, која се смета како директен наследник на Византија, Епирско Деспотство и Трапезунтско Царство. Во заземаните територии, крстоносците основале свои држави и тоа: Солунско кралство и Латинско Царство.

По распаѓањето на Византија, следувал период на заедничко дејствување меѓу византиските нови држави и Бугарија против Латинското Царство.

Иван Асен II уреди

 
Територијата на Бугарија за време на владеењето на Иван Асен II

Во текот на 1217 година, во Бугарија се вратиле синовите на царот Иван Асен I. Царот Борил се засолнил во Трново, но во исто време ја изгубил поддршката од страна на своите сојузници и бил заробен. По ова, на бугарскиот престол се качил Иван Асен II. Во негово време, Бугарската држава се протегала на три мориња и била една од најсилните земји во Европа во тоа време.[71]

Во исто време, на јужниот дел од Балканскиот Полуостров, Епирското Деспотство на чело со Теодор Комнин Дука го уништило Солунското кралство. Иван Асен својата ќерка ја оженил со Теодор Комнин Дука со кое си осигурил привремена сигурност на јужните делови од своето царство.

Во текот на 1228 година починал латинскиот цар Роберт Кутрен, а на негово место застанал неговиот малолетен син Болдвин II. Овде повторно бил склучен договор помеѓу латинјаните и бугарите, во кои бугарскиот цар станал регент на латинскиот цар. Малолетната ќерка на бугарскиот цар, Елена, била омажена за латинскиот цар. Бугарите биле задолжени да помагаат на Латинското Царство при евентуалните војни со Епирското Деспотство. Градот Пловдив бил повторно вратен на Бугарија. Во текот на 1230 година, евентуалната офанзива од страна на Епир се оправдала по нападот на Теодор Комнин Дука врз територијата на Бугарија. Двете армии се сретнале на 9 март 1230 година во Битката кај Клокотница. Бугарската војска успеала да и нанесе тежок пораз на Епирското Деспотство, чија војска била многу побројна. Самиот Комнин заедно со своето семејство биле заробени. Оваа битка го најавило распаѓањето на деспотството.Б угарија и Никејското Царство повторно започнале да преговараат околу евентуалниот поход против Латинското Царство. Од страна на Иван Асен, како главно барање било решавање на прашањето околу независноста на бугарската патријаршија, никејскиот цар, кој бил наследник на византискиот престол, Јован III Дука, во сојузот со Бугарија ја гледал идната евентуална опсада на Цариград од неговите две страни.

Така, повторно преку династичен брак бил заклучен сојузот помеѓу Никејското Царство и Второто Бугатско царство. На соборот во Никеја, архиепископот Јоаким I бил прогласен за првиот патријарх на Бугарите. Во 1235 година, градот Цариград бил ставен под опсада. Заедничката опсада на сојузниците била неуспешна[72]. Сојузниците од опсадата се повлекле во есента, бидејќи доаѓала зимата. Двата цареви се договориле опсадата да биде продолжена во следната година, но тогаш бугарскиот цар одбил да испрати војници. По смртта на Јоан де Бриен во 1237 година, Бугарите го прекратиле договорот со Никеја, главно поради можноста Иван Асен II, да стане регент на Латинската империjа.

1261-1301 уреди

По периодот на латинската доминација во Цариград настапила промена на стратешките цели во вооружените конфликти помеѓу Бугарите и Византијците. Византија веќе не се стремила кон уништување на бугарската држава, а пред сè територијални придобивки во Тракија. Со мали исклучоци, бугарските цареви по Калојан и Иван Асен II се откажале од идејата за освојување на Солун и Цариград и се стремиле да ги задржат териториите населени со Бугари. Во споредба со другите непријатели на Византиското Царство, Бугарите станале второстепен фактор во надворешната нејзината политика[73].

Во 1262 година избувнала подолга војна меѓу Трновското царство и возобновената Византија. Една од причините била дека византискиот цар Михаил VIII Палеолог, кој најпрвин го поддржувал цар Константин Тих - Асен против Мицо Асен, започнал да го поддржува кандидатот за трновския престол[74].

Во почетокот на воените дејствија Константин Тих освоил голем број тврдини во Источна Тракија. Истовремено бугарските војници стекнале дел од Македонија.[74][75]. Во 1263 година византискиот војсководец Михаил Глава спровеел успешна офанзива - Бугарите изгубиле многу градови во Тракија, вклучувајќи ги Пловдив и Месемврија, која била предадена на Византијците од Мицо. Царот Константин Тих одговарил со нов упад во Источна Тракија со татарска помош во 1265, но не постигнал трајни успеси[76]. Војната завршила во 1269 година со договор, преку брак на бугарскиот цар за внука на Михаил VIII Палеолог. Билатералните односи останале непријателски до крајот на владеењето на Константин Тих[77].

Со востанието на Ивајло во 1277 година во Бугарија настапила меѓусебна војна. По загинувањето на Константин Тих во борбата против бунтовниците, цар Михаил VIII Палеолог го прокламирал Иван, синот на Мицо и внук на Иван Асен II, за бугарски цар и го испратил со војници на север од Стара Планина, за да го преземе царство (1278 година). Благодарение на посветеноста на Ивајло со Татарите, тие упаднале во североисточна Бугарија, и на поддршката на дел од бугарските првенци, синот на Мицо успеал да го преземе престолот во Трново и да се зацари под името Иван Асен. Византиските војници на чело со Михаил Глава ја зазеле скоро цела Мизија, достигнувајќи на запад до Видин, и го заобиколиле Ивајло во тврдината Дрестер. Овие успеси биле краткотрајни. Во 1279 година во војната настапил пресврт во корист на Ивајло, по кое Иван Асен бил принуден да избега во Византија[78]. На овој начин намерата на Михаил VIII Палеолог да ја потчини Бугарија преку својот поставеник на трновскиот престол не се исполниле[79].

Во времето на цар Андроник II (1282-1328) и цар Георги I Тертер (1280-1292) меѓу Трново и Цариград започнал мир[80]. Во почетокот на управувањето на следниот бугарски владетел, Смилец (1292-1298), започнал војна против Византијците, но истата била разнишана од Михаил Глава и тој бил принуден да склучи мир. Набрзо по смртта на Смилец во Трновското царство повторно започнала дестабилизација. Византијците се обидувале да наметнат свој поставеник на трновскиот престол, овој пат против цар Теодор Светослав (1300-1321). Првиот фаворит бил синот на Константин Тих, Михаил. Походот кон Трново во 1300/1301 година завршил со неуспех[81]. Малку подоцна во Бугарија со византиска војска бил испратен Радослав, еден од браќата на Смилец, но тој бил поразен и ослепен.

Последните војни и доаѓање на Османлиите уреди

Во 1304 година се водела војна помеѓу двете земји каде бугарските сили ги зазеле ги црноморските градови и области. По огромната победа, Светослав се упатил кон Одрин. По неколкугодишните војни, двете земји започнале да преговараат околу можно примирје. Во 1307 година бил потпишан договор помеѓу Византија и Бугарија, склучувјќи династичен брак на Светослав со ќерката на Михаил IX Палеолог. Наследник на Светослав бил Георги II Тертер (1322-1323), како последен од династија Тертер. Поради бунтовите околу византискиот престол, новиот цар организирал поход против Византија зазимајќи го Пловдив и Одрин. Но по крајот на дворската војна во Византија, новиот цар Андроник III повторно успеал да врати голем дел од своите територии. По овие неуспеси, по само неколку месеци бугарскиот цар изненадено починал без да остави наследник.

Михаил III Шишман Асен (1323-1330) бил основач на новата бугарска династија Шишман. Јован Александар (1331-1371) успеал да ја прошири земјата на југ. Тој ја водел последната битка со империјата на Византија. Во времето на неговото владеење започнала инвазијата на Османлиите. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во 1352 година, Османлиите ја зазеле првата тврдина на полуостровот, Цимпе. Следувале војните со Византија. По крајот на неговото владеење Второто Бугарско Царство се разделило на Видинско царство управувано од Иван Страцимир, Трновско царство управувано од Иван Шишман и Добруџанско деспотство управувано од страна на Добротица.

Османлиската инвазија во Тракија во 50-тите и 60-тите години на 14 век ставило крај на бугарско-византиските конфликти. Последната војна меѓу Трново и Цариград се случува во 1364 година, кога Јован V Палеолог ги зазел Поморие и Несебар[82].

Наводи уреди

  1. Петров, Образуване на българската държава, с. 202-205
  2. Чолпанов, Б., и др: Историја на Бугарите: Военна историја, стр. 73
  3. Атанасов, Щ. и др.: Българското военно изкуство през феодализма, стр. 37
  4. В. Бешевлиев, Първобългари, с. 60
  5. Николов, Г., Централизъм и регионализъм в ранносредновековна България (края на VII – началото на XI век), Акад. изд. „Марин Дринов“, София 2005, ISBN 954-430-787-7, с. 82-83; В. Бешевлиев, Първобългари, с. 54-55; Златарски, В., История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 1, София 1970, с. 219-221
  6. Златарски, История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 1, с. 238-244, 247; В. Бешевлиев, Първобългари, с. 76-77
  7. Златарски, История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 1, с. 267-268
  8. Златарски, I/1: 267-269
  9. Златарски, I/1: 272
  10. Златарски, I/1: 269-270
  11. Златарски, I/1: 270
  12. Златарски, I/1: 274-275
  13. Златарски, I/1: 276, 281
  14. Златарски, I/1: 282
  15. Златарски, I/1: 320-321
  16. Златарски, I/1: 315-316
  17. 17,0 17,1 Жеков, Ж. Военната тактика на българите VII-IX век Архивирано на 25 април 2009 г.
  18. Шиканов, 48
  19. Златарски, I/1: 317
  20. Златарски, I/1: 317-320
  21. Цитат на хронистот Теофан.
  22. Еден од ретките такви случаи, според бугарскиот византолог Мутафчиев, 1935 г.
  23. Theophanes Continuatus, Chronographia, p. 12
  24. 24,0 24,1 Josephus Genesius, Vasiliai (Reges), p. 12
  25. Theophanes Confessor, Chronographia, p.497
  26. Theophanes Confessor, Chronographia, p. 499
  27. 27,0 27,1 Theophanes Confessor, Chronographia, p. 500
  28. Scriptor Incertus, Historia, p. 336 - 337
  29. 29,0 29,1 Theophanes Confessor, Chronographia, p. 503
  30. Scriptor Incertus, Historia, p. 342
  31. Златарски, И. История на България, Т 1, Ч 1, 271 - 272
  32. Scriptor Incertus, Historia, p. 342 - 344
  33. Georgius Monachus, Chronicon, col. 981
  34. Гюзелев, Кавханите и ичиргу-боилите, с. 52
  35. Рънсиман, История на Първото българско царство, с. 71
  36. Andreev, pp. 73, 75
  37. 37,0 37,1 Andreev, p. 92
  38. 38,0 38,1 Mladjov, Ian. „Selections on Byzantium. Selections from the Chronicle of Ioannes Skylitzes, translated and adapted from B. Flusin and J.-C. Cheynet (2003)“. Посетено на 21 March 2011.
  39. Runciman, p. 144
  40. Zlatarski, p. 286
  41. Obolensky, p. 105
  42. Andreev, pp. 92–93
  43. 43,0 43,1 43,2 Andreev, p. 94
  44. Runciman, p. 148
  45. Treadgold, p. 464
  46. Zlatarski, pp. 318–321
  47. Stephenson (2004), p. 22
  48. Theophanes Continuatus. Chronographia, p.387
  49. Leo Grammaticus. Chronographia, p.293-294
  50. Pseudo-Simeon. Chronographia, p.723
  51. Островски, Г. Историја Византије, с.255
  52. Georgius Monachus Continuatus. Chronicon, p.805
  53. Nicolaus Patriarcha. Epistolae, ep. 9, col. 76C
  54. Bojidar, Dimitrov (2002). Bulgaria Illustrated History. Boriana Publishing House. ISBN 9545000449.
  55. Lynda Garland (April 1, 2002). Byzantine Empresses: Women and Power in Byzantium AD 527-1204. Routledge. стр. 122.
  56. Кратка история на България, Изд. „Наука и изкуство“, София 1983, с. 65-66
  57. Острогорски, История на византийската държава, с. 375-376, 381-382
  58. Haldon, J. Warfare, State and Society in the Byzantine World, 565-1204, Routledge, 1999, ISBN 185728495X, pp. 219-220
  59. Кратка история на България, Изд. „Наука и изкуство“, София 1983, с. 68
  60. Златарски, В., История на българската държава през средните векове, т. I, ч. 2, с. 546
  61. Златарски, В., История на българската държава през средните векове, т. I, ч. 2, с. 546-548
  62. Острогорски, Георгий, История на византийската държава, София 1998, ISBN 954-8079-92-5, с. 383-384
  63. Пириватрич, С., Самуиловата държава. Обхват и характер, Изд. „АГАТА-А“, София 2000, ISBN 954-540-020-X, с. 52
  64. Пириватрич, Самуиловата държава, с. 70-71
  65. Ангелов, Д., Чолпанов, Б., Българска военна история през Средновековието (X-XV век), Изд. на БАН, София 1994, ISBN 954-430-200-X, с. 17-18
  66. Ангелов, Д., Чолпанов, Б., Българска военна история през Средновековието (X-XV век), с. 19-32. Историкът Васил Златарски поставя похода на Цимисхий през 972 г. – Златарски, В., История на българската държава през средните векове, т. I, ч. 2, с. 579-595
  67. Стоименов, Д., Временна византийска военна администрация в българските земи (971-987/989 г.), с. 46-47, 49-51, во: Годишник на Софийския университет. Научен център за славяно-византийски проучвания, том 82 (2), 1988; Божилов, Ив., Бележки върху византийската администрация в Североизточна България (971-1000), с. 24, во: Сборник в чест на академик Христо Христов, София 1988
  68. Златарски, В., История на българската държава през средните векове, т. I, ч. 2, с. 597-600
  69. Пириватрич, Самуиловата държава, с. 58-59
  70. „Kalojan, der Griechentöter"
  71. http://www.macedoniainfo.com/docs/BULGARIA-ASSEN-II.jpg Архивирано на 9 јуни 2011 г. Карта на Бугарија во времето на Иван Асен II
  72. „John III Ducas Vatatzes“. NNDB.com. Посетено на 2009-05-18.
  73. Gjuzelev, Vassil: Byzanz und Bulgarien: Rivalität und Koexistenz (in: Hohlweg, Armin: Byzanz und seine Nachbarn. München 1996), S. 232-233
  74. 74,0 74,1 История на България, Том 3: Втора българска държава, Издателство на Българската академия на науките, София 1982, с. 274
  75. Ангелов, Д., Чолпанов, Б., Българска военна история през Средновековието (X-XV век), с. 152-153
  76. История на България, Том 3, БАН, София 1982, с. 274-275
  77. История на България, Том 3, БАН, София 1982, с. 275
  78. Златарски, В., История на българската държава през средните векове, том III, София 1972, с. 551-571; История на България, Том 3, БАН, София 1982, с. 281-282, 284-288; Ангелов, Д., Чолпанов, Б., Българска военна история през Средновековието (X-XV век), с. 159-162, 164-167; Андреев, Й., История на Второто българско царство, Изд. АБАГАР, Велико Търново 1996, ISBN 954-427-217-6, с. 63-68
  79. Мутафчиев, П. Книга за българите, Изд. БАН, София 1987, с. 69-70 („Книги за Македония“, 16.12.2008)
  80. История на България, Том 3, БАН, София 1982, с. 296
  81. История на България, Том 3, БАН, София 1982, с. 300
  82. История на България, Том 3, БАН, София 1982, с. 349; Ангелов, Д., Чолпанов, Б., Българска военна история през Средновековието (X-XV век), с. 206-209

Литература уреди

  • Fine, John V. A., Jr. (1983), The Early Medieval Balkans, Ann Arbor
  • Balkans: A history of Bulgaria, Serbia, Greece, Rumania, Turkey / by Nevill Forbes ... [et al.]. 1915.
  • Bulgarian Historical Review (2005), United Center for Research and Training in History, Published by Pub. House of the Bulgarian Academy of Sciences, v.33:no.1-4.
  • Gjuzelev, V. (1988), Medieval Bulgaria, Byzantine Empire, Black Sea, Venice, Genoa (Centre Culturel du Monde Byzantin), Verlag Baier
  • History of Bulgaria / Hristo Hristov ; [translated from the Bulgarian, Stefan Kostov ; editor, Dimiter Markovski]. Khristov, Khristo Angelov,. c1985.
  • History of Bulgaria, 1393-1885 / [by] Mercia MacDermott. MacDermott, Mercia, 1927- [1962].
  • Concise history of Bulgaria / R.J. Crampton. Crampton, R. J. 1997.
  • Short history of Bulgaria / [by] D. Kossev, H. Hristov [and] D. Angelov ; [Translated by Marguerite Alexieva and Nicolai Koledarov ; illustrated by Ivan Bogdanov [and] Vladislav Paskalev]. Kossev, D. 1963.
  • Short history of Bulgaria / Nikolai Todorov ; [L. Dimitrova, translator]. Todorov, Nikolai, 1921- 1975.
  • 12 Myths in Bulgarian History/ [by] Bozhidar Dimitrov; Published by "KOM Foundation," Sofia, 2005.
  • The 7th Ancient Civilizations in Bulgaria [The Golden Prehistoric Civilization, Civilization of Thracians and Macedonians, Hellenistic Civilization, Roman [Empire] Civilization, Byzantine [Empire] Civilization, Bulgarian Civilization, Islamic Civilization] [by] Bozhidar Dimitrov; Published by "KOM Foundation," Sofia, 2005 (108 p.)
  • Jordan Andreev, Ivan Lazarov, Plamen Pavlov, Koj koj e v srednovekovna Bălgarija, Sofia 1999.
  • John Skylitzes II, 455, 13.
  • Helene Ahrweiler, Les Europeens, pp. 150, Herman (Paris), 2000.
  • Runciman, Steven (1929) The Emperor Romanus Lecapenus and His Reign. Cambridge.
  • Woodhouse 1986, 109; Sp. Lambros, Argyropouleia, Athens 1910, 7,29
  • Edward Gibbon, Decline and Fall of the Roman Empire, chapter 53.


  Статијата Византиско-бугарски војни е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.