Константин Липсвизантиски аристократ и адмирал кој живеел при крајот на IX и почетокот на X век. Тој бил убиен во 917 година во Битката кај Анхијал против Бугарија. Тој е најмногу забележителен по основањето на манастирот кои го носи неговото име во Цариград.

Животопис

уреди
 
Внатрешноста на црквата подигната од Липс

Фактите кои се однесуваат за Константиновиот живот се збунивачки и можат да бидат претпоставки. Познато е дека во тој период царот Лав VI (886–912), тој возобновил манастир во близина на Црква Свети Апостали, кој денес е претворен во џамија позната под името Џамија Фенари Иса за сметка на записот кој вели дека била посветена на Богородица. Датумот на осветувањето традиционално се сместува во 907/908 година.[1][2][3] Константин Липс учествувал во неуспешниот државен удар на истакнатиот војсководец Константин Дука против новородениот Константин VII (913–959) во јули 913 година, по смртта на братот на Лав и наследник Александар III (912–913). По овие случувања, неколку благородници кои биле осомничени или вклучени во државниот удар, додека останатите побегнале од градот, меѓу кои бил и Константин Липс.[1][4] На 20 август, 917 година, тој загинал во Битката кај Анхијал, борејќи се против византиските сили под водство на Симеон I.[1][5]

Тој истовремено со други двајца луѓе кои биле именувани како Липс, чии активности се случувале во подоцнежен период.[6] Првиот е спомнат од Константин VII како некој кој ја држел титулата протоспатариј и дворското место доместик на хипургија, подоцна (веројатно за време на државниот удар во 913 година) станал патрикиј и мега хетаирерарх.[1][2] Тој исто така во неколку пригоди вил царски пратеник на Грегориј I, од Ерменија, Тарон. При првата пратеничка посета, се вратил со Грегориевиот син Ашот, кој бил примен од Лав иназначен за протоспатариј. Липс го придружувал Ашот при неговото враќање назад, кај својот татко заедно со неговиот брат (познат само по арапското име Абу Ганим), на кого исто така му бил даден ранкот протоспатариј.[7] Константин го придружувал Абу Ганим при неговата повратна посета. Кога тој го посетил Цариград повторно неколку години подоцна, тој се ожени со ќерката на Константин. Во друга мисија кус период потоа, Липс го убедил самиот Грегориј да го посети Цариград, каде бил дочекан богато и му била дадена почесна титула магистрат и титула стратег на Тарон. По подолг престој, тој до своето владение бил испратен од Константин.[7]

Во едно обраќање Грегориј му се обратил како, патрикиј и друнгариј на византиската морнарица, кој изградил манастири и гостинска куќа при крајот на владеењето на Константин VII, но не може да се каже со сигурност дека станува збор за истата личност.[1][8]

Константин Липс имал син, патрикиј Варда Липс, кој бил вклучен во заговор против царот Роман II (959–963) во 962 година. Тој е исто тка последниот претставник на семејството Липс.[8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Guilland 1967, стр. 189.
  2. 2,0 2,1 Kazhdan 1991, стр. 1232–1233.
  3. van Millingen 1912, стр. 123–125, 131.
  4. Kazhdan 1991, стр. 657; van Millingen 1912, стр. 126–127.
  5. Kazhdan 1991, стр. 1232; van Millingen 1912, стр. 127.
  6. cf. Whittow 1996, стр. 232.
  7. 7,0 7,1 Guilland 1967, стр. 188.
  8. 8,0 8,1 Kazhdan 1991, стр. 1233.

Извори

уреди
  • Guilland, Rodolphe (1967). Recherches sur les Institutions Byzantines, Tome II (француски). Berlin: Akademie-Verlag.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York and Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно |title= (help)
  • Lilie, Ralph-Johannes; Ludwig, Claudia; Zielke, Beate; Pratsch, Thomas, уред. (2013). Prosopographie der mittelbyzantinischen Zeit Online. Berlin-Brandenburgische Akademie der Wissenschaften. Nach Vorarbeiten F. Winkelmanns erstellt (германски). De Gruyter http://www.degruyter.com/view/db/pmbz. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: display-уредници (link)
  • van Millingen, Alexander (1912). Byzantine Churches of Constantinople. London, United Kingdom: MacMillan & Company.
  • Whittow, Mark (1996). The Making of Byzantium, 600–1025. Berkeley and Los Angeles, California: University of California Press. ISBN 0-520-20496-4.