Компактен диск

оптички носач на податоци

Компактен диск (англиски: Compact disk, скрат. CD), е оптички диск кој се користи за зачувување на дигитални податоци. CD-то е првпат произведено во 1982 и до ден денешен е стандарден медиум за снимање на аудио податоци. Еден аудио компактен диск е составен од една или повеќе стерео траки, зачувани со помош на 16 битно PCM кодирање на честота од 44,1 kHz. Стандардните компактни дискови имаат пречник од 120 или 80 милиметри. 120 милиметарските можат да содржат отприлика 80 минути аудио податоци. 80 милиметарските се користат за синглови, и можат да соджат околу 20 минути на аудио податоци. Технологијата на компактниот диск подоцна се адаптира да зачувува и чисти податоци кои се познати како CD-ROM, и вклучуваат метод на единешно или повеќекратно запишување на податоците попознати како CD-R и CD-RW. Во 2004 годишната продажба на компактни дискови достигна преку 30 билиони дискови.

Логото на компактниот диск е инспирирано од логоата на аудио-касетите. Може да се користи само на дискови кои ги имаат имплементирано одликите Red Book.

Историја

уреди
 
Албимот 52nd Street (1982) на Били Џоел — првиот компактен диск во продажба

Во раните 1970-ти, користејки видео ласердиск технологија, компанијата Philips, започнала со експерименти за аудио оптички дискови, кои ќе користат ФМ модулација. На крајот на 70-тите Philips, Sony и други компании ги претставиле своите прототипови за Аудио дискови.

Во 1979 Philips и Sony одлучуваат да се спојат, и формираат работен тим на инженери чија мисија е да дизајнираат нов формат на аудио диск. По неколку години на експерименти тимот го создава „Red Book“, стандардот за компактни дискови.

Дизајнот на компактниот диск најпрво бил замислен како наследник на грамофонската плоча. Сепак со развојот на технологијата Компактнопт диск се развил до тој степен да може да зачувува било кој тип на информација. Па така во јуни 1985 на пазарот е претставен CD-ROM а во 1990 и CD-R.

Физички детали

уреди
 
Оптички леќи на ЦД системот

Компактниот диск е направен од 1,2 мм дебел диск од многу чиста поликарбонатна пластика. Тенок слој на супер чист алуминиум се додава на површината (или во некои случаи злато, со цел податоците да се подолготрајни) за да се направи рефлективна, кој потоа се заштитува со лак. На лакот може да се печати. Податоците се зачувуваат во форма на мали вдлабнатини на површината на дискот. Секоја вдлабнатикна е одприлика 100 нанометри, длабока и 500 нанометри широка, а во должина може да варира од 850 нанометри до 3,5 микрометри. Растојанието помеѓу траките, може да биде 16 микрометри. Компактниот диск се чита со помош на фокусиран ласер, на бранова должина од 780 нанометри. Разликата во висината помеѓу врежаните податоци, создава фазна разлика помеѓу светлината која се рефлектира од вдлабнатината и околината. Со мерење на овој интензитет на рефлектирана светлина, со помош на фотодиода, се читаат и податоците кои се врежани.

Облици на дискот и пречници

уреди

Дигиталната дата на диксот почнува од центарот па сè до врвовите да дискот, а тоа овозможува адаптација на формати со различна големина. Стандардните CD се достапни во две димензии. Најчестите се 120 милиметри(4,7) инчи пречник, со 74- или 80-минути аудио капацитет и 650- или 700 МВ капацитет за податоци. Оваа димензија е усвоена од страна на последователните формати како што се Super Audio CD, DVD, HD DVD, и Blu-ray Disc. Оригинално наменети за CD-сингл биле 80мм дискови, каде што можело да се зачува до 24мин музика или 210 МВ податоци, но за жал овој формат на CD никогаш не станал популарен. Во денешно време еден сингл е сниман на 120 мм CD и кој истовремено е наречцен макси сингл.