Honesty (песна на Били Џоел)

Honesty“ е песна од Били Џоел издадена во 1979 како третиот сингл од неговиот албум 52nd Street. Се искачила на 24 место на Билборд Хот 100, станувајќи третиот последователен топ 40 хит од албумот.

„Honesty“
Сингл од Били Џоел
од албумот 52nd Street
Страна Б Root Beer Rag
Big Shot(PER)
Издаден 1979
Текстописец Били Џоел
Формат 7"
Снимен 1978
Жанр Рок
Должина 3:53
Издавачка куќа Columbia
Продуцент Фил Рамоне
Хронологија на синглови на Били Џоел
Big Shot
(1979)
Honesty
(1979)
Until the Night
(1979)

„Honesty“ била позната во Јапонија неколку децении и била преработена од многу источноазиски музичари како Чукузен Сато, Хајиме Мизогучи, Никотин и K. Песната била вклучена на јапонското издание на компилациониот албум од Џоел Greatest Hits Volume 2, како бонус песна и била вклучена во неколку реклами во Јапонија. Во мај 2009, верзијата на Џоел добила златна сертификација од Јапонија за 100,000 копии спуштени како рингтон.[1] Дел од песната е преземен од песна од Паул Симон наречена „Tenderness“, од неговиот албум од 1973 There Goes Rhymin' Simon.

Список на песни

уреди
  1. „Honesty“
  2. „Root Beer Rag“
  3. „The Mexican Connection“ (Б-страна во САД)

Табели

уреди
Chart (1979) Peak
position
Австралија 80
Холандија[2] 31
Јапонија Oricon 53
Нов Зеланд 38
САД Билборд Хот 100 24
САД Билборд Возрасни Современи Песни 9

Верзија на Бијонсе Ноулс

уреди
„Honesty“
Песна од Бијонсе Ноулс
од албумот I Am... Sasha Fierce: Платинско издание
Снимена2007
ЖанрУрбан современ, возрасен современ
Должина3:47
МаркаColumbia
ПеснописецБили Џоел, Рамон, Ноучс

Во 2008, Бијонсе Ноулс ја преработила верзијата на Били Џоел за компилацискиот албум на нејзината поранешна група Destiny's Child, наречен Love Destiny.[3] Песната била вклучена на Платинестото издание на нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce.[4]

Верзијата на Ноулс била опишана како балада, која за жал е иронично дополнение на албумот.[5] Служејќи како шеснаесеттата песна на платинското издание на I Am... Sasha Fierce, песната е спротивна од претходната „Why Don't You Love Me“.[6] Песната го прикажува душевниот вокал на Ноулс и нејзиниот голем глас.[6] Песната станала многу популарна на корејските табели за време на нејзините концерти во Сеул во 2009.[7]

Табела (2008) Највисока
позиција
Корејски Топ 100 Синглови[7] 2

Наводи

уреди
  1. 財団法人 日本レコード協会 > 各種統計 > 有料音楽配信認定 > 2009年5月 „(RIAJ - Statistics - Music Download Certification Awards - May 2009)“ Проверете ја вредноста |url= (help). riaj.or.jp (јапонски). Recording Industry Association of Japan. Посетено на April 20, 2010.
  2. Dutch Top 40 1979 Архивирано на 7 јуни 2011 г.. Retrieved 2009-01-08.
  3. Mathew Knowles and Music World Present, Vol. 1: Love DestinyAllMusic (англиски)посет. 16 април 2011 г
  4. „I Am...Sasha Fierce (Platinum Edition)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 16, 2011.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-15. Посетено на 2011-06-28.
  6. 6,0 6,1 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-28.
  7. 7,0 7,1 [1]. Honesty Debuts At Number 2 In Korea Retrieved 2010-06-14.