Бела книга
Бела книга
уредиТоа е документ кој содржи предлози (понуди) за активноста во Заедницата и одредена област. Документoт претставува детална и добро аргументирана политика за дискусија и за одлуки. Во некои случаи тој ја следи Зелената Книга која е издадена со цел да започне консултативен процес на Европското ниво. Дадени примери ја вклучуваат Белата книга како дополнување на внатрешен пазар, раст, конкурентност и вработеност, како и приближување на законите на државите од Централна и Источна Европа во областа значајна за внатрешен пазар. Доколку Белата книга е поволно прифатена од страна на Советот на министри, тоа може да стане програма за дејност во области за кои е заинтересирана и самата ЕУ.
- Правен застој и законска процедура
Белата книга не претставува законски текст. Меѓутоа таа циркулира помеѓу институциите на заедницата. Вообичаено Белата книга треба да биде усвоена од страна на Комисијата применувајќи ја уцмената процедура.
Историја на Белата книга
уредиПочнувајќи од 1986 година постојат 17 Бели книги. Предмет (Содржина) на интерес:
- Политика во областа на енергетиката (1995), образование и обука (1995), железници (1996), управување со воздушен сообраќај (1996), сектори ислкучени од директивите на работно време (1997), трговија (1999), безбедност на храна (2000), обврски кон животната околина (2000).
- Исто така постојат техничките Бели книги, како на пример отстранување на законски пречки за користење на ЕЦУ (1992), статут за европските компании (1988), стратегија за идната политика во областа хемија (2001), дополнување на внатрешен пазар (1985).
- Клучни таканаречени "хоризонтални" Бели книги ги опфаќаат пораст на конкурентност и вработување (1993), Европска социјална политика (1994), подготовка на понатамошно проширување (1995), реформа на Комисија (2000) и Белата книга за раководење (2001).
Обележја на Бели Книги
уредиБелата Книга е некој вид на декларација за намера во која Комисијата се обврзува себеси со јасна политика како и на дејности кои одат со тоа. Тоа треба да биде добро докажано, детално, разбирливо и треба да биде последица на интензивни претходни консултации како во, така и надвор од Комисијата.
Документот треба да биде внимателно подготвен, така што детали и целокушни заклучоци во целост ќе останат во рамки на филијала (подружница) и пропорционални прописи повикувајќи се на одредби на Унијата. Тоа е потенцијален документ кој има за цел да даде нови предлози.Европската димензија на прашања за кои се работи во таков документ и потреба од јасно издржување на последици, трошоци и надоместоци на европско ниво во фокус, се од големо значење. Во однос на ова, ставот (позицијата) на земјите-членки треба да биде третиран со потребна чувствителност. Важно е да се обезбеди доследна и сеопфатна рамка која покажува разбирање на постоечка процедурална историја, и за еволуција на политиката, и практиката во областа на тие прашања, кои се докажуваат преку темелна илустрација и анализи, рационалност за опомена на добра пракса исто така како за помалку успешни резултати.Во светлината на овие барања, Белата книга во минатото била значително концептуална и аналитичка, аргументивна, њо поглед напред, иновативна, која ја барал вистинската рамнотежа на политичко образложение и оперативни последици.
Влијание на Белата Книга
уредиСо оглед на различните видови на Белите книги, нивното влијание се разликува како мерило на нивното влијание. Сè повеќе промилсени бели книги ќе го имаат своето влијание во донесувањето на законите. Пошироката политика на документите на пример Бела книга за раст, конкурентност и вработување имале значајно политичко влијание.
Во однос на Белата книга за млади на Европската Комисија :
Една од најуспешните иницијативи за формирање на европска младинска политика е реализирана од Белата книга за млади и отворениот метод за координација (ОМК), имплементиран преку Резолуцијата на Советот на Европа во 2002 година. Советот на Европа, исто така, работи на европската младинска политика преку национални извештаи, студиски посети и меѓународни ревизии. Во последно време на европско ниво има повеќе позначајни активности со цел да се промовира поголема соработка и координација во младинската сфера на Европа. Појавувањето на Белата книга за млади на комисијата, усвоена во ноември 2001 година, беше иницијаторот да се почне со развивање на младинска политика во ЕУ низ целата Европа. Белата книга е првиот чекор кон дефинирање на рамката на младинска политика во Европа и затоа е од големо значење за младите луќе во Европа.
Главните пораки на Белата книга се :
- Подобро запознавање на младите луѓе во Европа
- Учење по наш начин за образование, животно учење и подвижност
- Обрнување внимание кон неформалното образование
- Откривање на волонтерската работа
- Комуникација и информации
- Влегување во бизнис за вработување и социјална интеграција
- Да се биде самостоен
- Вклучување во борбата против расизам и ксенофобија
- Младинско информирање и партиципација
- Вклучување на младите луѓе во јавниот живот
- Да се зајакне вклучувањето на младите луѓе во сите политички сфери
- Имплементација ма Европската младинска програма"
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |