Баракли (Серско)

село во Општина Долна Џумаја, Серско, Егејска Македонија

Баракли или Бајракли (грчки: Βαλτερό, Валтеро)[2] — село во Долна Џумаја во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Баракли
Βαλτερό
Баракли is located in Грција
Баракли
Баракли
Местоположба во областа
Баракли во рамките на Долна Џумаја (општина)
Баракли
Местоположба на Баракли во Општина Долна Џумаја и областа Централна Македонија
Координати: 41°10′N 23°13′E / 41.167° СГШ; 23.217° ИГД / 41.167; 23.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000005400000054 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.335
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 22 километри северозападно од градот Сер и на 4 километри источно од Долна Џумаја.

Селото се наоѓа на надморска височина од 29 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Демирхисарската каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со мешано население.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 120 семејства со 40 Турци и 330 Македонци[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Македонци, 300 Турци, 100 Черкези и 30 Цигани[3][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 македонски гркомани[3][6].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Валтеро[7].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле сместени 99 грчки семејства со 436 лица[8]. Во 1928 година, бројот на населението бил 2306 лица, додека во 1940 година селото броело 3114 жители.

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 136-137.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 188-189.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.