Студенчишка базилика

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Базилика Студенчишта)
Св. Ѓорѓи

Остатоци од базиликата

Карта

Местоположба 41°06′19″N 20°49′00″E / 41.10528° СГШ; 20.81667° ИГД / 41.10528; 20.81667
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 базилика  некропола


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Св. Ѓорѓиархеолошко наоѓалиште во населбата Студенчишта, Охрид. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време[1].

Базиликата е откриена во 1954 година, поставена на падините на Петринска Планина, 3 км источно од античкиот Лихнид и во непосредна близинана Билјанини Извори. Лежи лево од патот Охрид - Св. Наум [2] Има димензии од 29 × 73,5 м. Со прекини истражувања се вршени сè до 1971 година. Таа е трикорабна, со нартекс, двоен атриум, бочни анекси, катехуменеум и крстилница. Некрополата е сместена јужно од базиликата и има гробови од камени конструкции.[2]

Користејќи го теренот, сите простории се каскадно поставувани од исток кон запад. Од декоративна пластика се откриени фрагменти од олтарната преграда. Наосот, нартексот и катехуменеумот се покриени со стилизирани геометриско-цветни елементи и животински претстави со евхаристично значење. Бочните кораби, северниот анекс и крстилницата се покриени со керамички плочи. Според декоративната пластика и мозаичната декорација, базиликата е датирана кон крајот на V или на почетокот на VI век. Истражувањата ги вршеле Васил Лахтов, Вера Битракова и Владо Маленко.[3]

Мозаици

уреди
 
Мозаик од базиликата.

Базиликата изобилува со подни мозаици, од кои највеќето во нартекот и средниот кораб. Краевите на правоаголните подрачја се покриени со плетеници во облик на рибарски јазол, а аглите се исполнети со стилизирани бели цветови на лотос. Во кружните полиња, од север на југ, се наредени птици, риби во вода, кантароси, геометриски орнаменти и друго. Во средишниот дел има изолирани слики на птици со гранчиња, риби една над друга, а потоа и разни плодови: грозје, јаболки, круши, кошница со репка и др.[4]

Исклучителна е претставата на кантаросот, од кој два пауна пијат вода. Од него излегуваат и две бршленови грачиња со стилизирани листови од сцревиден облик. Гранчињата го пополнуваат просторот на апсидата, а пауните се изработени стилизирано. Цветовете се розово-виолетови, жолто-портокалови, сиво-сини, маслинесто-сиви, црни и бели.[4]

Објектот е прогласен за културно наследство на Македонија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Охрид
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 273. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 262. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 „Базиликата Студенчишта“. Macedonium. Занемарен непознатиот параметар |access_date= (help)

Надворешни врски

уреди