Ацуто Учида
Ацуто Учида (јапонски: 内田 篤人, р. 27 март 1988) — јапонски фудбалер, дефанзивец на Шалке 04 и на јапонската репрезентација.
Ацуто Учида 内田篤人 | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ацуто Учида[1] | ||
Роден на | 27 март 1988 | ||
Роден во | Канами, Јапонија | ||
Висина | м | 1,76||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Шалке 04 | ||
Број | 22 | ||
Агент | Томас Крот | ||
Младинска кариера | |||
СУ Шимицу Хигаши | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006–2010 | Кашима Антлерс | 124 | (3) |
2010- | Шалке 04 | 96 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2005-2007 | Јапонија 20 | 12 | (0) |
2007-2008 | Јапонија 23 | 8 | (0) |
2008- | Јапонија | 71 | (2) |
* Ажурирано на: 3 јули 2012 ** Ажурирано на: 3 јули 2012 |
Технички одлики
уредиНеговата природна позиција е десен бек.
Клупска кариера
уредиКашима Антлерс
уредиУчида се школувал во средното училиште Шимицу Хигаши и играл фудбал за нивната екипа. Во 2006 година се приклучил на екипата на Кашима Антлерс како 17-годишник и за првата сезона во клубот го носел дресот со број 20.[2] Своето деби во Џеј лигата го направил на 5 март 2006 година, на отворањето од сезоната против Санфрече Хирошима, кога го одиграл целиот натпревар во победата на неговиот тим со 4-3 на гости (натпревар во кој Ацуши Јанагисава постигнал хет-трик за Кашима). Неговиот прв гол како професионален фудбалер дошол на 21 март година, 6 дена пред неговиот 18-ти роденден, кога се запишал во списокот на стрелците против Вентфорет Кофу во победата на домешен терен со 3-1 во 4-тото коло од сезоната. До крајот на сезоната, Учида постигнал само уште еден погодок и тоа на гостувањето кај ФК Токио во победата со 4-2, кога го постигнал вториот гол за неговиот тим за моментално водство од 2-1. Својата прва сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 28 настапи и 2 гола, а неговиот тим Кашима Антлерс завршил на 6. место во Џеј лигата со 14 бода помалку од шампионот Урава Редс.
Во следните сезони, Учида станал еден од најстандардните играчи и придонел за освојувањето на три наслови во Џеј лигата (2007, 2008, 2009 година), два Суперкупа (2009, 2010) и еден Емперорс куп.
Шалке 04
уредиВо текот на летото 2010 година Учида потпишал тригодишен договор со германскиот Бундеслигаш, Шалке 04.[3] Трансферот бил раководен од страна на агентот на Учида, Томас Крот - истакнат агент за дејства меѓу германскиот и јапонскиот пазар.[4] Своето деби за новиот клуб го направил на 7 август во поразот од Баерн Минхен со 2-0 во Суперкупот на Германија. На 21 август дебитирал во Бундеслигата на гостувањето против Хамбургер во поразот со 2-1, влегувајќи од клупата на местото на Жоел Матип во 59-тата минута. Во следното коло го одиграл првиот натпревар за клубот пред домашната публика, но повторно во пораз, овојпат од Хановер со 1-2. На 29 септември го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата на домашен терен над Бенфика со 2-0; а на 26 април 2011 кога Шалке на домашен терен го пречекал Манчестер Јунајтед во полуфиналето од ова натпреварување, Учида се нашол во почетните единаесет на својот клуб, со што станал првиот јапонец кој играл во полуфиналето од Лигата на шампионите. Речиси еден месец подоцна, на 21 мај, Шалке го освоил Купот на Германија со убедлива победа од 5-0 над второлигашот Дисбург во финалето, а Учида влегол во игра во 81-вата минута и со тоа го освоил својот прв трофеј во Европа. Првата сезона во дресот на Шалке 04 за него била импресивна и ја завршил со 26 првенствени настапи (14. место), 5 во Купот на Германија (титула) и 11 во Лигата на шампионите (полуфинале), но без постигнат гол.
Сезоната 2011-12 ја започнал со триумф во Суперкупот на Германија на пенали против Борусија Дортмунд, но тој останал неискоритена замена во натпреварот. Сепак, и покрај тоа на крајот му била доделен победнички медал како учесник во натпреварот. Сезоната ја завршил со 26 настапи речиси двојно помалку од претходната сезона.
Во текот на сезоната 2012-13, го постигнал првиот гол за Шалке 04 во гостинскиот пораз од Хофенхајм со 3-2 на 3 ноември 2012. Сезоната ја завршил со вкупно 30 настапи и еден гол.
Следната сезона (2013-14) заради повреда одиграл само 27 натпревари во сите конкуренции. На 18 септември 2013, го постигнал својот втор гол за Шалке, прв во Лигата на шампионите во победата со 3-0 над Стеауа.
Репрзентативна кариера
уредиУчида ја претставувал Јапонија во неколку младински категории. Тој бил дел од селекцијата на Јапонија на Младинскиот Азиски куп во 2006 година во Индија каде јапонците завршиле како вицешампиони. Учида, исто така, учествувал на Светското првенство за играчи под 20 години во 2007 година во Канада.
Во 2006 година, тој го добил првиот сениорски повик од тренер на репрезентацијата Ивица Осим, но не одиграл ниту еден натпревар. Своето сениорско деби за Јапонија конечно го направил на 26 јануари 2008 во пријателски натпревар против Чиле во Токио. Ова бил првиот натпревар под водство на новиот селектор Такеши Окада.
Учида бил член на јапонската репрезентација на Летните олимписки игри 2008, Светското првенство 2010, победничката екипа на Азискиот куп 2011 на Купот на Конфедерации 2013 и Светското првенство 2014.[5]
Титули
уредиКлупски
уреди- Џеј лига (3) : 2007, 2008, 2009.
- Емперорс куп (1) : 2007.
- Суперкуп на Јапонија (2) : 2009, 2010.
- Куп на Германија (1) : 2010–11
- ДФЛ-Суперкуп (1) : 2011
Репрезентативни
уреди- Азиски куп (1) : 2011]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF). FIFA. 4 June 2010. стр. 16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 20 April 2014.
- ↑ „ja:鹿島アントラーズ オフィシャルサイト“ (јапонски). Посетено на 30 December 2008.
- ↑ „WM-Teilnehmer Atsuto Uchida wechselt zu den Knappen“. Schalke04.de (германски). 13 June 2010. Посетено на 26 April 2011.
- ↑ „Who is Atsuto Uchida? Profile of the man Arsenal want to replace Bacary Sagna“ (англиски). Посетено на 6 January 2015.
- ↑ „Atsuto Uchida Biography and Statistics“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 25 July 2009.