Такеши Окада
Такеши Окада (роден на 25 август 1956 во Осака) — поранешен јапонски фудбалер кој бил тренер на репрезентацијата на Јапонија меѓу 2007 и 2010 година.
Такеши Окада | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Такеши Окада | ||
Роден на | 25 август 1956 | ||
Роден во | Осака, Јапонија | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | Одбрана | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1980–1990 | Фурукава Електрик | 189 | (9) |
Репрезентација | |||
1980–1985 | Јапонија | 24 | (1) |
Тренер на екипи | |||
1997–1998 | Јапонија | ||
1999–2001 | Консадоле Сапоро | ||
2003–2006 | Јокохама Маринос | ||
2007–2010 | Јапонија | ||
2012–2013 | Ханчжоу Гринтаун |
Тренерска кариера
уредиТој бил тренер на Јапонија на Светското првенство 1998, а подоцна на клубовите Консадоле Сапоро (1999–2001) и Јокохама Маринос (2003–2006).
Тој повторно бил именуван за тренер на Јапонија во 2007 година, заменувајќи го Ивица Осим, кој доживеал мозочен удар. Неговото место во 2010 година го наследил Алберто Закерони.
Окада го привлекол светското внимание водејќи ја Јапонија до деветтото место на Светското првенство 2010. Тој бил пофален за претворањето на јапонскиот тим од млади, неискусни играчи во талентиран тим на млади фудбалери.[1]
Тој потпишал договор со кинескиот клуб Ханчжоу Гринтаун на 14 декември 2011 година.[2] Тој го продолжил својот договор на дополнителни две години на крајот на сезоната 2012. Сепак, тој поднел оставка на 5 ноември 2013 година.[3]
Статистика
уредиЈапонија | ||
---|---|---|
Сезона | Настапи | Голови |
1980 | 3 | 0 |
1981 | 5 | 0 |
1982 | 2 | 1 |
1983 | 7 | 0 |
1984 | 4 | 0 |
1985 | 3 | 0 |
Вкупно | 24 | 1 |
Наводи
уреди- ↑ BBC world cup report, summary on Japan's performance
- ↑ 冈田武史正式成为杭州绿城主帅 Архивирано на 2 февруари 2012 г.
- ↑ 杭州绿城官方宣布冈田武史明年不再担任球队主帅