Аспрокамб

(Пренасочено од Аспрокамбо)

Аспрокамб (грчки: Ασπρόκαμπος, Аспрокампос) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 80 жители (2011).

Аспрокамб
Ασπρόκαμπος
Аспрокамб is located in Грција
Аспрокамб
Аспрокамб
Местоположба во областа
Аспрокамб во рамките на Гребен (општина)
Аспрокамб
Местоположба на Аспрокамб во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°9′N 21°31′E / 40.150° СГШ; 21.517° ИГД / 40.150; 21.517
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаГребен
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно80
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е оддалечено околу 13 км североисточно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 600 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Аспрокамб било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Аспрокамб живееле 110 Грци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Аспрокамбо се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 8 куќи.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Аспрокамб живееле 83 Грци христијани.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 71 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 65.[2]

Стопанство

уреди

Селото се важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Населението произведува од сѐ по малку. Внимание му се посветува и на краварството.[2]

Население

уреди

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 71 жител, во 1920 година со 65 жители, во 1928 година со 121, во 1940 година со 148, во 1951 година со 161, во 1961 година со 202, во 1971 година со 152, во 1981 година со 149, а во 1991 година со 121 жители.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 148 161 202 152 149 121 121 80
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Гребен со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гоблар, во кој влегува и селото Гоблар.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 108.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 71.
  5. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.