Анита Ангеловска-Бежоска

македонска економистка

Анита Ангеловска-Бежоска (р. 5 ноември 1971 во Гетеборг) — македонска економистка, доктор на економски науки и моментална гувернерка на Народната банка на Македонија.

Анита Ангеловска-Бежоска
Анита Ангеловска-Бежоска


Гувернер на Народната банка на Македонија
Мандат
22 мај 2018 – трае
Претходник Димитар Богов

Родена 5 ноември 1971
Гетеборг,  Шведска
Професија економистка

Претходно, речиси осум години била вицегувернерка на Народната банка. Има работено и во Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон, САД. Својата кариера ја има започнато во Министерството за финансии во кое на различни работни позиции минала осум години од својата работна кариера. Меѓу другото била и државен секретар во ова министерство.

Кариера

уреди

Народна банка

уреди

Ангеловска-Бежоска стапила на функцијата гувернер на Народната банка,[1] откако претходно, на 21 мај 2018 година, Собранието на Македонија, со 81 глас „за“, без ниту еден глас „против“ и без ниту еден воздржан се изјасни во врска со предлогот на претседателот на државата, таа да ја извршува оваа одговорна функција.[2]

Таа е прва жена именувана на гувернерската функција во Македонија (официјално: Северна Македонија)[3][4].

Претходно, Ангеловска-Бежоска речиси дванаесет години има работено во Народната банка, и тоа најпрво како главнa економистка, а потоа, безмалку осум години како вицегувернерка задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика. Како вицегуверенерка ја извршувала и функцијата заменик-гувернер на Република Македонија во Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)[5].

Сега, таа е и гувернерка на Република Северна Македонија во овој одбор на ММФ[6].

Во 2019 година, Ангеловска-Бежоска е избрана и за член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2, како претставник на шесте земји од регионот на Југоисточна Европа коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија[7].

Во рамките на Виенската инцијатива 2, таа има активна улога во застапувањето на интересите на регионот пред претставниците на меѓународните финансиски институции и глобалните и регионалните банки присутни во овие земји[7].

Член е и на Комитетот за централнобанкарска статистика „Ирвинг Фишер“ при Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел[8].

Пред да пристапи кон тимот на централната банка, таа имала двегодишен работен ангажман во ММФ, во Вашингтон, САД, првенствено како економистка во Одделот за макроекономски политики во европските земји, а краток период и во Одделот за фискални политики. Истовремено членувала и во повеќе преговарачки мисии на ММФ за склучување аранжмани со земји членки[5].

Во периодот од 2006 година до стапувањето на гувернерската функција, како експерт, постојано била ангажирана во тимови на ММФ за обезбедување техничка помош за повеќе земји во Европа (Летонија, Белорусија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија)[9].

Министерство за финансии

уреди

Својата работна кариера, Ангеловска-Бежоска ја започнала во 1996 година, како стручен соработник за финансиски систем во Министерството за финансии, во кое на различни работни позиции минала осум години од својата работна кариера. Притоа, меѓу другото, најпрво како раководителка на Проектот за воспоставување трезорски систем во Република Македонија (1999-2000), а потоа и како раководителка на секторот Трезор при ова Министерство (2000-2003), дава исклучително значаен придонес за спроведувањето клучни реформи во системот на јавни финансии во државата: воспоставувањето единствена трезорска сметка, воспоставувањето систем за редовни проекции на буџетската ликвидност и управувањето со ликвидноста, унапредувањето на буџетското сметководство, развојот на пазарот на државни хартии од вредност и унапредувањето на буџетското известување во согласност со меѓународните стандарди[4].

Нејзиниот придонес за развојот на јавните финансии во Република Македонија (сега: Република Северна Македонија) е валоризиран и со награда од Амбасадата на САД во Скопје, којашто ѝ била доделена во 2004 година[8].

Во текот на 2003 и 2004 година, Ангеловска-Бежоска била државен секретар во Министерството за финансии, при што била одговорна за: координирањето на активностите на сите сектори во рамки на Министерството, координирањето на процесите поврзани со европската интеграција, буџетските реформи и преговорите со меѓународните финансиски институции[10].

Во 2004 година, таа била и раководителка на тимот за подготовка за издавање на првиот кредитен рејтинг на нашата земја[5].

Други ангажмани

уреди

Во текот на 2003 и 2004 година, Ангеловска-Бежоска била и член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (сега, официјално: Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија). Во периодот 2002-2004 година, најпрво била член, а потоа и претседателка на Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити на Република Македонија (сега, официјално: Фонд за осигурување на депозити на Република Северна Македонија)[6].

Академска кариера

уреди

Ангеловска-Бежоска дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1994 година, со признание за еден од тројцата најдобри студенти во генерацијата, по што и магистрирала на истиот факултет во 1997 година[11].

Својата докторска дисертација од областа на економските науки, изготвена под менторство на професорот Иван Рибникар ја одбранила во 2015 година, на Економскиот факултет во Љубљана, Република Словенија[5].

Авторка е на повеќе стручни и научни трудови од областа на монетарната политика и макроекономската политика, воопшто, како и на трудови од областа на фискалната политика и управувањето со јавните финансии. Досега учествувала на голем број значајни научни собири и конференции од областа на економијата, од меѓународен карактер[4].

Во текот на нејзината досегашна кариера, таа била ангажирана и како предавач на повеќе домашни и меѓународни образовни и научни институции[10].

Личен живот

уреди

Ангеловска-Бежоска е сопруга и мајка на три деца – Петар, Софија и Надја.[12]

Наводи

уреди
  1. Spasoski, Sasho. „Анита Ангеловска – Бежоска едногласно избрана за гувернерка на НБРМ | Meta.mk“. Посетено на 2019-08-20.
  2. „Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на НБРМ“. nbrm.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-08-19. Посетено на 2019-08-20.
  3. Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на НБРМ http://Bloomberg Архивирано на 25 јули 2013 г.: This Woman Is One of Just Four Who Run Central Banks in Europe https://www.bloomberg.com/news/articles/2019-03-22/this-woman-is-one-of-just-four-who-run-central-banks-in-europe
  4. 4,0 4,1 4,2 Central Baking - Podcast: North Macedonia on the brink of change https://www.centralbanking.com/central-banks/governance/people/4152376/podcast-north-macedonia-on-the-brink-of-change
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Биографија на Анита Ангеловска-Бежоска на официјалното мрежно место на Народната банка http://nbrm.mk/guverner.nspx Архивирано на 18 август 2019 г.
  6. 6,0 6,1 Conference on the 15th Anniversary of the 2004 EU Enlargement: Looking back, looking forward - Speaker Biographies https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/economy-finance/biographies_of_speakers_vienna.pdf стр. 8
  7. 7,0 7,1 Ангеловска-Бежоска избрана за претставник на шест земји од регионов во Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2 https://grid.mk/c/jJDuvmkBmGY-kCSolwK0/2019-03-27/angelovskabezhoska-vo-nadzorniot-odbor-na-vienskata-inicijativa-2 Архивирано на 23 октомври 2020 г.
  8. 8,0 8,1 Lider: Anita Angelovska Bezhoska http://lider.events/governors/speaker/anita-angelovska-bezhoska/ Архивирано на 18 август 2019 г.
  9. Соопштение од гувернерот на НБРМ, 03.јули 2017 http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-od-guvernerot-na-nbrm-03072017.nspx
  10. 10,0 10,1 Предавање на вицегувернерот на НБРМ http://arhiva.ugd.edu.mk/mk/ugd/vesti/388-predavanje-na-viceguvernerot-na-nbrm.html Архивирано на 23 октомври 2020 г.
  11. Соопштение од гувернерот на НБРМ, 03.07.2017 http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-od-guvernerot-na-nbrm-03072017.nspx
  12. „Интервју на гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, за порталот „24 Инфо". nbrm.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-08-19. Посетено на 2019-08-20.