Ilitch Holdings, Inc.
Илич Холдингз (англиски: Ilitch Holdings, Inc.) е американска фирма основана во 1999 година која им овозможува професионална и техничка поддршка на сите фирми во сопственост на Маријан Илич. Претпријатијата во нејзина сопственост ги вклучуваат: Литл Цезарс Пица, Детроитските Ред Вингз, Детроитските Тајгерс, Олимпија Ентертејнмент, Olympia Development, Олимпија Паркинг, Blue Line Food Service Distribution, Чемпион Фудс, 313 Presents, Литл Цезарс филантропската програма, Hockeytown Cafe итн. Фирмите-ќерки на Илич Холдингз раководат со детроитскиот театар Фокс, Градскиот театар, Комерика Паркот, DTE Energy Music Theatre, Мичигенскиот лотариски амфитеатар, Медоубрушкиот амфитеатар и Литл Цезарс арената.
Седиштето на Илич Холдингз е во театарот Фокс во Детроит, Мичиген, САД.
Семејството Илич ја има основано и добротворната организација „Илич“ која секоја година ги доделува ААА хокеарските стипендии „Литл Цезарс“.
Кристофер Илич, еден од седумте деца на Мајк и Маријан Илич, е претседател и главен извршен директор на Илич Холдингз. Тој е претседавач со добротворната организација „Илич“ и служи на одборите на неколку детроитски граѓански организации. Маријан Илич е претседавач со Илич Холдингз.[1]