Јован Кировски
Јован Кировски (роден на 18 март 1976 година во Ескондидо, Калифорнија) — американски фудбалер со македонско потекло кој моментално работи како асистент тренер во Лос Анџелес Галакси.
Јован Кировски | |||
---|---|---|---|
Кировски (лево, со Кајл Бекерман) во април 2007 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Јован Кировски | ||
Роден на | 18 март 1976 | ||
Роден во | Ескондидо, Калифорнија, САД | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | Напад | ||
Младинска кариера | |||
1992 | Манчестер Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1993–1996 | Манчестер Јунајтед | 0 | (0) |
1996–2000 | Борусија Дортмунд | 20 | (1) |
1998–1999 | → Фортуна Келн (позајм) | 23 | (2) |
2000–2001 | Спортинг Лисабон | 5 | (0) |
2001–2002 | Кристал Палас | 36 | (5) |
2002–2004 | Бирмингем | 23 | (2) |
2004–2005 | Лос Анџелес Галакси | 48 | (12) |
2005–2008 | Колорадо Рапидс | 61 | (12) |
2008 | Сан Хосе Ертквејкс | 9 | (0) |
2009–2011 | Лос Анџелес Галакси | 56 | (6) |
Вкупно | 281 | (40) | |
Репрезентација | |||
1996 | САД 23 | 3 | (1) |
1994–2004 | САД | 62 | (9) |
Тренер на екипи | |||
2012– | Лос Анџелес Галакси (асистент) |
Клупска кариера
уредиВо 1992, Кировски се приклучил на младинскиот состав на Манчестер Јунајтед и со тоа стана првиот Американец кој заиграл во тој клуб. Откако не добил работна дозвола во Премиер лигата, во 1996 тој потпишал за германскиот Бундеслигаш Борусија Дортмунд во кој поминал четири сезони. Во сезоната 1998/99 тој бил позајмен на второлигашот Фортуна Келн.
Во 2000 година Кировски потпишал за португалскиот Спортинг Лисабон, но повторно, не останал долго време во клубот, и после две сезони се вратил назад во Англија во екипата на Кристал Палас. Во 2002, тој потпишал за Бирмингем, но после сезона и пол заминал во САД потпишувајќи за Лос Анџелес Галакси. На 23 јануари 2012, Кировски се повлекол од фудбалот како играч, но останал како тренер во истиот фудбалски клуб.
Меѓународна кариера
уредиКировски дебитирал за американскиот состав на 18-годишна возраст на 19 октомври 1994 против Саудиска Арабија. Тој бил дел од репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри во 1996 како и на Купот на конфедерации во 1999 и 2003.
Тренерска кариера
уредиВеднаш после неговото повлекување, Кировски станал помошен тренер на Лос Анџелес Галакси.[1]. Во 2013 клубот го назначил за технички директор.[2]
Наводи
уреди- ↑ „LA Galaxy name Jovan Kirovski assistant coach“. LAGalaxy.com. Major League Soccer. January 23, 2012. Архивирано од изворникот на 2013-12-30. Посетено на March 4, 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-12-30. Посетено на 2014-07-29.