Кристофер Илич
Кристофер Пол Илич (англиски: Christopher Paul Ilitch, р. 2 јуни 1965 година во Детроит, Мичиген, САД) е македонско-американски стопанственик.[1] Тој е претседател и главен извршен директор на Илич Холдингз, приватна фирма со пријавени приходи од преку 2 милијарди американски долари. Преку Илич Холдингз, Илич е сопственик на Детроитските Ред Вингз во Националната хокеарска лига и Детроитските Тајгерс во Главната бејзбол лига. Тој дојде на чело на компанијата по смртта на неговиот татко, Мајк Илич, во 2017 година.
Наводи
уреди- ↑ „Christopher Ilitch Bio“. Ilitch Holdings, Inc. Посетено на 2020-07-10.