Македонска патриотска организација

(Пренасочено од МПО)

Македонската патриотска организација (МПО) е политичка организација основана во Форт Вејн, САД, во 1922 година од емигранти од Егејска Македонија. Првично органзацијата се нарекувала Македонска политичка организација, но го променила името во 1952 година. Од 1927 година започнала да го објавува весникот Македонска трибуна.

Шести редовен конгрес на МПО во САД и Канада
Лист со кој се апелира слободно зборување на бугарски јазик во југословенска Македонија.

До 1990 година МПО ја поддржувала идејата за Независна Македонија, меѓутоа во поглед на националниот карактер на македонскиот народ, организацијата е блиска до погледите на Иван Михајлов и неговите приврзаници и ја брани тезата за бугарското потекло на македонските Словени.[1] По распаѓањето на Југославија во 1991 година, МПО ја поддржала Република Македонија како независна држава и организирала кампањи во САД и Канада за нејзина заштита. Поранешен традиционален идеен противник на организацијата бил Македонскиот народен сојуз.

По 1990 година во МПО започнува да се зголемува влијанието на оние кои сметаат дека постоењето на македонската нација е реалност и организацијата постепено ги напуштила поранешните позиции според кој македонскиот народ е составен од Бугари, Грци, Албанци, Турци, Роми итн., односно македонскиот народ не претставува национална посебност.[се бара извор] Оние кои се залагале за национална посебност на македонскиот народ врз културна, историска и етничка основа ја презеле организацијата. Пробугарските клонови на организацијата честопати се подложени на напади или се исклучуваат од неа. Така на пример Македонската патриотска организација се разликува од МПО "Љубен Димитров", Торонто, предводена од Георги Младенов и издава свој весник "Македонска трибина" со пробугарски позиции.[2]

Македонската патриотска организација е најстарата организација во Северна Америка, која обединува Американци и Канаѓани со потекло од Македонија. Гранки на МПО се создавале и во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка.

Белешки

уреди
  1. The Macedonian Conflict: Ethnic Nationalism in a Transnational World, Page 87 by Loring M. Danforth.
  2. МПО „Любен Димитров" подкрепя пробългарски позиции, но не е призната за легитимна от борда на директорите на МПО. Нейният печатен орган „Македонска трибуна" е различен от официалният „Македонска трибуна". Архивирано од изворникот на 2013-12-15. Посетено на 2011-10-05.