Деметер Фурнаџиев

Деметер Фурнаџиев, понекогаш пишан како Димитар или Деметриус Фурнаџиев (англиски: Demeter Nicholas Furnajieff или Demetrius Nicolas Furnajieff; Банско, 1866Софија, 30 јануари 1944) — американски македонски активист, презвитеријанист и теолошки пропагатор со потекло од Пиринска Македонија.[1] Низ неговиот живот тој организирал различни говори за страдата на македонскиот народ под турското ропство. Тој е еден од најстарите емигранти во САД. Според некој наводи фамилијата на Фурнаџиев потекнувало од Дојран.[2][3]

Деметер Фурнаџиев
Слика од Фурнаџиев во еден од неговите реклами за неговиот семинар
Прекар„Фурни“ (прекар добиен од колегите кај неговиот факултет)
Роден(а)Димитар Николов Фурнаџиев
1866
Банско, Пиринска Македонија
Починал(а)30 јануари, 1944 (78 г.)
Софија, Царство Бугарија

Животопис

уреди

Роден во градот Банско со името Димитар Николов Фурнаџиев во сиромашна православна фамилија. За време на 1890-тите емиграл од неговиот роден град во Њу Џерси за повисоко ниво на образование. Во 1891 година се запишал во истакнатиот универзитет Принцтон. Кога бил таму го добил прекарот „Фурни“.[4] Таму бил еден од поистакнатите ученици. Во рани години почнал да задржува говори за суровите услови на македонскиот народ, еден од неговите постари говори бил познат како „Турската опресија на Македонија“, говорот бил задржан во црква кај Њу Јорк.[4] Кога учел во Принцтон неговиот дом бил во улица „166 Насау“.[5] Во 1893 година организирал говор со насловот „Младите луѓе на Македонија“.[6] Во 1894 година во Харисбург, Пенсилванија организирал говор со насловот „Сегашните социјални, политички и религиозни услови во Македонија“ и во 1895 година завршил со универзитетско образование.[7][4]

Во 1898 година се оженил со Зорица Форнаџиева (момиско: Караиванова). Со нејзе заедно во 1899 година се преселиле во Ќустендил за кратко трајно време. Во тоа време исто така работел како поп во Хасково, Пловдив и Софија.[8] Таму работеле до крајот на Илинденското востание, во 1903 година заради неуспехот на востанието тие одлучиле да се вратат пак во Охајо.[4] Заради суровите и тешките последици на македонскиот народ после востанието Фурнаџиев одлучил заедно со неговиот соработник којшто исто така бил американски Македонец Марко Попов да патуваат низ Њујорк за да собераат пари за сите македонски емигранти во Бугарија.[9][10] Некој градови имале повеќе прироритет од другите, како пример тие исто така собирале пари за да им помогнат на тие во Битола.[11] Во неговите говори тој наведил дека имало околу 250.000 Македонци во Бугарија и дека секој град во Бугарија имало големо македонско малцинство.[12][13]

Во тие говори Попов истакнал:

„Многу е тешко за американскиот народ да ги разберат ужасните услови во Македонија. Јас бев сведок пред две-три недели, до одредено ниво тие неможат да се изразат со зборови како беше во манастирот Рило. Стотимина емигранти внатре ги чувале поповите и свештениците, додека илјади други чекале за влез внатре, ако ништо не направиме многумина луѓе ќе умраат“

— Марко Никола Попов, [4]

Во 1904 година Фурнаџиев почнал да патувал околу САД заедно со американскиот Македонец Константин Стефанове со цел да собирале пари за заробените Македонци. Во неговите говори истакнал дека ако не им помогнеле на Македонците тогаш Македонците, Србите, Бугарите и Грците под турско ропство би биле убиени од страна на Отоманската држава. Фурнаџиев понекогаш соработувал и со американски свештеници, како Чарлс Вуд и Флојд Томкинс од Филаделфија. Со ново собраните пари повторно се враќа во Ќустендил во 1905 година, кога бил отсутен од САД неговата жена одлучила да продолжила со неговите говори.[4] Во 1911 година со директно одобрување од бугарската влада, Фурнаџиев станал главен на првата евенгелистичка црква во Бугарија и станал официјален претставник на протестанските цркви во Бугарија.[14][15] Тој исто така станал главен водач на тогашното ново формирано бугарско евегелистичка алијанса.[16]

Кога почнале балканските војни Фурнаџиев бил во Вајмарската Република, тој после патувал во Велика Британија и кон Балканскиот полуостров. За време на војните Фурнаџиев бил даден уникатна привлегија којшто му овозможувал да биде неутрален набљудувач за време на битка.[17][18] Фурнаџиев ја користил привлегијата за да ги анализирал условите на Македонците и да ги соопштил американските Македонци. За време на војната Грција жирела пропаганда дека тие ги бранеле муслиманското малцинство во Дојран и дека српската и бугарската војска ги убивале, заради уникатната улога на Фурнаџиев тој имал можноста да ги потврди тие најави, кога го посетил градот открил дека најавите на грчкиот крал биле лажни и му го дал прекарот „кралот на сите лажги“.[2] Во 1914 година со крајот на балканските војни но пред почетокот на првата светска војна се вратил во САД.[4]

Кога се вратил во САД, тој заедно со неговата жена продолжиле да организираат говори за суровите услови на македонскиот народ, конечно прекинувајќи и пензионирајќи во 1931 година. Низ неговиот живот тој задржал над 45 говори во различни факултети, универзитети, цркви и катедрали. Низ неговата кариера имал собрано над 10.000 луѓе за време на неговите говори. Во 1931 година откако се пензионирал се вратил кај Бугарија, и останал таму до неговиот смрт. Во Бугарија почнал движење за подобра соработка помеѓу бугарската православна црква и српската православна црква но никогаш не доведела во успех. Во 1944 година починал, имал две деца.[8]

Наводи

уреди
  1. Presbyterian Church in the U.S.A. (1896). Minutes - United Presbyterian Church in the U.S.A. Presbyterian Board of Publication, by the Stated Clerk. стр. 197.
  2. 2,0 2,1 El Paso herald., September 13, 1913, Week-End Edition, Real Estate and Too Late to Classify, Image 10
  3. The Ogden standard. [volume], September 13, 1913, 4 o'clock p.m. City Edition, Page 9, Image 9
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Синадиноски, Виктор. Macedonians in America, their lives and struggles during the 20th century (PDF). стр. 23–27.
  5. Princeton University (1892). General Catalogue. The University. стр. 171.
  6. The Advocate of Peace. 1914. стр. 255.
  7. Imbrie, Andrew (1895). Princeton Ninety-Five, a record of the class from 1895 to 1900 (PDF). Princeton University. стр. 15.
  8. 8,0 8,1 Радиќ, Радмила (2019). The mission of the YMCA in the kingdom of Yugoslavia (PDF). Белград: Институт за современа историја на Србија. стр. 51. ISBN 978-86-7005-161-4.
  9. Daily Kennebec journal. [microfilm reel], October 26, 1903, Page 2, Image 2
  10. The Wichita daily eagle. [volume], November 01, 1903, EDITORIAL SECTION, Page 24, Image 24
  11. Evening star. [volume], November 16, 1903, Page 12, Image 13
  12. Der Deutsche correspondent. [volume], November 10, 1903, Image 4
  13. SUFFERING IN MACEDONIA; Bulgarian Clergymen Arrive Here to Seek American Aid. Thousands of People Perishing from Cold and Hunger -- Fugitives Desperate, Insurgents Determined. (1903) од Њу Јорк Тајмс
  14. Фурнаџиев, Деметер (април 1931). A United Evangelical Church in Bulgaria (PDF). THE CHRISTIAN UMON QUARTERLY. стр. 325–327.
  15. Вилијамс, Џеси (1913). Princeton Alumni Weekly. Princeton University Press. стр. 190.
  16. Фурнаџиев, Деметер (1910). „A Rare Opportunity“. Defiance College.
  17. „TWO WARS: THEIR SIGNIFICANCE, Rev. D. N. Furnajieff on Present and Balkan Strifes Tonight“. The Crimson. 18 ноември 1914.
  18. „PASTOR FURNAJIEFF TO TALK ON EUROPEAN WAR“ (PDF). The Wesleyan Argus. 16 ноември 1914.