Александар Караѓорѓевиќ (син на Александар II Караѓорѓевиќ)
Александар Караѓорѓевиќ 15 јануари 1982 во Вирџинија) е син на принцот Александар II Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Марија да Глорија од Орлеан и Браганца, и внук на последниот крал на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ. Тој има брат близнак, Филип.
Александар Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Династија | Династија Караѓорѓевиќ |
Татко | Александар II Караѓорѓевиќ |
Мајка | Марија да Глорија од Орлеан и Браганца |
Кога имал две години, тој заедно со својот брат биле испратени во Лондон. Во 1990 година, тие таму го завршиле основното училиште, а во 2000 година, завршил гимназија. По ова, тој се запишал на факултет во Шпанија.
Зборува англиски, шпански и француски, а го усовршува и српскиот јазик.